За најголемата опозициона партија овој чин што во јавноста се оценува како врвна привилегија е доказ дека постои договорено враќање за поранешниот вицепремиер

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. При тоа правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор. Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола.
Ова е став на најголемата опозициона партија која сето ова го гледа низ контекстот на постојаните нови кадровски решенија – сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д обвинителка избраа на поранешен заменик министер на ВМРО. Па Власта има целосна контрола врз обвинителството и судството. Одлуката за куќен притвор ја носи обвинител под Скопското обвинителство каде што за шеф пред само еден месец е избран Анел Фидоски.
На Бихаќка сметаат дека дилот ВМРО–ДУИ се реализира пред очите на јавноста и му донесе куќен притвор на Груби. Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат. Театарот почнал на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со очила, следуваше продолжение со куќен притвор.
Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори – велат од таму. За в.д. претседателка на Кривичен ја назначија Даниела Димовска.
Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Иако Груби еднаш избегал, обвинителството побарало поблага мерка од претходно веќе одредената мерка притвор. Кој е предметен обвинител за овој случај? Даниел Коцев. А негов шеф? Обвинителот Анел Фидоски. Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.
Дополнително, видовме дека и целиот затворски систем е капитулиран пред политичките договори. Нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби на граница, се констатира на Бихаќка. Камерите „случајно“ не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на „стоп“ листата. Ама за враќањето на Груби камери има – од граница, од пречек, до Обвинителството и Судот.
И веднаш медиумите под контрола на Орбан, спремни, во иста минута сите со кампања. Целосно режирано, само овој пат лоша реализација.
Се констатираше и дека во обид да се испере за скандалозната одлука за куќен притвор на Артан Груби, Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.
„Министерството за внатрешни работи, раководено од Панче Тошковски од ВМРО-ОКГ, и Агенцијата за национална безбедност, раководена од Бојан Христовски исто така од ВМРО-ОКГ, дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор. Не е прашањето дали државата не може да гарантира безбедност во притвор. Ова е уште една потврда дека сè е договорено одапред.
Режираното сценрио за реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ се случува пред очите на јавноста“ – се вели воедно соопштение наоваа партија.
Во контект на нефункционирањето на правната држава се посочува и еден посвеж пример – 12 пријави имало за случајот во Карпош каде животот го загубија мајка и дете. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство. И МВР и Панче Тошковски што направиле? Имале сознанија и индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.
Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност. МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме. МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне. Првично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага.




