Се работи за Саше Најдески, ВД директор на Комуналец Охрид и близок соработник на Пецаков
Против Саше Најдовски и уште други три пријатели МВР поднела кривична за злоупотреба на службена должност. Екипата го оштетиле охридски комуналец во корист на Нефи Усеини. На ден 13.03.2024 година СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 од КЗ ” и “Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” чл.275-в од КЗ.
Имено С.Н. во својство на вд. директор на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид и С.М, И.О и Т.Р во својство на членови на комисијата за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека ценат на единствената понуда за набавка на работна машина – булдужер е повеќекратно ( до 5 пати) повисока од пазарната вредност на истата, на ден 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице “НЕФИ ИК” ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид за сума од 3,3 милиони денари.
Охридскиот советник Нефи Усеини поднел оставка во Советот на Општина Охрид. Ова за „А1он“ го потврдува претседателот на Советот, Сашо Донев. Оставката доаѓа една и пол година по добивањето вторпат мандат тој да ги претставува охриѓани. Оставката е поднесена поради, како што навел, лични причини.
Инаку, Усеини е бизнисмен и претседател и на разгранокот на ДУИ во Охрид, кој доби осудителна пресуда за претепување на својот колега од претходниот состав, Џемал Мена. Нему му се судеше и беше ослободен од вина во случајот за претепувањето на сограѓанинот Спиро Топаловски, а откако охриѓанецот го промени исказот и рече дека, всушност, не бил тепан.
Усеини е познат и по дивоградбата среде Охрид, која петта година никој не ја урива.
Четири години му требаа на охридското Обвинителство за да ја види дивоизградената тераса на Нефи Усеини во старото градско јадро на Охрид, кај Чинарот. Скоро половина деценија се проверуваше, чекаше, тактизираше, за сега, да се бара од судот да го осуди Усеини за бесправно градење. Обвинителството поднело обвинителен акт според кој, без одобрение, Усеини изградил покриен приземен деловен објект, со бетонска плоча, ѕидови фасада. Овој објект е кренат на државно земјиште.
„Обвинетиот се обвинува дека во непосредна близина на градскиот чинар, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, градел градба од втора категорија – покриен приземен деловен објект со носива метална конструкција, поставена на бетонска подлога-бетонска плоча, со димензии во основата од источната страна од 16,15 метри, од западната страна со димензии од 12,34 метри и од јужната страна со димензии од 11,99 метри, со изградени бетонски ѕидови, целосно затворен со фасадна обвивка, обложена со камени плочки, со монтирани стаклени излози, на источната страна на објектот со изведена настрешница за покривање на терасата“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Иако е дивоградба, засега ниту една институција не ја урива дивоградбата на Усеини, во која и ова лето се гоштеваа туристи и жители на Охрид. Уште во 2019 година, ексградоначалникот Константин Георгиески најави уривање, кое никогаш не се реализираше. Инспекциските служби од општинско и државно ниво си се прогласија ненадлежни. Едните тврдат дека обврската за уривање е кај Државниот инспекторат за градежништво бидејќи станува збор за старо градско јадро кое е заштитено, а државните инспекторат велат дека се ненадлежни и дека општинскиот инспектор треба да ја реши работата.
„Ве известуваме дека конкретната тераса согласно одредбите од Законот за градење не претставува градба од прва категорија, истата е категоризирана како градба од локално значење за што инспекциска постапка има поведено овластениот градежен инспектор при општината“, кажаа од ДИГУ за „А1он“ минатата година.
Пицеријата за која сега Усеини треба да одговара бидејќи ја изградил без одобрение, беше свечено отворена. На отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Ова не е единствена дивоградба на Усеини. Тој има и бетонска база која прво беше поставена на стариот пат Охрид-Струга, а сега е преместена во месноста Мауцхер, каде тој има сопствена парцела, која изминативе години ја купи од државата. Усеини како советник беше поврзан со низа скандали, тепачки, напади. Еден од нив е и нападот на сограѓанинот Спиро Топалоски, за кој доби ослободителна пресуда, бидејќи натепаниот тврдеше дека не бил тепан
Општина Охрид, во време кога со неа раководеше Георгиески, не знаеше кој ѕида без одобрение кај Чинарот. Откако „А1он“ објави дека тоа е Нефи Усеини, тоа подоцна го потврдиле и од општинскиот инспекторат. Одговорност и уривање на дивоградвата најавуваше и експремиерот Зоран Заев, но тоа никогаш не се случи.
Инаку, Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во Охрид