Кубрик можеби се обиде да направи научно-фантастичен филм, но „Одисеја во вселената 2001″, која одбележува 50 години од премиерата е поблиска до дома отколку што мислиме
НИКОЛА БАРБЕР
Поминаа 50 години од премиерата на „Одисеја на вселената,2001“ а ние сè уште се обидуваме да го разбереме. Научно-фантастичното ремек-дело на Стенли Кјубрик е редовно изгласувано како еден од најголемите досега снимени филмови: анкетата на Би-Би-Си за култура тоа го стори, откако го постави на четврто место меѓу сите снимени американски филмови во историјата. Но, „Одисеја2001 година“ е еден од најзагадочните филмови досега снимени. Што претставув,а на пример оној сјаен правоаголен монолит во праисториска Африка? Зошто еден астронаут лета низ психоделичен светло во друг универзум, пред да се претвори во космички фетус? И со оглед на тоа дека првите секвенци од делото се поставени милиони години во минатото а двата централни делови се се случуваат во период од 18 месеци од крстосницата на милениумот (2001 година).
Самиот Кубрик не би бил премногу вознемирен од сето ова чешање на главата. „Слободно можете да шпекулирате за филозофското и алегориското значење на филмот”, изјави тој за еден интервјуер во 1968 година, „но не сакам да ја напишам вербалната мапа за „Одисеја 2001 година“, за која секој гледач ќе се чувствува обврзан да продолжи со размислувањето или да има друг страв дека тој ја промашил поентата. „Ко-сценаристот на Кубрик, Артур Кларк, одговорил на некои од прашањата на приказната во романот поврзан со таинствниот предмет, кој беше објавен веднаш по објавувањето на филмот. Но, режисерот исправил нешто што можело да го направи премногу лесно да се разбере. Тој го споредил филмот со слика и музика, нешто да се доживее „на внатрешно ниво на свест”. И „Одисеја 2001 година“ не е сосема збунувачки. Едно нешто што е јасно е колку тој има заедничко со некои од неговите претходни анти-воени и анти-авторитативни филмови, особено со „Д-р Стренџлав“ од 1964 година (Д-р Чуднољуб“).
Гледано од далечина, двата филма тешко може да изгледаат поинакви. Една од нив е фарсично црно-бело оружје против трката во вооружувањето, сатира во која Петар Селерс е во повеќе улоги; другата е богато обоена, контемплативна, слика за меѓуѕвездената ширење, опишана на оригиналниот плакат како „епска драма за авантура и истражување”. Но, погледнете во сличностите: тајната на Студената војна меѓу САД и Русија, салите спакувани како место каде средовечни мажи небаре се во костуми, наводно непогрешлива машина која има намера да ги убие луѓето што ја изградиле… Погледнете ја дресот на д-р Срренџлав кога јунакот (Slim Pickens) ги отвора вратие од својот авион и седнува на атомската бомба (како родео херој! – н.з.) и скоро идентичната сцена во „Одисеја 2001 година“, во која еден астронаут го деактивира компјутерот на својот вселенски брод.
Филмот споделува сличности со сатирата на Студената војна на Кубрик „Др. Стренџлав“, вклучувајќи ги и полуавтоматите спакувани со средовечни мажи во костуми
И погледнете ги убедувањата кои ги поткрепуваат двете дела: луѓето се суштински, самоуништувачки насилници, и дека секој што верува во себе си дека е 100 отсто во право е веројатно опасен манијак. Не мора да се оди премногу далеку за да се нарече цинична политичка комедија филмот „Одисеја“ кога Кјубрик ако не сакаше да се смееме, тој немаше да се фокусира на „нулта гравитационен тоалет”. И тој не би имал поглавје со наслов „The Dawn of Man”, кога мајмунот, откако ќе се созрее ќе свати дека може со коска на убиено животно да удри по мозокот на друг „собрат“ и да го убие!
Во оваа секвенца на еволуирање нашите влакнести предци (кои ги изведуваат уметници во мајмунски костими) не јадат ништо освен корените и бобинките, додека не им се случат посети на високи црни плочи кои некогаш биле споредени со огромен надгробен споменик, но кој сега на новите генерации им наликува на огромен вселенски iPhone. Овој мистериозен монолит го забрзува самосознавањето на мајмуните, а еден од нив има идеја да користи коска како оружје. Откако го убива тапирот и потоа мајмунот од соседното племе, тој ја фрла коската високо во воздух, а Кјубрик ни го донесува некаквиот пракомпјутер каде сте можеле потоа да напишете „match cut” во пребарувачот: тој се претвора во сателит кој орбитира околу Земјата. Освен тоа што не е сателит, како таков. Според Кларк, местото на коската сега го презема друга алатка. „Тоа треба да биде орбитирана вселенска бомба, оружје во вселената”. Еве, барем, можеме да видиме како го добиваме континуитетот кај Кјубрик: според неговото мислење, човечкиот напредок е врзан за развој на поголеми и подобри начини да се убиваат едни со други.
Во овој дел од филмот се среќаваме со Хејвуд Флојд (Вилијам Силвестер), научник на пат кон Месечината, каде што е откриен уште еден туѓ монолит. Но, Флојд не е конвенционален научно-фантастичен боксер, ниту изнемоштен научник во лабораториски мантил, ниту се замислува како меѓугалактички херој. Наместо тоа, тој е самозадоволен, американски функционер загледан во неговата струјардеса и заради неа ја промашува роденденската забава на неговата ќерка, бидејќи тој „патува”. Кога ќе ги пофали своите колеги за нивното откритие, нема да мисли дека тие пронашле доказ за вонземски живот; тој мисли дека подредените составиле нов рекламен мелодичен филм. „Па, морам да кажам,” се смее Флојд, „вие момчиња сигурно ќе излезете со нешто”. Без разлика дали се тоа американските генерали од „Д-р Стенџлав“, француските генерали од „Патеките на славата“, или министерот за внатрешни работи кој тврди дека има лек за криминал во „Пеколниот портокал“, Кјубрик ужива укажувајќи дека мажите задолжени за нашите судбини не се нужно најиманентни или најинтелигентни луѓе во сончевиот систем. И секогаш се мажи. Единствениот женски лик во „Д-р Стенџлав“ е секретар за облека на бикини на американскиот генерал; во Одисеја 2001 година“, жените имаат само повеќе облека, но тие немаат повеќе дијалог.
Третиот дел од филмот е поставен на колосално вселенско летало врзано за орбитата на Јупитер. Нејзината екипа се состои од Дејвид Боуман (Кир Дулеа) и Френк Пул (Гери Локвуд), заедно со уште три други астронаути во суспендирана анимација, но повеќето од операциите на бродот се грижа на компјутерот наречен HAL 9000 (говори со гласот на Даглас Рејн). Дали овој вештачки интелигентен пилот може да предизвика проблеми за неговите членови на екипажот? Па, тој изјавува дека е, „со каква било практична дефиниција на зборовите, сигурната и неспособна за грешка машина”, и таквата самодоверба во филмот на Кјубрик обично е лош знак. Секако, HAL им кажува на Дејвид и Френк, погрешно, дека комуникациската позиција на бродот е погрешна. Под претпоставка дека HAL мора да биде дефектен, астронаутите одлучуваат дека ќе мора да го затворат. За жал, HAL одлучува прво нив да ги затвори.
Тука е, особено значајно да истакнеме дека „Одисеја 2001 година“ може да се преименува како „Д-р Стренџлав во вселената”, бидејќи тука имаме замена – во постариот филм имавме машина или тело кое ја гарантираше светската безбедност односно ја одразуваше нашата верба во нкаков систем или машина, што се чини дека ги има сите одговори. Во филмот од 1964 година, тоа беше „уредот на судбината” кој требаше да го гарантира светскиот мир, но тој всушност, ќе ја избрише цивилизацијата – бидејќи е програмиран за да се осигури дека никој не може да го спречи во тоа. И во филмот од 1968 година, иронијата се зголемува уште повисоко. Компјутерот HAL прави грешка. Контролорот на мисијата потврдува дека е грешка – бидејќи тоа го вели неговиот сопствен идентичен HAL компјутер на Земјата. Но, ХАЛ останува сигурен за себе како генералите во „Д-р Стренџлав“ „Па, јас не мислам дека има некаква дилема за тоа”, вели тој, во неговиот смирувачки, речиси дремлив глас. „Тоа може да се припише само ако имаме човечка грешка.” Слушајте внимателно и можете да го чуете Кјубрик како стенка во очај.
Не дека 2001 година е едноставно продолжување на филмот „Д-р Стренџлав“ Игнорирајќи ја горчливата сатира, и сè уште неверојатниѕе специјални ефекти, беспрекорната продукција, пророчката технологија, транспортирање на класична музика во времето и патувањето на Дејв „надвор од бесконечното” беше уште во 1968 година.
Сепак, изненадувачки е тоа што Кјубрик само се обидува да го направи „вообичаено добар научно фантастичен филм”, да ја позајмиме фразата на Кларк дека тој посебно бил фасциниран од вонземниот живот. Сепак, ова не можело да помогне да се коментира за човечкиот живот. Тоа е една од причините зошто филмот е толку задоволувачки, колку што е криптичен. Кјубрик сонуваше за други светови, но продолжи да се враќа на Земјата.