Непосредно пред „ограничената воена операција“ врз Украина руските школувани кадри за сајбер војна ги нападнаа образовните установи во оваа земја, па и оние за претшколска возраст, со пораки за поставени бомби. Вистинските бомби дојдоа потоа. Опомената за „нелојалноста“ кон Србија и Македонија дојде лани, најпрвин кон учениците а потоа и кон другхите установи. Во Црна Гора и БиХ заканите про беа кон институциите а потоа се завртеа кон училиштата
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/zimska-scena-1024x432.jpg)
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дали знаете дека нападот на Русија врз Украина започна со едномесечени агресии со лажни јавувања за бомби во основните училишта? Веројјатно – не. Но попладнето на 24 јануари 2022 година илјадници наставници и ученици биле евакуирани поради анонимна дојава за подметнати бомби во училиштата низ градот Чернихив, сега и нам познат по воените дејствија, кој имал околу 285.000 жители. Децата во предучилишна установа во центарот на градот спиеле кога се вклучил алармот. Да, токму така, од алармот не биле исклучени ниту оние кои биле дел од воспитниот процес на најмалите! „Ја добивме пријавата и набрзина ги изнесовме сите деца и вработени од зградата“, изјавила директорката на предучилишната установа бр. 26 Викторија Олексиенко за РСЕ. „Ни требаа околу шест минути да ги извадиме сите деца. Тие спиеја и брзо ги облековме и ги извадивме. После тоа ги повикавме сите родители кои дојдоа да ги земат нивните деца“..
„Трчав да си го земам детето, за малку ќе паднав“, вели жител на Чернихив кој побарала да биде идентификувана како Тетјана. „Бев преплашена. Ми се јави наставничката и ми рече дека морам веднаш да го земам детето. Таа не ми кажа за што се работи и веднаш помислив на најлошото“.
Така, преку лажнитее аларми од овој тип, што ја зафатија цела Украина во време на зголемени тензии меѓу Украина и Русија се најавија руските тенкови. Не многу подоцна, само за еден месец се’ стана јаве – руските трупи го зазедоа овој град, за да го напуштат во првата контраофанзива на восјакта на Украина, во април минатата година. Но, жителите на градот веќе претходно беа станале жртви на еден друг тип на активности кои тогаш и киевската разузнавачка служба СБУ го опиша како „хибридно војување“. Спопред оваа служба (СБУ) уште во 2021 година имало повеќе од 1.100 лажни закани за бомби во училиштата низ целата земја. Само во првите три недели од 2022 година имало 300 апликации во речиси секој град на државата која тогаш имаше 44 милиони жители.
Сите 20 училишта во Славјанск, град во регионот на Доњецк со околу 100.000 жители, кој претходно беше ослободен откако накусо беше заземен од сепаратистите во 2014 година, биле тероризирани со почеток на 25 јануари по закана за бомба која се покажала дека е лажна..Подоцна дошле вистинските бомби…
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/ismet-ramadani.jpg)
АНАЛИЗАТА НА СБУ ЗА ЛАЖНИТЕ БОМБИ И ТОГАШ И СЕГА АКТУЕЛНА Напливот на лажни аларми е руска разузнавачка операција, стои во анализата на СБУ во извештајот објавен на 21 јануари лани, велејќи дека повеќето од заканите се поврзани со извори во Русија или делови од источна Украина кои ги држат сепаратистите поддржани од Москва. Мал број закани дошле од поединци во самата Украина, кои биле имитатори на странски предизвикувачи на стравот. „Целта на специјалните служби на агресорот е јасна“, се тврди во тој извештај на СБУ. „Да се направи дополнителен притисок врз Украина и да се посее тревога и паника во јавноста. Користен бил софистициран софтвер кој прикрива од каде и од кого доаѓаат заканите.
Да се потсетиме дека САД, Украина и други земји тогаш велеа дека Русија собрала повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина и дека подготвува нова инвазија. Кремљ ги негираше тогаш намерите за инвазија на својот сосед. Стравот во овие и други градови од границата со сепаратистите беше поголем заради тоа што тие минаа низ воени дејствија и во 2014 година, кога загинаа 13.200 луѓќ.
Дека Русија е извор на оваа хибридна војна покажува и фактот дека таа е масовен корисник на методата. Впрочем во Санкт Петербург постои специјален баталјон кој се занимава со хибридна војна и сајбер напади –
истакна неодамна претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани во една дискусија.
„Мислам дека е јасно дека сето тоа има еден извор, а тоа е Путиновата Русија, која на еден начин шири страв во земјите каде што мисли дека може да влијае со хибридна војна, односно со најави за бомби“, вели Рамадани.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/ruskis-svet.jpg)
ЦЕЛ: ДА СЕ СПРЕЧАТ ИНТЕГРАЦИИТЕ НА БАЛКАНОТ КОН ЗАПАДИОТ Хибридните напади се закани кои имаат за цел да наштетат или да влијаат на нечија репутација и статус, без разлика дали се работи за поединец, колектив, институција или држава. Тие се комбинација на воени и невоени средства, вклучувајќи дезинформации, сајбер напади, економски притисок…
Професорот по безбедност Стеван Буџаковски оценува дека „поединечните политички субјекти, без разлика дали се од Македонија или од соседните земји, користат современи методи на хибридни средства за дестабилизација за постигнување политички цели“. Тој додава дека не може да се исклучи тезата дека во заднина може да има центар кој има интерес да го дестабилизира Балканот и кој има интерес да го интегрира во ЕУ.
Според Исмет Рамадани, новата безбедносна криза во Косово може да се поврзе со други обиди за дестабилизација на регионот преку различни хибридни напади. Имаме дополнително вклучување на меѓународен фактор во тој дел и се надевам дека нема да дозволат да се отвори нова жешка точка“, вели Рамадани.
Во исто време, македонските институции и нивните системи, како и веб-страниците беа цел на кражба на податоци и хакерски напади. Последниот е од средата, 8 февруари, со хакирање на Фондот за здравство! Во Албанија, локалните власти неодамна откриле дека ирански хакери стојат зад нападот на албанската кибернетска мрежа и постојаното објавување мејлови и документи на високи функционери.
Исмет Рамадани смета дека Северна Македонија и Албанија, доколку не беа членки на НАТО, ќе поминаа уште полошо. Рамадани ја гледа слабата ИТ инфраструктура на земјите од регионот како причина зошто хибридните закани траат толку долго, а сторителите не се откриваат.
„Албанија и Македонија се веќе поврзани со професионалната инфраструктура (во НАТО) која треба да биде софистицирана одбрана од овие напади, но ние како држава сè уште немаме развиена инфраструктура за такво противење и користиме совети и знаење“, вели Рамадани. .
Како членка на НАТО, Северна Македонија има обврска да подготви институции и да ја зголеми отпорноста кон хибридните закани, а за таа цел во 2021 година беше донесена Националната стратегија за градење отпор и справување со хибридни закани.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/nemame-somnenie.jpg)
КАКО ЗЕМЈА СМЕ НА ВРВОТ НА ВЕСТИТЕ ЗА ЛАЖНИ НАПАДИ СО БОМБИ НА УЧИЛИШТАТА Но, со нападите на училиштата кои се обновуваат деновиве, а кои се поклопуваат со започнувањето на второто полугодие (имаше подолга пауза заради продолжениот распуст) јаасно дека освен сеење на страв кај наставниците, учениците и родителите, имаа за цел го рушат рејтингот на власта! И тоа не е никако за потценување.
Ако пробате на Интернет да пребарувате за лажните бомби (fake односно false bombs) во училиштата нашата земја според вестите е на самиот врв! Оттука и нашиот интерес за оваа појава – во блиското минато жртви беа српските образовни установи, потоа и други места на масовно собирање (трговски центри, аеродроми, железнички станици трговски центри…), додека во регионот Црна Гора и БиХ имаа јавувања за поставени бомби во одредени установи, главно судови или државни институции.
Да се потсетиме дека масовното користење на напади со лажни вести по училиштата во Србија беше во мај минатата година. Беше доведена во прашање регуларноста на учебната година! Но, фаскт е дека „епидемијата“ бргу се прошири, забележливо онаму до каде се простира т.н. руски свет. Овие активности можеби се поврзани со најавите за хакерски напади од страна на заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоанu, кој предупреди дека Русија може да се обиде да ја нападне критичната дигитална инфраструктура на Грузија и Босна и Херцеговина, како што направи кога ја нападна Украина, изјави военипт аналитичар. Неџад Ахатовиќ. Според него првите информации укажуваа дека мејловите за бомби во училиштата во кантонот Сараево доаѓаат од рускиот домен.
– За да се постигне поголем ефект на паника, мета беа децата, што не е проблем за Руската Федерација, бидејќи, тие не бираат средства да се справат со оние што ги чуваат на списокот на непријатели. Како што можеме да видиме, сајбер нападите, покрај дезинформациите и дигиталната шпионажа, се дел од нов тип на т.н. хибридна војна, која со користење на овие видови закани првенствено има за цел да создаде паника и атмосфера на терор и страв.
Припадниците на српските безбедносни служби идентификувале неколку земји од кои на адресите на јавните објекти во Србија се испраќаат заканувачки пораки и лажни пријави за бомби. Утврдено е дека осум такви закани дошле од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија. Тие ги идентификуваа локациите на вкупно 19 имејл адреси од кои се добиваа заканувачки пораки за поставени бомби на различни локации во Србија.
УСЛУГАТА НА ШВАЈЦАРСКАТА „НЕУТРАЛНОСТ“ „ Ова е хибридна војна“, изјави премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, за лажните пријави за бомби во таа земја во последните месеци. „Речиси е апсолутно невозможно да се открие од каде е „бакшишот“, изјави македонскиот премиер на 13 декември, на новинарско прашање што се презема за да се пронајдат атакувачите.
Полицијата досега соопшти дека до обвинителството се поднесени само кривични пријави против неколку малолетнi лицa, но тие се само дел од т.н. имитаторите а не дел од позначаен и помоќен, повеќеслоен сајбер центар.
Неофицијалните податоци посочуваа едно време дека мејлот со лажната дојава за бомба пристигнал од интернет платформа со седиште во Швајцарија (подоцна истата адреса се спомена и при сличен напад во Србија!). „Добредојдовте на подобар интернет каде приватноста и слободата се на прво место“. Ова е пораката на насловната страна на Протон мејл, веб платформа од кој според досега објавените принтскринови од меиловите на некои медиуми, се гледа дека се испратени пораките за лажните дојави за бомба во десетина скопски средни училишта.
Инженерот за информациска безбедност Божидар Спировски за медиумите вели дека станува збор за провајдер што физички работи во Швајцарија и се рекламира себеси како екстремно заштитен и гарантира приватност на корисниците на нивниот систем. Тој објаснува дека гаранцијата на приватност на корисниците не значи дека Протон мејл нема да се заштити од злоупотреба во вакви, како што рече, терористички активности. „Затоа што на крајот на денот, ова е дефиниција за тероризам- закана со бомба. Така што, Протон маил гарантира некаква приватност, но кога ќе стигнеме до вистинскиот проблем: ова е терористички чин за кој нашите власти преку Интерпол веројатно веднаш можат да побараат информации. Тие се викаат мета податоци – ИП адреси, од каде е дојдено, која временска зона, од каде стасал тој корисник, кој што на Протон маил ја создал пораката која после стасала како закана“, рече Спировски.
Тој објаснува дека гаранцијата за приватност не значи и гаранција за целосна анонимност за да се тероризира население. Спировски е уверен дека македонските власти ќе ги побараат потребните информации од Протон маил и дека ќе ги добијат.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/reklama-za-doverlivost.jpg)
ИСТОШТУВАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКАТА КОНДИЦИЈА НА ДРЖАВАТА
Професорот на Факултетот за безбедност Злате Димовски во разговор за Радио Слободна Европа вели дека злоупотребата на сајбер просторот е нешто ново што ни се случува во периодов. На прашањето колку е тешко да се откријат сторителите, Димовски вели дека има надеж. „Земајќи в предвид дека тој сајбер простор е многу широк и можностите навистина се разноврсни, се надевам дека имаме капацитети, ова е надеж, дека ќе можеме да откриме“, вели тој.
Но се доби впечаток дека властите како да здивнаа пред Ноца година, кога учениците заминаа на одмор и кога нападите престанаа. Бидејќи не излезе ништо на повидок а испитувањата се завршија кон типилчните аматери во сајбер криминалот некако надеѓта се истопува.
Според изјавите на министерот Спасевски за ТВ Телма во оваа фаза е познато од каде се пратени мејловите, и дека полицијата работи интензивно заедно со партнерските служби за да се дојде до сторителите.
„Ако се работи за терористички активности, односно ако се сака да се направи деструкција и евентуално истоштување на политичките сили, дефинитивно тоа ќе се постигне, тоа е едната страна на медалот. Другите цели би биле, дезорганизација на целиот систем, создавање на страв, создавање на паника недоверба во институциите на системот дополнително од онаа што и досега ја имаше. Ова се цели на екстремни групи, кои што би можеле да бидат нивна крајна цел“, вели Димовски.
Каде би ја нашле трагата на руското субверзивно дејствување во оној дел од регионот до каде се простира т.н. православен свет? Па во фактот дека токму после руската инвазија врз Украина, или после март 2022 година нападите со најави на (лажни) бомби се појави во Србија, Црна Гора,и БиХ и тоа по следен редослед – деловни згради, потоа студентски домови и трговски центри, а кулминираа кон училиштата. Во мај српската полицијата направи проверка во вкупно 224 училишта, а во јуни во повеќе од 300, додека во целиот тој период на проверки наставата мораше да се одвива он-лајн.
Дали ова не е форма на ставање на капак врз замислениот стаклен ѕвонец во кој тие држави треба да се најдат, заробени всо рускиот авторитет? Ако се работи само за училиштата, бисе рекло дека има некаква рефлексија од една земја (Србија) кон другите во регионот, но да се сетиме дека се работи и за напади врз институции (кај нас упатена кон НБРМ, на пример) а тоа се случи во Црна Горта и БиХ, каде пак најпрво беа нападнати институциите (судовите најмногу) а училиштата дојдоа на крајот!
Дали е нападнат само т.н православен свет? Не, секако, бидејќи веќе ја споменавме Албанија, иако таму нападите доаѓаат од рускиот сојузник – Иран. Но сајбер нападите од почетокот на декември ја прават Италија посебна „жртва“ на сајбер напади. Таму се напаѓаат информационите системи на државата додека бомбите се поставуваат на амбасадите на оваа држава (закана со бомба во амбасадата на Атина, на пример), само што таму може да постојат два мотиви за напаѓачите – еден е Русија, која не очекувала дека новата власт во Рим ќе дава воена помош за Украина, но и мафијата која претчувствувала дека нивниот шеф ќе биде фатен, односно се свети откако тој е во рацете на правдата!
Слични напади, пософистицирани има кон другите членки на НАТО, но не се упатени кон создавањето на паника (истата во тие земји веќе си постои по други,конкретни терористички закани), туку со атакување на битни институции. За тоа во друга прилика.