БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пресудата е камен темелник на обновата на правниот систем во државата, односно на реконституцијата на Македонија. Се осмелувам да кажам: конститутивен акт! Граѓаните ги осеќаат тие димензии како чин на ослободувањето и новото втемелување.
Не случајни се изблиците на чувства по повод пресудата од две години затвор за Груевски. Луѓето тоа го доживуваат како сатисфакција за болките, штетите и неправдите што осудениот ѕвер им ги предизвикуваше повеќе од едно десетилетие. И на личен план и во однос на тоа што луѓето во оваа заедница го формираат и го разбираат како општо добро. Сатисфакција и за борбата против злото. Истовремено, сите чувствуваат дека денеска се случи нешто многу важно и за личните и за заедничките перспективи. Пресудата е камен темелник на обновата на правниот систем во државата, односно на реконституцијата на Македонија. Се осмелувам да кажам: конститутивен акт! Граѓаните ги осеќаат тие димензии како чин на ослободувањето и новото втемелување.
Дебатата со највисокиот претставник на злосторничкото здружение на ВМРО-ДПМНЕ (последни остатоци), е побесмислена работа од скокањето во височина преку пречка нацртана на бетонски ѕид. Заев мисли дека од сувата дреновина на Злото може да исцеди три капки разум и одговорност за општото добро, тоа е неговиот мастер план врз кој работи во соработка со меѓународната заедница, но, тоа е чисто губење и на темпото и на квалитетот во борбата за обнова на Македонија. Освен најтешкото злосторничко наследство од кое не само што не се откажуваат туку го бранат со сите сили и средства, во тоа што само поради бавната и се уште селективна правда се води како партија и политичка опозиција, е концентрирана најпримитивната антимакедонска гранка на македонизмот и екстракцијата на најзатапената затапеност во националниот карактер. Тие се сто проценти зло. Не фиктивно зло, туку зло кое секоја секунда се одразува катастрофално врз животите на милиони луѓе. Овие елементи говорат дека дебатата може да биде компромитантна за премиерот, дури и ако го смачка, во што не се сомневам, злосторничкиот лидер на вмроните. Но, ако таа средба, сепак, се одржи, му предалагам на премиерот да ги истури пред јавноста овие и други факти за злото што ја зачепи Македонија, а не да дебатира. Да го исшамара со факти. Да не му даде да писне од што ќе му ја наполни устата со говната што вмроните негови, на Груевски и на другите ги испосраа низ оваа убава земја во изминативе дванаесет години. Во прилог му оди денешната пресуда, а веројатно ќе му оди и утрешната, како што му одат и злосторничките позиционирања на вмровската криминална багра и на Водно и во мермерниот мавзолеј на злото во Скопје во врска со темата за името.