Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КРИСТАЛИНА ГЕОРГИЕВА НЕПОЖЕЛНА ВО СВЕТСКА БАНКА

November 2, 2021 Filed Under: Свет

Управниот одбор на банката го одбил барањето на директорката на ММФ за средба за да се одбрани од тврдењата дека вршела притисок

БРЗО СТАРЕЕЊЕ Кристалина Георгиева фатен без шминка или со многу грижи?

Одборот на Светска банка го одби барањето на директорката на ММФ Кристалина Георгиева за состанок за да се брани од тврдењата дека таа вршела притисок врз персоналот да ги смени податоците како извршен директор на банката во 2017 година, според два извори информирани за ситуацијата.

Адвокатот ангажиран од Георгиева ја побара средбата во писмо од 17 страници во петокот до раководителот на управниот одбор на банката.

Адвокатот, Витни Дебевоа од „Арнолд и Портер“, напиша дека извештајот од истрагата подготвен од адвокатската канцеларија „ВилмерХејл“ за одборот бил несоодветно спроведен, ги прекршил правата на Георгиева и го засновал својот фундаментален заклучок врзна лажна претпоставка, според копија од писмо видено од Ројтерс.

ПОДДРШКА Кинеското влијание врз Георгиева е и натаму проблем за ММФ

Вилмер Хејл во септември заклучи дека официјални лица, вклучително и Георгиева, извршиле „непотребен притисок“на персоналот на банката да ги смени податоците за да ја фаворизира Кина во рангирањето на „Дуин бизнис“ за 2018 година.

Георгиева ги отфрли обвинувањата и бордот на Меѓународниот монетарен фонд, на чие чело е Георгиева од октомври 2019 година, овој месец не најде убедливи докази да ги поддржи обвинувањата за погрешно постапување.

Одборот на Светска банка ѝ кажа на Дебевоа дека би било несоодветно да се сретне или да се слушне со Георгиева, бидејќи нема улога во посебна истрага што ја води „ВилмерХејл“ за потенцијални неправилности од сегашниот и поранешниот персонал на банката, вклучително и Георгиева, според лице информирано за разговорот.

Тој извештај, кој се очекува за околу два месеци, ќе оди до одделот за човечки ресурси на банката, а не до управниот одбор.

Деканот на одборот Мерза Хасан, претседателката на етичкиот комитет на одборот и шефот на посебната комисија за управување, сите го одбија барањето, рекоа извори блиски до одборот. (Ројтерс)

 

Filed Under: Свет

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet