Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КУЧИЊАТА МОЖАТ ДА ПРЕПОЗНААТ ЛОШ ЧОВЕК

October 7, 2019 Filed Under: Ревија

Истражувачите планираат да го повторат експериментот така што кучињата ќе ги заменат со волци бидејќи тие се во блиско сродство со кучињата. Целта е да се утврдат длабоките ефекти на припитомување на кучињата

БИЛЈАНА АРСОВСКА

СОЦИЈАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Кучињата имаат многу пософистицирана соијална интелигенција отколку што мислиме – твди истражувачката Такаока

Можеби вашето куче е поумно отколку што мислите. Излегува дека кучињата се многу добри во процената на човековото однесување. Така барем тврди науката. Тим предводен од Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија, спровел испитување кое открива дека кучињата навистина знаат дали треба да ви веруваат или не.
Студијата била правена така што кучињата биле изложени на измама во име на науката. Луѓето веќе долго време знаат дека кучињата ќе трчаат кон предметот кон кој ќе посочите со раката. Истражувачите ја искористиле оваа информација во својата студија. За време на експериментот тие покажувале кон контејнер полн со скриена храна. Нормално, кучето трчало кон контејнерот. Потоа покажувале кон празен контејнер. Кучињата трчале и кон него, но откривале дека таму нема храна.

НЕДОВЕРЛИВИ Кучињата во принцип се недоверливи кон странците – вели јапонската студија

Третиот пат кога истражувачите покажувале кон контејнерот со храна, кучињата не сакале да одат до него. Знаеле дека не можат да му веруваат на лицето што покажува врз основа на претходното искуство. За експериментот биле користени 34 кучиња и ниедно не отишло до контејнерот третиот пат. Овој експеримент докажува дека кучињата можат да препознаат лажговци.
Со други зборови, ако го лажете вашето куче, тоа ќе добие мислење за вас дека не треба да ви верува и така и ќе се однесува.
– Кучињата имаат многу пософистицирана социјална интелигенција отколку што мислевме. Нивната социјална интелигенција еволуирала во текот на нивниот долг соживот со луѓето – истакнува Такаока, која исто така била изненадена од брзината со која кучињата заклучувале дека некое лице е несигурно.
Џон Бредшо од Универзитетот во Бристол, кој не бил вклучен во студијата, вели дека резултатите посочуваат на тоа дека кучињата преферираат предвидливост. Кога постапките се недоследни, кучињата стануваат нервозни и вознемирени.
Истражувачите планираат да го повторат експериментот така што кучињата ќе ги заменат со волци бидејќи тие се во блиско сродство со кучињата. Целта е да се утврдат длабоките ефекти на припитомување на кучињата.

ГЛАВНО Сопственикот во принцип има неограничена доверба кај својот пес. Прашање е дали е тоа дел од припитомувањето во еволуцијата – ќе се вршат испитувања на волците

(Факултети)

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet