Новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми ја доби човек со документирана историја на надвредливо и дискриминатоско однесување

Скандалозно и неприфатливо е именувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – изјави потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.
Богојески има детално документирана историја на навредливо и дискриминаторско однесување и говор на омраза на јавни платформи.
Неговите коментари се деградирачки, сексистички, дискриминаторски, албанофобни, расистички изрази, што е целосно неприфатливо за носител на каква било функција – вели таа.
Однесувањето на Богојески е во целосна спротивставеност со вредностите на почит, еднаквост и инклузивност, кои се основа на европските образовни програми што ги претставува Агенцијата на чие чело е поставен.
Богојески е целосно недоветен и несоодветен за да ја обавува новата функција, уште помалку за да служи како пример за студентите.
Именувањето на ваква контроверзна личност испраќа загрижувачка, но јасна порака за приоритетите на Владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ.
Со поставување личност со богата историја на дискриминација, говор на омраза и поделби на чело на Агенција посветена на унапредување на единството и напредокот, Мицкоски и ДПМНЕ го поткопуваат значењето на оваа институција и го загрозуваат секој обид за реално подобрување на состојбите во образованието.
Ова именување во целост го отсликува целосното игнорирање на основните европски вредности од страна на Владата. Такво непочитување на основни етички стандарди е неприфатливо за лидери во образованието и јавната служба.
За скандалозната одлука за ова именување, СДСМ писмено ќе ги информира и претставниците на Генералниот Директорат за образование и култура при Европската Комисија.
Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност треба да биде лице кое ги отелотворува принципите на почит, инклузивност и напредок, а не партиски подобен галамџија, кој сиот свој јавен профил го градел на анти-европски и сентименти на омраза и дискриминација.
Кристина Костова е потпретседателка на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Активна членка во континуитет од 2004 година, Костова вршела бројни функции во ЛК СДММ Штип, а функцијата претседателка ја извршувала од 2011 до 2013 година. Паралелно со функциите при Локалниот Клуб, Костова била активна и како портпаролка на ОО СДСМ Штип во периодот од 2009 до 2011 година. Од 2012 до 2014 година, Костова волонтирала при ЦКЈ на СДСМ. Таа била активистка во сите значајни кампањи на партијата, но и во неколку општествени движења како „Ајде“, а подоцна и во Шарена Револуција. Костова е со години активна како членка или претседателка на Комисијата за информирање при матичната општинска организација, како и членка во секторските активности на секој Општински Изборен Штаб на СДСМ во Штип. Постојана соработка имала и со Регионалниот Изборен Штаб за ИЕ 3.
Костова е алумна на Втора Политичка Академија за Социјална Демократија, генерација 2009 г. организирана од „Прогрес“, како и на регионалната Школа за надежни политичари во 2012 г. организирана од FES.
Факултетска диплома стекнала на Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Кирил и Методиј“, каде исто така и магистрирала. Во моментов, Костова е докторанд на Филолошки факултет при Универзитет „1 Декември 1918“ во Алба Јулија, Романија.
На професионален план, Костова има работно искуство како волонтерка во Радио Штип, во чиј етер ја водела емисијата на влашки јазик на нејзини 14 години. Со радиоводителство продолжила и во периодот од 2005 до 2013 година, кога била ангажирана во националното радио Канал 77. Костова работела како наставничка по англиски јазик во ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци, а подоцна и во сопствено приватно училиште во Штип. Работела и како советничка за образование во Општина Штип, во периодот од 2017 до 2018 година. Во моментов, Костова работи како асистент на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Има објавено десетици трудови во меѓународни научни списанија. Костова е овластен судски преведувач од македонски на англиски јазик и обратно.
Посветена феминистка и борка за социјална правда, за рамноправност за маргинализираните и за општество во кое сите ги уживаат основните човекови права, а во кое политиките се градат на основа на емпатија, човечност и меѓусебно разбирање.