Притисокот врз Владата во оваа криза е страшен и речиси безмилосен. Така беше и во претходните кризи кога гледавме дневно повторување на она што се случи на 27 април 2017 година, меѓу другото и со постојаниот филибастеринг од двете десничарски партии во Парламентот. Екипата на Заев во време на здравствената криза и тимот на Ковачевски во последнава наликуваат на античкиот Лаокон кого го напаѓаат огриомните змии на најевтината демагогија
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дебатата која подолго се води околу мерките со кои Владата треба да одговори на постојаните барања за нови и нови мерки за енергенси, струја и парно наспроти „зимата која ќе се помни“ продолжува во недоглед. Пред се заради фактот дека кризата е побрза од било кои мерки. На тоа укажа во своето кусо, но сосема јасно излагање поранешниот министер за финансии д-р Никола Поповски, пред зградата на Владата. Минатата среда тој беше повикан заедно со други значајни имиња од науката и стопанството да се изјасни за мерките што ги готвеше екипата на Ковачевски. (Тоа е онаа средба на која Мицковски одби да дојде, веројатно соочен со својата „експертска“ инхибиција, бидејќи таму, на таа средба, нема однапред напишани прашања).
И еве што посочи д-р Поповски:
– ова не е македонска криза, туку светска и се знае од каде и со што е диктирана (војната во Украина, нели);
– мерките секогаш ќе бидат задоццнети, бидејќи, кризата е побрза со своите ефекти од нив;
– борбата со инфлацијата треба да се води доктринарно – треба да се избере пад на бруто производот, кој, кога ќе се смири инфлацијата, потоа ќе се зголеми лесно…
Овие негови реченици ги даваме во слободна форма, но неговите мисли беа преенсени лапидарно само од една тв станица, додека другите медиуми беа зафатени само со оние прилози со кои Владата се напаѓа континуирано, иако таа наликува на современ Лаокон која ја гушат двете змии – Перка и Карибеја (кај нас – опозиционата долгогодишна опструкција на работата на парламентот и медиумите). И онака имаме сериозен дефицит од научно фундиранио знаење ама истиот е потиснат до крај, да не речеме исчезнат од јавниотѕ дискурс, но ова се дилеми со кои се соочува и светот. Па и ние – постои огромен притисок врз владините администрации за разни видови помош и субвенции на одредени семејни трошоци или олеснувања за стопански субјекти. Нашиот Лаокон мораше веќе три години – и за време на здравствената криза која траеше од декември 2019 година, да поркива огромен конзум на субјекти, физички лица и правни субјекти. Оваа практика од една страна има своја логика, социјална да речеме, но од друга, според економската наука ова субвенционирање ги билда цените, бидејќи, остава широк простор за потрошувачката, во сите сфери. Познато е како се прави тоа. На пример се качуваат каматите во Народната банка, ова се реперкуира на побарувачката на кредити; ако нема кредити нема покренување на инвестициска потрошувачка и во тие услови некои производители ќе имаат полни магацини и ќе размислат и за намалување на цените… и така натаму.
Основата на размислата на д-р Поповски беше дека секој кој сака да се бори со инфлацијата мора да бира што е помало зло – да ги симне од грбот сега веќе оние со условниот рефлекс за барање помош од „големата цицка“ на државниот буџет. Екс-министерот Ѓунер Исмаил веќе во една емисија на Канал 5 спомена за бројот на оние компании кои добиле финансиска помош за да покријат испласта на плати за вработените за време на кризата со короната а тие пари едноставно си ги ставиле во џеб. Статиотиката го потврдува тоа! Дали истите нема да се јават пак за некакви субвенции. Веројатно – ќе се јават.
Деновиве гледаме дека откупот на млеко, на пример, од производителите е скокнат од 20 на 30 денари по литар. Во исто време истото во продавниците скокна со крајната цена од 46 денари по литар на 90 денари! Кај произведувачите цената на млекото скокнала за една третина. Скокот на цената во корист на оние кои комуницираат меѓу сточарите и купувачите е двојна. Значи за 100 отсто! И тие стопанственици денес, без срам, одново апелираат на добивање на помош, иако во нивните каси влетоа многу повеќе пари отколку што е висината на самата инфлација.
Има многу прилчини кои ја поттурнуваат инфлацијата кај нас. Проблемот што никој не ја гледа улогата на змиите Перка и Корибеја