Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КУСАТА ИСТОРИЈА НА СТИВЕН ХОКИНГ (2)

April 2, 2018 Filed Under: Фељтон

Некои од неговите претпоставки сега се доминантни и прифатени од повеќето научници. На пример, радијација на Хокинг, кој, спротивно на интуитивната идеја дека црната дупка голта сè, тврди дека таа всушност емитува микроскопска енергија

НИКОЛА СТОЈАНОВ

ИНТУИЦИЈА Најчеста критика кон Хокинг е токму тоа што тој стапнал повеќе на брилијантниот терен на интуицијата

Обидот на Хокинг да ги помири и двете слики е неуспешен, а неговите теории се големи закрпи на дупките на двете теории. Но, во студиите за црните дупки, тој ги достигнува прашањата и теориите кои го менуваат начинот на размислување во физиката во следните децении.

Некои од неговите претпоставки сега се доминантни и прифатени од повеќето научници. На пример, радијација на Хокинг, кој, спротивно на интуитивната идеја дека црната дупка голта сè, тврди дека таа всушност емитува микроскопска енергија (токму заради тоа се појавуваат честички на материја и антиматерија, при што едната може да биде апсорбирана од дупката, а другата да остане). Меѓутоа, други идеи беа предмет на долготрајни дебати и критики и беа отфрлени.

Најпознатиот пример е неговиот парадокс дека информациите може да исчезнуваат во црните дупки, што е спротивно на основниот принцип дека во универзумот таа никогаш не се губи и теоретски, ако ја вратиме лентата наназад, можеме да повратиме секој настан. По речиси четвртина век спорови со физичари како Ленард Сескинд тој признава дека не е во право, иако не се предава целосно и се брани дека вратената назад информации ќе биде неупотребливо изменета. Најчеста критика кон Хокинг, особено по брилијантите трудови од почетокот на 70-тите, е токму тоа што тој стапнал повеќе на брилијантниот терен на интуицијата, иако истите не се поткрепени со доволно внимателна работа зад нив. Затоа, меѓу смелите тврдења, исто така има и неуспеси. Меѓу нив, и „опкладата” дека Хигсовиот бозон никогаш нема да биде откриен. Во 2013 година Големиот хадронски колајдер, кој патем од нејзиното основање бара потврда и за микро црните дупки на Хокинг, ја откри теоретски претскажаната честичка која и дава маса на материјата.

Сепак огромниот углед и слава на Хокинг прави тешко тија да му се противречи. По неговата трансформација во медиумска ѕвезда, неговите научни трудови отстапуваат место на коментари на нови откритија и туѓите напори. И меѓу научниците во текот на годините постои уште воочлива навреденост и дури завист за начинот на кој безпризорно идеите на Хокинг генерираат огромен јавен интерес, додека не се обрнува внимание на многу внимателно и детално разработени тези и теориикои излегуваат помалку провокативни и оригинални модели од исто така талентирани физичари. Сигурно, кон крајот на кариерата, Хокинг е помалку откривач и повеќе коментатор, но со заслужена слава на гениј.

БОЗОН Хокинг се кладеше дека Хигсовиот бозон не постои, па погреши!

Исто така од прва популарна книга натаму тој постепено почнува јавно да се перцепира сè помалку како физичар и се повеќе како мислител. Јавниот интерес почнува да се однесуваат на него како на енциклопедиски извор на одговори на прашања во сите области на познатото и непознатото. Некако постепено се гради ликот на генијалниот ум, кој од затворот на своето неподвижно тело може како гатачк со електронски глас да даде одговори на сите, не само научни, но и морални дилеми.

Медиумите ги проголтнуваат ставовите на Хокинг со силна глад. Меѓу нив, доминирачки во последниве години се и неговата загриженост за иднината на човештвото. Често неговите предупредувања за опасностите од самоуништување преку нуклеарна војна, генетски создадените вируси, глобалното затоплување или друга катаклизма се претвораат во сензационални наслови. Сличен одек генерираат и неговиот страв од развој на вештачката интелигенција, кој заедно со нераскажаните бенефиции, може, според него да го уништи човештвото.

Освен таквата анксиозност Хокинг, исто така, има за средби со туѓи цивилизации. „Мислам дека ќе биде катастрофа. Вонземјаните најверојатно ќе се многу понапредни од нас. На оваа планета историјата за развиени раси кои се соочуваат со повеќе примитивни народи, не е особено среќна, иако се од еден вид. Мислам дека треба да наведнеме глава “, вели тој во интервју за National Geographic во 2004 година. Сепак, излез гледа во колонизацијата на вселената како шанса за развој на човештвото и години подоцна зад него застанува рускиот милијардер Јури Милнeр, пеку Фондацијата Breakthrough за пребарување на вонземски интелигенции.

САСКИНД Тоа е физичарот со кого Хокинд често правеше опклади

Неговото мислења за етичките прашања често се поларизирани. Научните интереси кон почетокот на светот често го изведат пред прашања за религијата и Бог, на кои тој одговара со палета од агностицизам до аргументиран атеизам. „Секој е слободен да верува во она што тој го сака и според мене наједноставниот објаснување е дека нема Бог. Никој не го создал универзумот и никој не ја управува судбината. Тоа ме води и до длабоко проникнување. Веројатно нема и рај и задгробниот живот. Гп имаме само овој живот, за да ја оцениме големата замисла на универзумот, и затоа сум исклучително благодарен“, вели физичарот.

Но, без разлика колку некој ги споделува личните ставови на Хокинг, тоа не го попречува неговиот животен дух и жедта за живот да го инспирира. Со својот активен живот, со своето достапно и концизно објаснување на науката и неговото чувство за хумор, тој и неговиот роботски глас ги натераа многу луѓе да размислуваат критички во обид да го објаснат светот околу себе. Ова е можеби најдобрата шанса дека апокалиптичните предупредувања на Стефан Хокинг нема да се случат.

(авторот е новинар во софиски Капитал)
 

Filed Under: Фељтон

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet