Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КAТИЦА ИЗЛЕГУВА, ВЛАСТА ГОРИ

December 23, 2025 Filed Under: Македонија

Ова го тврди СДСМ тврди: условниот отпуст на Јанева е дел од црното сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

ИЗЛЕГУВА ОД СУДОТ, ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОРОТ Судот условно ја ослободи Јанева од издржувањето на казната затвор

Кривичниот суд неодамна и официјално потврди дека на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор. Како што соопшти Судот, условниот отпуст започнува на 21 декември 2025 година и ќе трае до 21 август 2026 година. Од вкупната затворска казна од седум години, Јанева ќе биде ослободена осум месеци порано.

Според СДСМ, токму времетраењето на условниот отпуст – од крајот на годинава до летото следната година – целосно го потврдува, како што велат, сценариото на ВМРО-ДПМНЕ кое опозицијата одамна го разобличила.

„Зошто сега? Затоа што темата ‘мигранти за пари’ прерасна во национален скандал, затоа што корупциските афери со наместени тендери покажуваат како се испумпуваат 14,5 милиони евра преку 161 тендер, и затоа што граѓаните секојдневно го чувствуваат ударот од празниот буџет – без пари за плати и пензии“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека власта е под силен притисок и дека, како што велат, „ѝ гори под нозе“, поради што се активираат добро познати сценарија за дефокус и политички пресметки.

„Планот е јасен – до изборите што ги планираат следната година, Катица Јанева да биде злоупотребена како алатка во црната кампања на ДПМНЕ и во нападите врз СДСМ“, тврдат од опозициската партија.

СДСМ обвинува дека кривичните пријави, политичкиот прогон, лажните вести, манипулациите и притисоците врз медиумите веќе не даваат резултат, па власта, според нив, ги засилува нападите користејќи „српски рецепти“.

„Станува збор за копи-пејст стратегија, идентична со случајот Дијана Хркаловиќ во Србија – исти методи, исти наративи и иста цел: дефокус од реалните проблеми и удар врз опозицијата“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ порачуваат дека нема да дозволат ваквите сценарија да поминат.

„Нема да ви помине Катица. Нема да ви поминат мигрантите за пари. Нема да ви помине ниту едно сценарио за манипулација и дефокус. Народот ви подготвува крај“, порачуваат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Но, веријатно се заборава дека јанева и не беше ефективно во затвор и претходно. Мддиумите открија дека таа работи кај својиот син Лазар Јанев, кој има адвокатска канцеларија.

„Катица Јанева, мојата мајка, е работно ангажирана во мојата адвокатска канцеларија согласно Законот за извршување санкции. Законот дозволува осудено лице да биде работно ангажирано надвор од установата по претходно добиена согласност од Управата за извршување санкции. Согласно третманот и критериумите во затворот, на мајка ми ѝ е дадена можноста да биде ангажирана во адвокатската канцеларија сметано од 27 јануари“, ни изјави нејзиниот син Лазар Јанев

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, од неодамна е работно ангажирана надвор од затворот „Идризово“, каде што ја издржува повеќегодишната затворска казна на која беше осудена во случајот „Рекет“.

Работодавач на Јанева ѝ е нејзиниот син, Лазар Јанев, кој има адвокатска канцеларија во која од неодамна е ангажирана неговата мајка (се работи за откритие од февруари 2024 година).

Оваа погодност на Јанева ѝ е овозможена бидејќи ги исполнила критериумите во Казнено-поправната установа, потврди во изјава за „360 степени“ директорот на Управата за извршување санкции во тоа време -, Јовица Стојановиќ.

„Секое осудено лице коешто ќе ги исполни законските критериуми, а тоа е до истекот на казната да се останати под три години и да има А третман, односно отворен третман во затворот се стекнува со право да излегува на работа во фирма по договор“, вели Стојановиќ. Тој додава дека во моментов околу 100 лица од повеќе затвори во државата ја користат оваа погодност, односно се работно ангажирани надвор од Казнено-поправните установи.

Како што им појаснил тој на новнарите на „360 сепени“, предлогот осудено лице да добие ваков работен ангажман го дава директорот на самата Казнено-поправна установа, а доколку се утврди дека е оправдан и дека лицето ги исполнува критериумите, го потпишува директорот на Управата за извршување санкции.

ИСЛЕДУВАЊЕ Излегува дека Боки 13 е помоќен од неа – излезе од затвор пред неа 8иако имаше пресуда за подолга казна затвор – слика од постапшката која се водеше против јанева

Дека Јанева е работно ангажирани во неговата адвокатска канцеларија, за „360 степени“ потврди нејзиниот син. Според него, ваквата погодност неговата мајка почнала да ја користи од 27 јануари таа година.

„Катица Јанева, мојата мајка, е работно ангажирана во мојата адвокатска канцеларија согласно Законот за извршување санкции. Законот дозволува осудено лице да биде работно ангажирано надвор од установата по претходно добиена согласност од Управата за извршување санкции. Согласно третманот и критериумите во затворот на мајка ми ѝ е дадена можноста да биде ангажирана во адвокатската канцеларија сметано од 27 јануари“, изјавил Јанев.

Таа, како што ни изјави Јанев, од затворот излегува наутро, а попладне во завршувањето на работните обврски се враќа назад во „Идризово“.

Ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство беше осудена на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување, заедно со Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, кој доби две години повеќе.

Пресудата за случајот „Рекет“ Основниот кривичен суд Скопје ја изрече на 18 јуни 2020 година, а правосилна стана кон крајот на јули следната година, откако Апелацискиот суд Скопје по повеќе од една од година ја потврди пресудата на првостепениот суд. За одлуката Апелација информираше преку соопштение на 21 јули 2021 г., а два дена подоцна Јанева беше спроведена во затворот „Идризово“ на отслужување на казната

На 1 јуни 2022 година Врховниот суд ја потврди пресудата „Рекет“, одбивајќи ги барањата за вонредно преиспитување на пресудата што до највисокиот суд во државата ги поднесоа обвинетите, преку своите бранители.

(Р.Г.)

 

Filed Under: Македонија

САМИТОТ ОД БРИСЕЛ БАРА ПРОМЕНА НА ЛЕКСИКАТА ВО ВЛАДИНИТЕ КРУГОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
КOНГРЕС НА ДУИ: АХМЕТИ НАЈАВИ ВЕТИНГ ЗА 34 ГОДИНИ И ИЗВРШЕН БАДИНТЕР
ХРВАТСКА СЕ ЛИЗГА ВО КОНФЛИКТ
СО „ВАРВАРИ“ НА ГОРКИ МНТ ОТВОРИ ОДАМНА ПРАЗНО ПОГЛАВЈЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШИОТ ТЕАТАР
ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ: ОПАСНО Е ДА СЕ ИМА АВТОРИТАРЕН ЛИДЕР БЕЗ НИКАКВА КОНТРОЛА

Најново

  • САМИТОТ ОД БРИСЕЛ БАРА ПРОМЕНА НА ЛЕКСИКАТА ВО ВЛАДИНИТЕ КРУГОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
  • КOНГРЕС НА ДУИ: АХМЕТИ НАЈАВИ ВЕТИНГ ЗА 34 ГОДИНИ И ИЗВРШЕН БАДИНТЕР
  • ХРВАТСКА СЕ ЛИЗГА ВО КОНФЛИКТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet