На општеството му се случува сериозно назадување – вели заменик претседателката на СДСМ. Бегството на груби е индиција за политичка соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веќе подолго време и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава држава
Во изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот на владеењето на правото, безбедноста да се води единствено согласно партиските интереси, посочи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.
Се случуваат голем број политики и процеси кои значат уназадување, истакна Каранфилова Пановска, додавајќи дека во собранието со предлог законот за јавни набавки се укинува контролата, тука е и сетот измени на закони за образованието, со кои се нарушува инклузивноста на образовниот процес, се спречува можноста од дискриманција, се ограничува начинот на средношколско здружување.
– И трета работа, која поминува незабележана, а е многу потресителна, е што во изминатите 6 месеци имаме 20 смртни случаи на бебиња и деца. Кога последен пат сте слушнале за вакви цифри?, нагласи Каранфилова Пановска.
Таа нагласи дека од клучно значење за едно демократско општество е почитување на поделбата на власта критикувајќи ги недемократските тенденции на премиерот.
– Не може да се случува премиерот Мицкоски од собраниска говорница да се заканува на граѓаните, па да преземе улога и на јавен обвинител, улога на судија, улога на министер за внатрешни работи, рече Каранфилова Пановска во Само интервју на Канал 5 Телевизија.
Факт денеска е дека Артан Груби не е во државата, факт е дека Артан Груби два дена откако е поднесена кривичната пријава исчезнува, дека слободно ја поминува границата и премногу сомнежи дека тоа не е случајно, нагласи заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 телевизија.
Каранфилова Пановска истакна дека Груби ја поминал северната граница со Косово, покажувајќи ги своите патни исправи, а при тоа службеникот којшто е на смена, не го проверил, иако има веќе забрана за премин на границата, а другите службениците, на граничниот премин имаат на себе камери кои во тој момент немаат батерии, односно камерите не работат.
-Се случува дека главен раководител на контролата границата во тој момент е човек, којшто е од доверба на министерот Тошковски, именуван на таа функција минатиот месец, со решение. И дека тој истиот по настанот е на боледување, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека има доволно основани сомнежи дека заминувањето на Груби од државата не е случајно и не е само затоа што се направени пропусти. Каранфилова Пановска нагласи дека СДСМ сега бара од министерот Тошковски, од министерството за внатрешни работа е да излезат комплетно со деталите за тоа како се случи Артан Груби да избега од државата. Во спротивно апсолутно се основани нашите тврдења дека бегството на Артан Груби е директен политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаде таа.
– Такви индиции за нивна политичка соработка веќе подолго време се очигледни и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава држава со сите меѓуетнички тензии, коишто беа предизвикани, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во емисијата „Само интервју“, на Канал 5 Телевизија.