Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КРИВИЧНА ЗА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ И „БАНАНА ФИЛМ“ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЈА ПОЧНА ПОСТАПКАТА

May 27, 2025 Filed Under: Ревија

Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“

МИЛЧО МАНЧЕВСКИ Озборувањата долго траеа – одамна требаше да се знаe дали режисерот е виновен или не!

Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм.

Пријавата од финансиската полиција се однесува и на уште еден предмет со финансиски импликации по државниот буџет и се однесува на одделни финансиски трансакции преку овдешната фирма на Манчевски, преку „Банана филм“ неговата компанија регистрирана во Њујорк, САД.

За финансиските „активности“ на Манчевски и неговата „Банана филм“, своевремено, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.

Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“.

Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водеше истрага за сомнителни трансакции на 950.000 евра на „Банана филм. Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства и случајот го препрати до во Јавното обвинителството.

Изминатиов период, по реакциите на Агенцијата за филм каде што Манчевски требало да се оттчита за потрошените државни пари, да поднесе извештај како што тоа го налагаат Законот и актите на Агенцијата, повеќе медиумски трагаа по одговорите за евентуалните финансиски злоупотреби на режисерот Милчо Манчевски, се обидоа да го расветлат случајот детално пренесувајќи аргументирани и документирани податоци кои упатуваа на финансиски злоупотреби во работата на „Банана филм“. Некои укажувања се однесува конкретно на работата на неговите филмови „Врба“ и „Мајки“.

Конкретно, за финансиското работење на „Банана филм“ за потрошени 950.000 евра за кои Манчевски и неговата фирма не доставиле извештај во Агенцијата за филм, како и за паричните трансакции на „Банана филм“, продукцијата на Манчевски, која парите ги насочувала кон неговата компанија во Њујорк, САД, исто така беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.

Тогаш медиумите регистрираа повеќе обиди за попречување на истрагата. Пренесуваа активности на режисерот Манчевски во насока на манипулирање на дел од државните институции како Антикорупциската и на дел од невладините организации чија тема на ангажирање е корупцијата.

Режисерот Милчо Манчевски е корисник на Национална пензија што државата ја доделува на заслужни уметници.

(Извор: НОВА)

 

Filed Under: Ревија

ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА
НАБИТА СУБИОТО: СО РАБОТА И ЉУБОВ 40 ГОДИНИ ЈА ОДРЖУВАМЕ МАКЕДОНИСТИКАТА  ВО СЛОВЕНИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (130): МОСКОВСКИТЕ ШПИОНИ ОДАТ СЕ ПОДАЛЕКУ

Најново

  • ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
  • ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet