Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КУЛТУРАТА НА ЛАГАТА И ЛАГАТА КАКО КУЛТУРА

May 21, 2018 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонија и Македонците се однесуваат во слбодниот свет како да се во СФРЈ и затоа изгледаат како бебиња што киднале од југословенскиот инкубатор, тотално неотпорни на надворешните влијанија, на светот полн со вируси и бактерии, во светот на најжестоката културна, политичка, спортска и естрадна компетиција

Македонската драма извира од два кладенца: македонската историја, која е лажна и македонската култура, која, исто така, е лажна. Лажни се и во естетска и во фактографска смисла, но поважно од тоа е дека се лажни во капацитетноста да ја обликуваат втемеленоста, политичката култура, моралните и естетските вредности на нацијата во реален и одржлив субјект. Тоа, пак, ја ситуира и самата нацијата на границата меѓу лагата и реалноста, меѓу лагата како реалност и реалноста како лага.
Грижата за културата, историјата и идентитетот, според тоа, е грижа за лагата за себе, за маската со која Македонецот е откриен и задржан на новиот граничен премин на Историјата.
Со таква крвна слика Македонија и Македонците се однесуваат во слбодниот свет како да се во СФРЈ и затоа изгледаат како бебиња што киднале од југословенскиот инкубатор, тотално неотпорни на надворешните влијанија, на светот полн со вируси и бактерии, во светот на најжестоката културна, политичка, спортска и естрадна компетиција.
Гоце, Јане, Даме се реални ликови од историјата кои можеле да одиграат и одиграле некаква улога во конституирањето на нацијата во услови кои се тотално различни од тие во кои денеска би требале да ја легитимираат и афирмираат, а не можат, затоа што вистината за нив и за нивната борба е различна од македонската перцепција. Со Маркота Цепенков, со браќата Миладиновци, со Чернодрински па и со 99 отсто од современите автори, не можеме да се легитимираме или ако можеме, тогаш тоа е легитимација за некоја “ш” класа. Тоа е така не само поради прескромниот, безмалку, никаков уметнички потенцијал во нивните дела, туку и затоа што со нивната слава нацијата се сведува на нивна мерка, ги држи односно тие ја држат, како анкери и одбива да полета затоа што горе наводно било опасно, а доле, во тоа море од безвредности, било топло и пријатно.
Според тоа, битката за идентитетот, името и слични деривации на темата, е битка против слободата, битка за затвореноста, битка да не се скрши џамот во просторијата во која чист воздух не влегол откако е изградена, битка за монополот врз робот, битка за нацијата како култ, а не како форма на слободата, битка во која нема место за човекот и уште помалку за авторот.
Македонецот ја разбира културата и министерството за култура посебно, како систем капка по капка, во кој ќе се одржува во живот и ќе расте кривото дрво на македонистичката кауза. Не како медиум на ослободувањето на човекот и на афирмацијата на нацијата.
Јас мислев дека на локалните избори општеството го овласти Заев да влезе во процес на радикални реформи и преиспитувања, јас тие резултати ги разбрав како лиценца за промена во кулурната, историската и филозофската матрица на Македонецот. Заев тоа не го разбра така. Јас го критикував поради тоа, но наоѓав и добри моменти во неговиот приод кон новата интеграција на општеството, без драматични промени во неговата основа.
Сега гледам со големи симпатии на тоа како ги урива ориентирите на оние кои мислеа дека по смртната патека можат да го вознесат Македнецот. Чувствувам некакво задоволство што метузалемите на македонизмот, тие китови обраснати со школки, ракови, полжави и алги, ги заринкува во плитокот на новата Историја.
Ќе го соборувале.
Курац фини, другари, вие сте соборени.
Не го сакаме Амди во парламентарното мнозинство.
Го сакаме Џорџ Клуни.
Зошто Ѓурѓа да го рефирмира правосудството.
Кога може Кристина Агилера.
Зошто Џек Николсон да биде министер за спорт.
Тој е луд и навива за Лејкерси, а не за МЗТ.
Може ли, демек, Закарија Ибраими, да биде министер за култура?
Нееееее, одговара во глас македонствујушчиот граѓанин.
Тој е Шиптар, а тоа значи дека по дефиниција е некулурен.
Ќе ни ја сјебе културата!
Што нашите претци ја граделе со векови и милениуми, ако не и со еони!
Јас не знам дали човекот може да биде министер, но знам дека резоните на масата која протестира против именувањето на Закарија, се племенски, затворенички, робовски, некултурни, антикултурни.
Така што мислам дека провокацијата е многу добра.
Јас би го турил Амдита.
Македонија не треба да има Министерство за култура.
Само една Агенција за промоција на светските културни вредности е доволна.
Некој што ќе ја носи светската култура тука.
И културата што е светска, а се прави во Македонија, ќе ја стимулира.
Два- три проекта годишно не повеќе.
Се друго оди на пазарот.
Катастрофата на македонската култура е последица на погрешната дефиниција и на погрешните форми на стимулација и афирмација.
Сакам да кажам дека катастрофата нема врска со господинот Закарија.
Ние живееме во времето на културната катастрофа.
Барајте друго алиби.
Оставете го човекот.

 

Filed Under: Колумни

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet