НИКИЦА КОРУБИН
Во вакви услови кога ниту еден закон во областа на заштита не се почитува и кога сме на прагот да го изгубиме Охрид,владата излезе со предлог за изградба на луксусен комплекс во Љубаништа – во последните шест години трет намерен потег на актуелната влада кој директно ќе предизвика негативни последици на светското културното и природното наследство на Охрид!
,,Писмото,образованието и словенската култура-сето ова се шири од Охрид во периодот од 7-19 век.Тоа е културен центар од огромно историско значење не само за овој дел од балканскиот полуостров,туку и за сите народи со словенски мајчин јазик,како и за светската историја и литература со сочувани скапоцени ракописи и други реткости.Овој град и неговиот историско-културен регион се сместени во природен амбиент со исклучителна убавина,додека неговата архитектура претставува најдобро сочувана и најкомлетна целина на стара урбана архитектура на тлото на словенските земји,,.
Ова е првиот пасус од подолгото образложение содржано во описот на Охрид при впишувањето на Листата на светско прирородно и културно наследство во 1979година.Како интегрирано светско природно и културно наследство неговите граници го зафаќаат просторот на Охрид,Струга,Дебарца и Националниот парк Галичица.Впишувањето на Охрид на Листата, ја обврзува државата на потпишување и доследно спроведување на одредбите од Конвенцијата на УНЕСКО и на сите други акти кои произлегуваат од неа,односно државата се обврзува на создавање услови за пронаоѓање,заштита,популаризација и унапредување на неговата остојба, пренесување на идните генерации на неговите исклучителни вредности како дел од општото наследство на целото човештво и особено спречување на активности кои негативно влијаат врз неговите исклучителни вреднсоти …Државата исто така е обврзана на поднесување периодични извештаи за состојбата на светското културно наследство, но има и можност да побара стручна и финансиска помош од УНЕСКО.Според официјалниот сајт на УНЕСКО,од страна на државата досега не е поднесен ниту еден извештај за одредени промени во структурата на целината ,ниту пак е укажано на некои зафати како потенцијална опасност за нарушување на оригиналниот баланс на регионот карактеристичен за 1979 година кога е впишан во Листата.Нарушувања на оригиналниот баланс на регионот за прв патс се забележани во 1989 година при мониторинг мисијата на заедничка комисија составена од членови на UNESCO-ICOMOS-IUCN,прва од ваков вид после 1979година.Во извештајот на комисијата е забележано дека во Струга е сериозно нарушен оригиналниот баланс на регионот со огромниот пораст на градежни зафати и проширувањето на градот со нови десет приградски населби. Исто така , е содржан пакет со препораки до владата меѓу кои и потребата за изработка на посебен закон за Охрид како интегрирано светско природно и културно наследство. Во заклучоците е побарано владата да поднесе званичен одговор на забелешките најдоцна до 15,април 1999година,кој ќе биде разгледан на дваесет и третата сесија на бирото на УНЕСКО.Не успеавме да дознаеме каков бил одговорот на тогашната влада,но според зафатите кои токму во оваа година беа преземени на Плаошник очигледно или не било одговорено на барањето или не биле информирани од Националната комисија на УНЕСКО за очекуваниот одговор.Сосема спротивно, владата формира Одбор за возобновување на Светиклиментовата црква на Плаошник,зафат кој во 2007 година е наречен Плаошник I, во однос на новиот проект Плаошник II, -,,Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник,,.И овој пат владата формира одбор како поткрепа за реализација на проектот предводен од актуелниот ректор на УКИМ проф. д-р Ѓорги Мартиновски а членови се тогашниот претседател на МАНУ Цветан Грозданов,академиците Георги Старделов,Петар Христо Илиевски,Крум Томовски,митрополит Тимотеј,проф.Вера Битракова Грозданова,Лазар Шуманов претседател на ИКОМОС,Елизабета Канчевска Милевска,државен секретар во Министерството за култура и Паско Кузман,директор на Управата за заштита на културно наследство и коодринатор на проектот Надлежна институција за реализација на проектот е НУ Завод и Музеј Охрид,а за проектот кој е целосно финансиран од владата се обезбедени 1.000.000 евра ( динамика 2007-2009година).
Бидејќи станува збор за локалитет кој припаѓа на светско културно наследство во интерес на јавноста го предаваме и образложението за значењето на проектот..,,Овој проект има специфична културно-историска мисија: да изведе хронолошка симбиоза на Светиклиментовиот дух и време со современието на 21 век и да го оживее реалитетот на на Светиклиментовата дејност:спојување на на црковното и световното живеење и работење на просторот од Универзитетот.Во возобновените објекти ке бидат сместени културни и научни центри,Светиклиментова книжевна академија со богата библиотека,галерија на икони,теолошки центар и др.Целокупниот изглед ке мора да биде во една кохезиона архитектонска складност со цитаделата-Самуиловата тврдина на север и комплексот Св.Јован Канео на југ,,.
По втор пат во историјата на заштита во Македонија се вметнува терминот “возобновување” за изградба на целосно нови објекти на постоечки археолошки локалитет кој припаѓа на старото градско јадро на Охрид како интегрирано светско природно и културно наследс во.Светстката историја на заштита не познава пример на изградба на нови објекти на археолошки локалитет воопшто , а најмалку може да се очекува тоа да се прави со одлука на влада која според Конвенцијата на УНЕСКО(1972) ,,се обврзува дека нема намерно да презема никакви мерки кои директно или индиректно ќе предизвикаат негативни последици на културното и природното наследство ,,.Ваквата одлука на нашата влада е во спротивност и со други конвенции кои ги има потпишано и ратификувано нашата држава ,како што е Ревидираната конвенција за заштита на археолошкото наследство на Европа, Валета, 1992 (на сила од 1995), што Македонија ја потпишала и ратификувала на 6.2. 2006, а стапила на сила на 7.8. 2006.Според оваа конвенција земјите потписнички,, се обврзуваат на воспоставување заштитени археолошки резервати,дури и кога нема видливи остатоци на земја или под вода заради зачувување на материјалните докази кои ќе ги проучуваат следните генерации,, . Во овој контекст треба да се спомене и познатата Icomos Charter(1990) за заштита на археолошкото наследство и препораките тоа да се конзервира in situ , со вклучување на политика за долгорочна конзервација и грижа за податоците и колекциите. Во меѓународните конвенции и во домашното законодавство од оваа област постојат многу рестриктивни одредби во однос на реконструкцијата,па одовде зачудува фактот како првиот човек на Управата ,на Плаошник координира активности кои се нелегални.Имено ,доколку се има предвид рестриктивноста на одредбите за реконструкција на откриени објекти на археолошки локалитет, како е возможно првиот човек на Управата да застане зад проект на ,,возобновување,, на непостоечки објекти, доведувајќи го свесно во прашање опстанокот на Охрид на Листата на светско културно наследство? Исто така зачудува и пасивноста на тогашниот претседател на Икомос , Лазар Шуманов,бидејќи негова должност е да укаже на незаконитоста на дејствијата кои треба да ги подржи Одборот во кој членува.
Додека траат активностите на ,,возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник,,во 2010 година на предлог на владата собранието донесе Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион(сл.весник бр 75/2010).Според овој закон е предвидена Комисија за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион,како координативно и советодавно тело кое ќе гокоординира спроведувањето на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.Планот го изработува и доставува до владата надлежниот министер кој раководи со надлежната управа од областа на заштита на културно наследство и надлежниот министер кој раководи со управата од областа на заштита на животна средина.Според овој Закон, Управата за заштита на културно наследство и Управата за заштита на животна средина еднаш на секои шест години изготвуваат извештај за состојбата на светското природно и културно наследство кој го разгледува Комисијата.Рокот за формирање на Комисијата е три месеци ,, а за изработка на планот најдоцна шест месеци од влегување во сила на овој Закон.Но ,иако законот е во сила тој се уште не е во функција затоа што не е формирана комисијата ниту е изработен планот! Националните установи Национален конзерваторски центар и НУ Завод за заштита на споменици на културата и Музеј Охрид се надлежни за преземање заштитно конзерваторски мерки на светското природно и културно наследство.Додека се чека имплементацијата на овој Закон, на предлог на Министерството за култура,Собранието донесува друг закон,тоа е Законот за прогласување на старото градско на Охрид за културно наследство од особено значење,но поткатегорија големо а не исклучително како што стои во Законот за управување со Охрид како светско природно и културно наследство. Носењето на овој закон претставува уште еден намерно преземен чекор за загрозување на статусот на Охрид ,бидејќи целото градско јадро како целина , со сите вредности така добро опишани во подолгото образложение при уписот во Листата во 1979,кое овозможи во 1980 година кон природните критериуми да бидат внесени и културните, наеднаш е спуштено една категорија подолу! Наивно би било да се верува дека сето ова е направено заради промени во автентичната структура на целината , уште повеќе што такво нешто не се споменува во образложението.Сосема е прирордно некои делови од целината и поединечни објекти да бидат од големо значење но како се случило целото градско јадро да се прогласи за културно наследство од особено значење ,поткатегорија големо и како сега ќе се имплементира претходно донесениот закон за Охридскиот регион без старото градско јадро на Охрид? Одговорот на ова прашање би можел да се побара во свесната намера Охрид да биде избришан од Листата и надлежностоите за негова заштита да останат само на Охридскиот завод и Музеј,односно целосно да се избегне Националниот конзерваторски центар , надлежен за културното наследство од исклучително значење.Не случајно ниту еден спменик во Македонија не е ревалоризирак како културно наследство од исклучително значење.Единствено Охрид , по сила на Конвенцијата на УНЕСКО требаше да биде во надлежност на Националниот конзерваторки центар.
Во вакви услови кога ниту еден закон во областа на заштита не се почитува и кога сме на прагот да го изгубиме Охрид,владата излезе со предлог за изградба на луксусен комплекс во Љубаништа – во последните шест години трет намерен потег на актуелната влада кој директно ќе предизвика негативни последици на светското културното и природното наследство на Охрид! Наведените факти произведуваат редица многу сериозни заклучоци кои се однесуваат на самата држава во целина, институциите и органите, а со тоа и граѓанската јавност, граѓаните на РМ кои се титулар на културното наследство, но и меѓународните организации и јавност каде што припаѓа посоченото културно наследство. Бидејки не станува збор за обични грешки или немарност, смислата на “грешките“ јасно се оцртуваат во концептот пројавен од 2007г до денес, со кој се редефинира културното наследство со терминот (измислен и праксеолошки) “заштита и рекреација на културното наследство“. Овој термин се наоѓа во буџетите за 2007,2008 и 2009 година во разделот за заштита на културното наследство каде државата финансира проекти со историско и идентитетско значење кое видно се разликува од карактерот на на постојното богато културно наследство во РМ.
Првото прашање кое веднаш се наметнува е: кој има право да го рекреира културното наследство? Одговорот е: НИКОЈ. Заради тој ноторен факт рекреацијата е изведена вон Закон. Но во случајот со Охрид, рекреацијата наидува на сериозни пречки, не во домашните закони кои не ги спроведува, туку во меѓународните конвенции и прописи на ОН. Членка на ОН не смее да рекреира културно наследство, ни свое ни туѓо, бидејки е обврзана да го заштитува како светско културно наследство со универзално значење. Посегнување по културно наследство како примерот со Плаошник каде е уништен локалитет од исклучително значење за да се рекреира “универзитет“ кој е обична новоградба ќе има далекусежни последици по угледот на РМ.
Идеата за рекреација открива и разобличува една несвесна идентитетска психа (манија)која се окомила против сопственото културно наследство кое не е по волјата на “концептот“. Деструкцијата на културното наследство е со умисла, бидејки финансирањето на рекреацијата значи нефинансирање во заштитата, факт кој е потврден со извештајот за состојбата на спомениците на културата изготвен од страна на ЦКН.
Планираните градби во Љубаништа скрнават и девастираат древно и свето место, бидејки се во околината на манстиррот св. Наум. Луксузните и футуристички објекти во непосредната околина на манастирот ќе бидат негација и на свтоста и на културата, а понатака негација на меѓународните конвенции и самоизолација на РМ.
(plusinfo,12.09.2013)