Музејот Алард Пирсон од Амстердам мора да одлучи кому да ги врати експонатите од Крим: на Киев или Москва? Кураторот на изложбата „Крим: злато и тајните на Црното Море“ Валентина Мордвинцева бара експонатите да се вратат на Крим
АНАСТАСИЈА БУЧКО
Изложбата „Крим: злато и тајните на Црното Море“ во музејот Алард Пирсон во Амстердам се затвора во август. Изложените предмети сега станаа точка на расправија во руско-украинскиот конфликт. Од 432 експонати, меѓу кои има античко оружје и накит, скапи кинески кутии и предмети пронајдени во гробовите, само мал дел се од Киев. Поголемиот дел пристигнал од музејот на полуостровот Крим. Кога изложбата во Амстердам беше отворена во февруари 2014 година, Крим и припаѓаше на Украина. Во меѓувреме полуостровот беше окупиран од Русија. На кого да му се вратат позајмените експонати?
Киев и рускиот министер за култура бараат и враќање на парите од влезниците. Затоа, Холанѓаните сега одлучија засега да ги задржат експонатите додека не се реши прашањето за сопственоста. За кримската кустоска Валентина Мордвинцева ситуацијата е многу непријатна, бидејќи таа лично се залагаше за позајмување на експонати на музеите.
Валентина Мордвинцева: Го избравме најдоброто од најдобрите. Сакавме да ја претставиме уникатната илјадагодишна кримска култура за прв пат на западната публика. Меѓу експонатите има симболи на Крим: на пример, статуи на божества или скапи кинески лакирани кутии од првиот век. Одредени предмети биле ископани на Крим уште во 19 век и, и покрај сите компликации, тие останале на Крим. Многу експонати потекнуваат од неодамнешните археолошки истражувања и сè уште не се целосно истражени. Навистина не знам како ќе им погледнам во очите на колегите кои ги пронајдоа.
ШТО ВЕЛАТ АДВОКАТИТЕ? Од изложените 432 предмети, само 19 потекнуваат од Музејот за национална историја во Киев. Останатите 413 предмети доаѓаат од четири важни музеи на Крим. Сега адвокатите треба да бараат враќање на нашите објекти. Тоа е ужасно. Нашите адвокати произлегуваат од тоа што договорот за изложба е склучен помеѓу музејот што ги позајмил предметите и музејот што ги изложил. Но кој суд е надлежен? Во договорот стои дека се работи за суд во Киев. Но, во сегашната ситуација, би било невообичаено да се остави одлуката на судот во Киев. Сите знаат колку се корумпирани судовите во Украина. Зборуваме за судбината на културните богатства кои не смеат да станат предмет на политички конфликти. Можам да кажам како научник дека Украина нема право да зема уметнички предмети како заложници. Што ќе прават овие субјекти во Киев? Тие таму би служеле како воени трофеи – освоени во војната против Русија. Тие велат дека Крим и припаѓа на Украина. Ве молам, немам ништо против тоа разбирање. Но, музејските предмети му припаѓаат на народот. Зарем ние на Крим немаме право на нашата култура и историја?
КАКО ДОЈДЕ ДО ИДЕЈАТА ЗА ИЗЛОЖБА НА ЗАПАД? Се започна со кинески лакирани кутии. Откриени се во гробовите во близина на Уст’-Алма и беа сензација. Тоа беше најзападната локација каде што беа пронајдени лакирани уметнички предмети. Ги пронашол мојот поранешен сопруг, археологот Јуриј Зајцев. И тогаш тие целосно уништени дрвени остатоци беа привремено ставени во мојот фрижидер. Кога овие древни уметнички дела потоа беа обновени од јапонски експерти, сакавме да и ги покажеме на светската јавност. Во тоа ми помогнаа колегите од Бон. Музејот Алард Пирсон е вклучен само за финансирање на проектот.
За споредба, кога во февруари 2014 година, откако четвртиот украински претседател Виктор Јанукович пребегна во Русија и неговата влада беше соборена, изложбата „Ремек-дела на старата руска уметност – икони од 15-тиот и 16-тиот век од колекцијата на музејот Андреј Рублев“, која се одржа во Киевската катедрала Св. Софија беше нагло и предвреме затворена, а предметите итно беа вратени во Москва. Раководството на московскиот музеј именуван по сликарот и монах кој Руската православна црква го прогласи за светец во 1988 година сметаше дека е небезбедно да продолжи да му позајмува триесет вредни и културно значајни икони на главниот град на Украина во тие нови околности обележани со растечките тензии меѓу двете земји.
ШТО ОТКРИ ГЛОБУС? Последна судска одлука која постои како архивски материјал е дека суд во Амстарам уште во 2016 година одлучил дека изложбените предмети, 500 на број треба да се вратат на Украина а не на Крим! Ова е вест на Би-Би-Си. Барањето на Киев е дека 4-те музеи од крим, кои се сега во власт на Русија не се сопственици на богатството, туку тоа било во државна сопственост, значи на властите во Киев!
Важно е дека судот се повикал и на судската практика на УНЕСКО за вакви случаи: уменички предмети се враќаат на суверени држави а не на подрачја кои тоа не се односно не се признаени во меѓунродниот сообраќај!