Иако имаше обиди одлучувањето за клучните фигури во Унијата да се демократизира, овој пат имаме враќање назад – кулоарско договарање меѓу најмоќните нации. Ова предизивкува незадоволство во Брисел
ВЛАДАН МАРЈАНОВИЌ
Тие кои се задоволни од предлозите за високите функции во Унијата укажуваат на тоа дека сите кандидати се залагаат за посилна, поинтегрирана Унија. Но повеќе има нзадоволни од изборот – како од избраниот кандидат, така и од начинот на кој е правел изборот. А изборот потсетува на индискиот парабола за група на слепци кои, кога им се дава можност да се здобијат со сознание како изгледа слон, извлекуваат заклучок од опипувањето на некој слон пооделно, иако секој од нив опипувал различен слон од крдото, оној кој бил селектиран за него претходно.
Затоа одделните впечатоци за тоа како изгледа слонот всушност многу се разликуваат, иако конечно заврши изборот на кандидати за највисоката функција во Европската унија во нова сесија, по мајските избори за Европскиот парламент.
За една работа, сепак, од страна на политичката елита постои значителен степен на договор: да се врати процесот на персонални решенија, каде што секогаш ги имало – зад затворени врати до донесување на одлуки – до европските избори во 2014 година, кога до одреден степен се корегираше овој пат на избор преку системот на утврдување на „шпицен – кандидати“ на секоја политичка група во ЕП, со што одлуките на европските лидери се демократизираа – ЕУ, според народното верување, уште еднаш ги предаде своите принципи и покажа дека не можат да се надминат концептуалните слабости. Во кулоарите се направи политичките трговија и уште еднаш се покажа како изгледа единствениот начин на кој Унијата, особено како многучлената и поделената, може да донесува одлуки – дури и кога се обидува да покаже дека тоа може да биде поинаку.
Толкувањата на сè друго што се однесуваат на изборот на кандидати за водечки позиции во ЕУ се многу различни – пред сè, колку се предлозите за кадровските договори соодветни. Оние кои се задоволни од предлозите особено укажуваат дека сите кандидати се залагаат за посилна, поинтегрирана унија; но сепак, повеќе се оние кои се незадоволни од тоа кои се избраните кандидати и начинот на кој тие се избрани
Една од таа конечна листа, пак, поранешниот белгиски премиер Шарл Мишел, во меѓувреме, веќе е потврден како нов претседател на Европскиот совет; делумно поради ограничените овластувања што ги носи оваа функција, па околу неговото назначување најверојатно не треба да очекуваат понатамошно вревење (Во меѓувреме, италијанскиот кандидат Дајвид Сасоли е изгласан за претседател на ЕП во првата половина од мандатот од пет години – и тоа по барање на Советот на Европа, наместо изборот да се остави на европарламентарците). Изборот на другите кандидати за менаџерски позиции (како за високиот претставник за надворешна и безбедносна политика е номииран шпанскиот министер за надворешни работи, Џозеп Борељ, Кристин Лагард, ќе биде шефица на Европската централна банка, што секако треба да биде потврдено следната недела во парламентот. И, како што стојат работите, не само што изборот нема да бид формалност, како во некои други времиња, првенствено поради името на кандидатката за новиот претседател на Европската комисија.
За оваа клучна функција неочекувано, како компромисен кандидат, е предложена германскиот министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, по неуспехот на сите претходни обиди да се најде заеднички јазик меѓу партиските, политичките, географските и другите блокови чии преплетување, отфрлување и одмерување ја прави толку компликувана и тешка да се управува. Кога стана јасно дека, поради отпорот што во некои земји-членки постои, никој од предложените кандидати на листите на трите најмоќни група во ЕП – Германецот Манфред Вебер (Европска народна партија, ЕПП), Холанѓанецот Франс Тимерманс (Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите, S & D) и Данката Маргарет Вестагер (Обнова на Европа, блокот на либерални партија засилен со францускиот претседател Емануела Mакрон) – нема шанси да добие поддршка од мнозинството за избор на претседател на Европската комисија, од ракаквот е извлечена фон дер Лајен како некој кој, барем од еден канддиат која ги исполнува повеќето формални и неформални критериуми за таа функција и е подготвена да се справи со неколку спротивставени струи во ЕУ.!
Од оваа перспектива Фон де Лаен беше уфрлена како речиси идеален резервен кандидат. Како член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), таа припаѓа на ЕПП, релативниот победник на европските избори; блиска е до Меркел, но поради силната проевропска ориентација (и совршено познавање на францускиот јазик) е по волја и Макрон; има големо искуство во извршните работи (пред се како ексминистерот за одбрана но претходно и како министер за здравство, па дури и пред тоа, како министерот за семејство, жени и млади). Важи за докажан либерален поглед, со цел да ужива углед и во прогресивните сили во ЕУ, но, исто така, во доволна мера кај традиционалистите ќе ужива поддршка на повлекувањата на источно-европските влади, кои јавно ја критикуваа во минатото; а со тоа придонесува кон воспоставување на посакуваната рамнотежа помеѓу половите на врвот на Унијата како жена.
Но предлогот не е се уште потврден во ЕП.
Фон дер Лаен како кандидатка се сретна со незадоволство во редовите на S & D, особено кај зелените, па дури и кај некои членки на Европската народна партија, сите од истите причини: недостаток на демократизација во процесот на одлучување и чувството на матење кај донесувањето на одлуки кои му претходеле на формулирање на конечната листа на кандидати. Од Европската народна партија и самите либералите немаат доволно гласови за да ја изгласаат Фон дер Лаен, со цел да се добие потребното мнозинство гласови, па ќе бидат потребни гласови на поддршка и од други блокови. Се уште не е јасно дали германската министерка ќе го мине овој тест..