Четирите автопати дел од коридорите 8 и 10Д, дел од договорот со „Бехтел и Енка“, со должина од 110 километри, треба да се завршат за 4 години, а нивната вредност е 1,3 милијарди евра. Кога претходната влада го промовираше пред две години, тогошната опозиција остро се спротивствани на овој проект, обвинувајќи за корупција од невидени размери, па ветуваше негова ревизија. Сега, тој станува нејзин главен приоритет
Екс-мнистерот Филипче, во мигот прв човек на СДСМ а сега како пратеник во Собранието го праша послдниот октомвриски ден Мицкоски зошто организирале промотивен настан со „Бехтел и Енка“ на траса од изградбата на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, кога ВМРО-ДПМНЕ на времето како опозиција биле против овој договор со американско-турскиот конзорциум. Алиито на премиерот беше дека неговата партија била против посебните закони.
И навистина и Владата на Мицковски и нивните медиуми 28 октомври го прогласија за историски ден, реален почеток на работите и остварување на сон – вака власта денеска го оцени почетокот на изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од коридорот 8, кој го гради американската компанија Бехтел и Енка.
На трасата дојде премиерот лично, во придружба на првиот вицепремиер, ресорниот министер и првиот човек на државни патишта, но и претставници од американскиот конзорциум, засилени со амбасадорката на САД во земјава. Видно задоволен, министерот Александар Николовски вели дека со ова се решава најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид.
Проектот на Коридорот 8 вклучува изградба на шест ленти, три мостови и помошен пат. Но, еден од главните проблеми е бавната експропријација на земјиштето. Директорот на државни патишта Коце Трајановски вели дека веќе е исчистена километарска дрвна маса, а забрзан е и откупот на земјиштето.
Договорот со „Бехтел и Енка“ стана клучен и за Владата на Христијан Мицкоски. Премиерот има визија за Македонија како централна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот. Но, опозициската СДСМ не гледа искреност во пофалбите на премиерот. Од партијата потсетуваат дека додека беше во опозиција, Мицкоски остро го критикуваше договорот со „Бехтел и Енка“, нарекувајќи го историски криминал.
„Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните. Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!“
На слична линија се и од ДУИ. Оттаму велат дека целиот политички лов на вештерки со клевети и конструкции беше измама, за да се дојде на власт. Четирите автопати дел од коридорите 8 и 10Д, дел од договорот со „Бехтел и Енка“, со должина од 110 километри, треба да се завршат за 4 години, а нивната вредност е 1,3 милијарди евра. Кога претходната влада го промовираше пред две години, тогошната опозиција остро се спротивствани на овој проект, обвинувајќи за корупција од невидени размери, па ветуваше негова ревизија. Сега, тој станува нејзин главен приоритет.
– Бехтел и Енка била дел од програмите на СДСМ, но она што е важно е дека тоа што вие го направивте,посебно во проектот за изградба на Коридор 8 и Коридор 10, беше понижување за министерот за транспорт и тогашниот премиер.Ги доведовте во подредена положба да им се смеат и мајтапат вашите коалициони партнери кои играа фудбалкчиња на начин на кој што овде во парламентот носевте закони кои немаа врска со европските закони. Ги злоупотребувате и европските вредности и македонскиот устав, истакна Мицкоски. Може да се забележи дека асоцијациите со некои епизоди од политичкиот живот на ДУИ не се суштински одговор на наглите промени во третманот на сериозни теми кај новата власт – се велеше дека овие автѕопарти се криминал а сега се гордеат со нив. Како што Пресопанскиот договор предизвика масовни и насилни демонстрации од страна на ВМРО ДПМНЕ и Левица ама сега истиот договор наеднаш – брилијантен, дипломатско ремек –дело.
Премиерот потоа додаде дека договорот со конзорциумот не може да се раскине затоа што би се платиле стотици милиони евра казнени пенали. Но требаше да разјасни – дали го смета за добар посебно откако на фотелјата на Државни патишта седна нивниот кадар – екс-градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
За автопатите што ќе се градат на коридорите 8 и 10 во јануари годинава се спроведени геотехнички испитувања на делниците Гостивар – Тетово, Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп. На делниците Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп имало и земјени работи, а на делницата Ќафасан-Требеништа-Струга нема никакви активности, покажува Извештајот на надзорот за прогресот на изградба на автопатите што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Во текот на јануари годинава, изведувачот работел претежно на експропријација, геодетска мрежа, топографски премер, геотехнички испитувања, спецификации и дизајн на автопат.
Извештајот покажува дека за делницата Гостивар – Тетово извршена е експропријација на 89 проценти од имотот, за Букојчани – Гостивар на 27 проценти, а за делницата Битола – Прилеп на 70 проценти. За Гостивар-Тетово се изготвени 88 проценти од урбанистичките проекти, за Букојчани Гостивар 28 проценти, а за Битола-Прилеп 75 проценти. За Гостивар Тетово и Букојчани Гостивар се спроведени и 75 проценти од топографските истражувања, а такви активности нема за останатите две делници. Направени се 61 процент од потребните геотехнички испитувања за патната секција Гостивар-Тетово, 49 проценти за Букојчани-Гостивар и 34 проценти за делницата Битола – Прилеп. Напредокот на работите за спецификација и проектирање на автопатот до крајот на јануари годинава на првата делница изнесува 23 проценти, на втората седум, а на четвртата девет проценти.
Во претходниот извештај за прогресот на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани беше наведено дека целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања.
Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше потпишан во март минатата година. Со него треба да се изгради автопатска мрежа во вкупна должина од 109 километри.
Од другите автопати во изградба, Собранието минатиот месец изгласа законски дополнувања со кои 31 декември 2026 година е утврден како краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри, што се гради од 2014 година. – Пролонгирањето е поради појавени 13 нови свлечишта на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, образложи Владата за проектот што го гради кинески „Синохидро“.
Од автопатот во изградба Скопје-Блаце во вкупна должина од 12,5 километри, во завршна фаза е изградбата на првите два километри, а за останатите од втората фаза во тек е евалуација на понудите за избор на изведувач.
Во текот на јануари годинава, изведувачот работел претежно на експропријација, геодетска мрежа, топографски премер, геотехнички испитувања, спецификации и дизајн на автопат.
Извештајот покажува дека за делницата Гостивар Тетово извршена е експропријација на 89 проценти од имотот, за Букојчани – Гостивар на 27 проценти, а за делницата Битола Прилеп на 70 проценти. За Гостивар-Тетово се изготвени 88 проценти од урбанистичките проекти, за Букојчани Гостивар 28 проценти, а за Битола-Прилеп 75 проценти. За Гостивар Тетово и Букојчани Гостивар се спроведени и 75 проценти од топографските истражувања, а такви активности нема за останатите две делници. Направени се 61 процент од потребните геотехнички испитувања за патната секција Гостивар-Тетово, 49 проценти за Букојчани-Гостивар и 34 проценти за делницата Битола – Прилеп. Напредокот на работите за спецификација и проектирање на автопатот до крајот на јануари годинава на првата делница изнесува 23 проценти, на втората седум, а на четвртата девет проценти.
Во претходниот извештај за прогресот на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани беше наведено дека целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања.
Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше потпишан во март минатата година. Со него треба да се изгради автопатска мрежа во вкупна должина од 109 километри.
Од другите автопати во изградба, Собранието минатиот месец изгласа законски дополнувања со кои 31 декември 2026 година е утврден како краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри, што се гради од 2014 година. – Пролонгирањето е поради појавени 13 нови свлечишта на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, образложи Владата за проектот што го гради кинески „Синохидро“.
Од автопатот во изградба Скопје-Блаце во вкупна должина од 12,5 километри, во завршна фаза е изградбата на првите два километри, а за останатите од втората фаза во тек е евалуација на понудите за избор на изведувач.
Јасно е дека задоволството на новата власт доаѓа од тоа што проектот практично е на почетокот па тој ќе м оже да се контролира во целина, заедно со финансиските трансакции.