БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Секој ден исфрламе по некое зрнце од преостанатиот разум. Како страно тело.
Македонија е радикално оглупавена земја.
По две основи: Глупавоста е раширена и меѓу луѓе и цели слоеви кои до вчера не беа глупави и, второ, глупавоста ја оставивме да се наметне како општествено доминантна категорија, како болна сосотојба на духот, како факт кој го диктира општиот дискурс. Секој што денеска или утре или по сто години ќе ја проучува Македонија врз основа на дебатните и контактни емисии, врз основа на работата на Собранието, на пресовите и интервјуата на Жмицко, врз основа на македонскиот рокенрол и забавните песнички или по филмовите на Дарко Митревски, Теона и Клеопатра, ќе заклучи дека на почетокот на третата деценија на 21 век Македонија била прилично, до радикално заглупавено општество, со совршено изкривени погледи врз себе и врз светот и со искривени панорами на своите непосредни и долгорочни песрспективи.
Но, се поставува прашањето: може ли вака заглупавено општество да се трансформира во радикален политички концепт. Да тргне, да речеме, да следи едно брадесто говно кое вика или дава на знаење дека Албанците, егејците, нато, тајкуните, власта, некои на национална, а други на социјална основа, сите заедно на идентитетска, им ја ебаваат мајката на Македонците и не им дозволуваат да ја остварат својата среќа во сопствената држава?!
Може ли да се радикализира така што спасот од “антимакедонската македонскоалбанска коалиција што ја обезбедува нато”, ќе го побара во говното.
Јас мислам-не!
Макар што една анкета покажа дека се може да биде можно.
Ако анкетата се прави со таква намера.
Јас повеќе верувам дека може да се комедијализира.
Не да се радикализира.
Типот за кој тука станува збор и денеска повеќе личи на мистер Бин и на малиот Ѓокица, отколку на Мусолини. Или на Милошевиќ. На младиот Адолф. Признајте дека ве фаќа смеа кога ќе се рече дека Македонија стравува да не и се случи Јосиф. Не од Назарет туку од Москва.
Кој ќе и даде на бригадата на нато од Куманово 25 минути да ја напушти Македонија, а Заев и Груби ќе ги прати компир да садат во логорот за превоспитување во Криволак. Со се Тричковски, нормално, со тоа што јас би садел марихуана.
Македонија е убаво место за карикатуризација на сериозните проекти што ги лансира светот, од рокенролот, до спортот и високата политика, од архитектурата, до поезијата.
Скопје 2014 не не радикализира туку не карикатуризира, преродбата не не радикализира туку не идиотизира, вмро не не ослободи радикално од комунизмот бидејки немаше од што да не ослободува туку не направи робови на самите себе, Љубчо и МАНУ не го радикализираа решавањето на националното и државно прашање со поделба на Македонија, туку не турија на сите квизови за заебавање, крвавиот упад во собранието и исфрлањето на опозицијата низ оџаците на параламентот не ја радикализираа Македонија туку ја декапацитираа, антиквизацијана не ја радикализира туку ја курташктизира. Итн.
Според тоа, брдестото говно може само да ја усмрди Македонија, но политички да ја радикализира-не.
Меѓу другото затоа што говното не е органско туку е лабораториско. Не смрди природно, туку смрди според очекуваните очекувања на нацијата. Вештачко говно. Целото во поза. Во тоа да се јави. Како зурлаџија кој по концертот на Брамс се вклучува во стручната дискусија со ставот дека фрулите доцнеле во третиот став. И дека ќе ги затвори сите симфоничари. Со се Абато. Научена парада. Јас ќе го избркам злото што ве унесреќува. Ќе фатам риби и ќе ве нахранам. Ќе ги убијам тие што ви ги земаат парите и работните места. Националното достоинство. Јас ќе ве поведам во кристлната ноќ во која ќе им ги скршиме банките и дуќаните на смртните непријатели. На Бугарите ќе им ја ебеме мајката, шиштарите ќе ги претопиме во сапуни, циганите ќе ги испратиме во логори, Македонија на Македонците, богатите ќе бидат сиромашни, да видат како е, сиромашните ќе бидат богати.
Форевер.
Сме го гледале ова во милион филмови. И знаеме како завршува таму кај што има почва да се фати и да никне, да даде плодови. Во Македонија тоа е само еден меур во сапуницата на бесмислата во која се претвораме без оглед на говното.
Но, има нешто друго.
Две работи:
Прво, македонската комуникација со себе, таа невидена глупантропност, примитивност, озлобеност исполнети со некоја чудна радост и страст бо несреќата, во болеста, ја водат не во инсталација на фашистички режим, туку во демонтажа на квазидемократскиот, во бавна или побрза, демонтажа, во која од бараката отпаѓаат некои греди, па некои ѕидови итн. за на крајот да остане плацот, територијата на која допрва ќе се решава што да се прави и гради. Говното за кое тука говориме е елемент на тој распад. На концентрацијата на дивизиите на лудаците во големата телевизиска и фејсбуковска битка против нормалноста, за уништување на оваа, со сите слабости и маани, фино државиче. Поголемиот дел,од тие сератори, можеби, немаат лоша намера, тие, можеби, дури и сакаат да ја спасат Македонија, но нивната добронамерност е како добронамерноста на короната кој има интерес белите дробови на пациентот да се во добра состојба за да има што да јаде.
Преостанатата нормалност мора да ја преземе контролата врз јавната дебата.
Тоа е најважната работа.
Другари и другарки, дами и господа.
Никаква демократија не смее да си дозволи да биде убиена врз основа на демократското,право на убијците. Кои во овој случај се лудаци.
Второ, политичкиот систем со вмро и сдсм е прилично компромитиран. Дури, би рекол, дека е пред исцрпување. Ако сдсм не може или не сака да го,организира општеството за да го отерааат злото у пизду материну, ќе ја засили потребата од нови констелации, ако реши да го победи, пак ризикува да ја доведе во прашање својата позиција. Заебана ситуација.
На времето се залагав за радикална промена на тој систем.
Но сега сметам дека тој е најмалку лош. Дека немаме потенцијали, капацитети, луѓе и, што е најважно, време за нешто ново. Сега. Во блиска перспектива- да, на тоа треба да се работи, но пред тоа треба да се работи на тоа да се спречи, делегитимацијата на државата во очите на граѓаните, преку напорот на луѓето кои мислат дека се борат против Заев, и хаосот кој од тоа може да произлезе.
Среќна Нова година