Еден ум кој се обиде да го разбере универзумот нè направи поголеми осознавачи и заради начинот на кој тоа го направи стана пророк
НИКОЛА СТОЈАНОВ
Ако овој текст треба да започне со клишето „тоа беше еден од најмоќните научни гласови на XX в. А сега замолкна засекогаш”., тоа не би било во ред. Самиот Стивен Хокинг најверојатно би ја сватил шегата – од 1985 година, кога конечно го губи својот говор, од неговата уста не е излезен ни еден збор и покрај тоа што компјутерски генерираниот говор му е меѓу најпрепознатливите во светот. И дефинитивно му помага да остане теоретски физичар кој промени темелно некои сознанија во својата област, за конечно да стане културна икона. А ликот му насекаде препознатлив, од анимирани црн хумор во The Simpsons до филозофската поттикнувања во песна на Pink Floyd, за да не престануваме да комуницираме.
Така неизлечивата амиотрофична латерална склероза, која кај Хокинг е дијагностицирана уште на 21-годишна возраст, се претвора во нешто што ги означува сите негови падови и подеми до неговата смрт на 14 март 2018 година на 76 години – доста над сите лекарски и неговите сопствени очекувања („Сè што го имам оттогаш е бонус”). „Болната” слава на Хокинг има многу слоеви, и тој самиот треба време да научи да ја прифати и да управува со неа. Во неговите сопствени признанија таа го уништува неговиот прв брак во 80-тите, додека години подоцна тој веќе сам се самоиронизира во интервјуата: „Недостаткот ми е тој што не можам да одам никаде, без да ме препознаат. Не додека носам темни очила и перика .. Количката ме претставува … ”
Статусот на рок ѕвездата на физиката сепак е вкоренет во неговиот најголем успех – да преведе комплексни научни теории како е одржуван Просторот на разбирлив јазик. Слободно може да се каже дека неговата „Кратка историја на времето” (1988) е книгата која популарната наука ја направи индустрија. И бидејќи го предупредиле дека со секоја вметната формула во книгата ќе паѓа продажбата, таа содржи само една а таа е – Е = mc2.
Талентот на Хокинг како физичар се манифестира уште како студент и неговите најголеми идеи датираат од времето му на докторатот во „Кембриџ”. Додека моторно невронска болест постепено го плени неговото тело и тој се’ потешко се движи, неговиот ум лета во недогледливи предели на времето и просторот. И се враќа назад од почетокот на универзумот и до работ на бесконечноста, каде законите на физиката, какви мислиме дека ги познаваме, се протегаат (или стегнуваат) во несфатливо за човечкиот мозок концепт како посебност.
Сите негови теоретски придонеси во науката тешко можат да се опишат и синтетизираат во една статија, но ако името на Хокинг се поврзува со една работа, тоа се црните дупки. Во 60-тите целата физика како наука е базирана врз откритијата на Ајнштајн и неговата Теорија на релативноста. А пребарувања на новата генерација физичари се насочени кон изнаоѓање на обединувачка теорија на сè што треба да ги помири противречностите меѓу шокантната квантна механика, опишувањата на микросветот на елементарните честички, и вкупната релативноста и гравитација, командантите на универзумот во гигантски размери на планети, ѕвезди и галаксии. Двете уживаат целосно различни равенки и стојат на различни претпоставки – според едната просторот е мазен и рамномерен, а според другата зрнест и нерамномерен. И во него нема празно место, целата вселена постојано клокоти – честичките спонтано се појавуваат и така се произведува материја и антиматерија кои при судирот веднаш се уништуваат меѓусебно.
(продолжува во следниот број)