Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КРЕДИТИ: ИСТОРИСКИ ПИК НА СТАНБЕНИТЕ КРЕДИТИ

December 9, 2025 Filed Under: Македонија

Граѓаните должат 1, 7 милијарди евра по овој основ,  побарувачката и натаму ќе расте

ПРАВИЛО Се додека има побаруувачка за нови станбени квадрати, цената ќе расте

АНЕТА ДОДЕВСКА

Побарувачката за станбени кредити ќе се расте до крајот на оваа банкарска година. Во октомври,, на годишно ниво станбените кредити се зголемиле за дури 16,1%.  Вкупната кредитна задолженост на домаќинствата надмина 4,4  милијарди евра пишува Порталб.   На крајот на октомври компаниите пак во банките биле задолжени со 4,2 милијарди евра. Банкарите навестуваат можно заострување на кредитните услови.

Кредити за домаќинства – можно заострување на кредитните услови ..

Банкарската 2025 та за граѓаните ќе заврши со заострени кредитни услови. Во третото тромесечје банкарите изјавиле дека условите за одобрување бил олеснети, но ова темпо нема да се одржи до крајот на годината. Според извештаите на банките, за олеснување на условите за станбените и за потрошувачките кредити влијание имале каматната стапка, хипотеката, провизиите.

За четвртиот квартал од 2025 година, банките очекуваат нето-заострување на кредитните услови кај вкупните кредити на домаќинствата. банките укажуваат дека сите фактори придонесуваат за нето-олеснување на кредитните услови кај станбените и потрошувачките кредити, при што најголем придонес има факторот „конкуренција од други банки’ – се наведува во Анкетата на НБМ.

Новата aнкета покажува дека значајна промена во оценката на банкарите за влијанието на монетарната политика  па така  ако претходно половина од банкарите оцениле дела НБМ нема влијание врз каматната политика за домаќинствата, сега  ниту една банка не дала ваква оценка. Банките и покрај тоа што навестуваат заострени кредитни услови за домаќинствата, очекуваат побарувачката да расте и тоа кај станбените кредити.

“Во четвртиот квартал од 2025 година, банките очекуваат натамошно, но поумерено нето-зголемување на побарувачката на вкупните кредити од страна на домаќинствата“ – наведуваат од НБМ.

На крајот на октомври граѓаните во банките по основ на сите кредити должеле 4,4  милијарди евра и задолженоста во однос на септември е зголемена за 0,8% додека на годишно ниво растот изнесува 10,6%.

 

Кредитна задолженост ( октомври 2025)

 

Кредити на домаќинства     4 402 663 000

-станбени кредити                1 718 000 000

-потрошувачки кредити       2260 780 000

Кредити на компании           4 251 200 000

Извор : НБМ

 

Зголемена побарувачка за станбени  кредити…

 

Највисоката кредитна задолженост на домаќинствата е по основ на станбени кредити –  на крајот на октомври надмина историски 1, 7 милијарди евра и само за еден месец сумата е зголемена за 19 милиони евра. Станбените кредити имаат и највисока стапка на раст во однос на другите кредити, на месечно ниво за 1,1 % а на годишно за дури 16,1%.

Банкарите лоцираат повеќе причини зошто граѓаните и покрај високите цени, посегнуваат по “инвестиции“ во недвижности, пред се во купување на станови. Па така се наведува влијанието на „перспективите на пазарот за станбена изградба“, „очекуваните промени кај цените на становите“, „инвестициите во еколошки проекти“.

“По подолг период (односно од крајот на 2023 година) ваков придонес повторно има и факторот „заштеди на домаќинствата “ – наведуваат од НБМ.

Интересно е дека побарувачката за станбени кредити е во пораст и покрај тоа што и натаму  се зголемува цената на квадратен метар – за дури 25,1% во споредба со вториот квартал.

“Во третиот квартал од 2025 година, се забележува забрзување на растот на цените на становите , коишто се повисоки за 25,1% на годишна основа (19,9% во претходниот квартал)“ – се наведува во Извештајот на НБМ.

Кредитната задолженост на компаниите надмина 4,2 милијарди евра …

На крајот на октомври корпоративниот сектор односно компаниите во банките должеле 4,25 милијарди евра и оваа сума во однос на септември се зголемила за 0,4%. Банкарите очекуваат дека во последните три месеци од годинава побарувачката на кредити од страна на компаниите ќе биде зголемена а најголем удел ќе има потребата од инвестиции.

“Факторите: „инвестиции во основни средства“, „инвестиции во залихи и обртен капитал“ и „инвестиции во еколошки проекти“ придонесуваат за нето-зголемување на кредитната побарувачка, додека останатите имаат неутрален ефект“ – се наведува во Анкетата.  Интересен е податокот дека просечната каматната стапка за новоодобрените кредити за компаниите на крајот од септември изнесувала 4,36% и таа е зголемена на месечно ниво.

 

Просечна камата

 

Вкупни кредити 4,85%

-домаќинства     5,24%

-компании           4,46%

Извор: НБМ

Просечната каматата пак за новите кредити за домаќинствата изнесувала 4,61% и на месечно ниво бележи пад. Банкарската 2025 та завршува со сеуште “затегната“ монетарна политика поради што во текот на годината беше забележано позабавено намалување на каматните стапки за кредитите.

Filed Under: Македонија

БРИТАНИЈА ГО РЕШАВА СВОЈОТ НАЈГОРЛИВ ПРОБЛЕМ, НИЕ СИ НАТОВАРУВАМЕ ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ СО НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ
ЕКСПЕРТОТ ЈОВАНОВИЌ ЗА РАСТОТ  НА ПДП-ТО: ИМАМЕ НАВОДНО ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ А НАРОДОТ ВИ ГЛАДУВА ИЛИ ТЕШКО ВРЗУВА КРАЈ СО КРАЈ!
ДУБРАВКА СТОЈАНОВИЌ, ИСТОРИЧАР: СРБИЈА Е ВО СОСТОЈБА НА РАСПАЃАЊЕ, ФАШИЗМОТ Е НУЖНА ПОСЛЕДИЦА
„ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ КАДЕ И ДА ОДИ ДОБИВА НАГРАДИ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (156): ШТО ЗНАЕЛЕ ГЕРМАНСКИТЕ СЛУЖБИ ЗА ЛИДЕРОТ ОД КРЕМЉ?

Најново

  • БРИТАНИЈА ГО РЕШАВА СВОЈОТ НАЈГОРЛИВ ПРОБЛЕМ, НИЕ СИ НАТОВАРУВАМЕ ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ СО НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ
  • ЕКСПЕРТОТ ЈОВАНОВИЌ ЗА РАСТОТ НА ПДП-ТО: ИМАМЕ НАВОДНО ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ А НАРОДОТ ВИ ГЛАДУВА ИЛИ ТЕШКО ВРЗУВА КРАЈ СО КРАЈ!
  • ДУБРАВКА СТОЈАНОВИЌ, ИСТОРИЧАР: СРБИЈА Е ВО СОСТОЈБА НА РАСПАЃАЊЕ, ФАШИЗМОТ Е НУЖНА ПОСЛЕДИЦА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet