Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛАНСКИТЕ ТOП – 10 ДИСТРИБУТЕРИ

July 14, 2026 Filed Under: Македонија

Листата ја објави порталот „Faktor: portal.mk и се донесува на оние фирми кои имаат најголема добивка во 2025. Не прават само маркетите милиони во Македонија – заклучува овој извор

Листата ја објави порталот „Faktor: portal.mk и се донесува на оние фирми кои имаат најголема добивка во 2025. Не прават само маркетите милиони во Македонија – заклучува овој извор

Покрај маркетите, важна улога во формирањето на крајната цена на храната и пијалаците имаат и дистрибутерите. Тие се алката меѓу увозот, производителите, магацините и полиците во продавниците, а токму кај дел од нив во 2025 година се гледаат милионски добивки.

Станува збор за компании кои во македонската трговија снабдуваат малопродажни маркети со пијалаци, овошје, зеленчук, кафе, чај, кондиторски производи, месо, преработки и други прехранбени артикли. Дел од нив зад себе имаат познати домашни и странски брендови, а дел работат со основни производи што секојдневно завршуваат во потрошувачката кошничка.

Според податоците до кои дојде редакцијата на „Фактор“ од Централниот регистар, десетте најпрофитабилни дистрибутери од оваа група лани заедно оствариле добивка од 23,63 милиони евра.

На врвот е АТЛАНТИК од Скопје, со добивка од 3.769.056 евра. Компанијата работи со увоз, извоз, пакување и дистрибуција на свежо овошје и зеленчук. Во нејзиниот бизнис се опфатени производи како банани, мандарини, праски и друг свеж асортиман, а располага и со магацински капацитети и комори за зреење банани. Сопственик на компанијата е Азем Исмаили.

Втора е АДРИЈУС од село Глумово, Сарај, со добивка од 3.502.103 евра. Компанијата е насочена кон трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, а во јавните профили се поврзува со замрзнато месо, банани и други прехранбени производи. Почетоците ѝ се поврзани со увоз на зелени банани, нивно зреење и дистрибуција до крајните корисници. Сопственици се Реџеп Бајрами со 33,83 проценти, Исмаил Бајрами со 33,09 проценти и Јусуф Бајрами со 33,09 проценти.

Трета е АЛМА-М од Скопје, Бутел, со добивка од 3.078.110 евра. Компанијата е регистрирана за големопродажба со шеќер, чоколада и слатки производи, а во портфолиото и партнерските линии се појавуваат познати брендови како Марс, Нестле, Фереро, Вригли, Фронери и Зот. Како сопственик е наведен Муарем Муртезани.

Четврта е КОЛИД С ТИМ од Колешино, Ново Село, со добивка од 2.743.782 евра. Ова е една од најсилните дистрибутивни компании за стока за широка потрошувачка. Во нејзиното портфолио се наведуваат брендови како Барила, Краш, Старбакс, АБЦ Белје, Полимарк, Мути, Калво, Вуди, Пивац и сопствениот бренд Сандеј. Соственик е Душко Стојков.

Петта е ЧЕЗАКОМЕРЦ од Скопје, со добивка од 2.302.872 евра. Компанијата е најпрепознатлива преку сопствените брендови Кибела и Нутини. Под овие брендови и линии се пласираат зачини, грав, ориз, леќа, палента, брашно, какао, шеќер во прав, јаткасти плодови, суво овошје и кремови.

Шеста е АПЕТИТ ГРУП од Скопје, со добивка од 2.002.763 евра. Компанијата работи со месо и месни производи, а производите под брендот Апетит се појавуваат во малопродажба како димено говедско месо, димено говедско месо во слајс, говедска чајна и суџук.

Седма е КОЛА од Скопје, со добивка од 1.937.525 евра. Компанијата е дистрибутер на прехранбени производи, пијалаци и средства за хигиена. Во јавните деловни профили и дистрибутивни мапи се поврзува со брендови и компании како Унилевер, Хенкел, Лаваца, Нектар, Фруктал, Бамби, Карнекс, Кимберли Кларк, како и со производи како Циф, Доместос и Коколина.

Осма е ПОДРАВКА од Петровец, со добивка од 1.472.397 евра. Компанијата е поврзана со едни од најпознатите прехранбени брендови во регионот, меѓу кои Вегета, Лино, Фант, Долчела, Ева и Квики. Во пракса тоа значи зачини, супи, додатоци за готвење, детски и семејни производи, десерти, рибни производи и грицки.

Деветта е НЕСТЛЕ АДРИАТИК МАКЕДОНИЈА од Скопје, со добивка од 1.431.062 евра. Во локалните деловни профили за компанијата се наведуваат брендови како Нескафе, Долче Густо, Несквик, Маги, КитКат, Лајон, Афтер Ејт, Чириос, Томи и Пурина.

Десетта е ОАЗА ЕКСТРА-СКОПСКО од Штип, со добивка од 1.391.175 евра. Компанијата работи со трговија на големо со пијалаци, а јавно се претставува како дистрибутер на пиво и пијалаци. Во деловните профили се наведуваат пиво, алкохолни и безалкохолни пијалаци, газирани пијалаци и млечни производи.

Оваа листа покажува дека дел од најголемиот профит во синџирот на храна и пијалаци се создава кај дистрибутерите. Тие ја контролираат важната врска меѓу увозот, производителите, складирањето, транспортот и маркетите. Затоа, кога се анализираат цените што ги плаќаат граѓаните, мора да се гледа целиот пат на производот до полицата.

Filed Under: Македонија

МИЦКОВСКИ ВЕЛИ: А СЕГА АДИО!
КРИМИНАЛ: НЕМА ТАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ЌЕ НЕ ОДМИНАТ
ИНФУЗИЈА НАМЕСТО ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ
ПЕЧАТЕЊЕТО НА ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ УЧЕБНИЦИ
УНГАРСКИ МЕДИУМСКИ ЗЕМЈОТРЕС: ИЗВИНЕТЕ ШТО ВЕ ЛАЖЕВМЕ

Најново

  • МИЦКОВСКИ ВЕЛИ: А СЕГА АДИО!
  • КРИМИНАЛ: НЕМА ТАКВИ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ЌЕ НЕ ОДМИНАТ
  • ИНФУЗИЈА НАМЕСТО ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet