Гостинката од градот побратим – Бордо им упати многу лекции на одговорните во Скопје нои нивните се помногубројни критичари. Дали добро ја слушнаа?
ЕКИПА НА ГЛОБУС
Една од клучните луѓе во кабинетот на грдоначалникот на Бордо – Мишел Лари-Шарлиз деновиве беше гостинка на трибината која ја организираше Францускиот институт од Скопје. Срдбата со дел од стручната јавност во градот беше наречена „Скопје наспроти предизвиците на животната средина“. Лари-Шарлиз инаку била кај нас во една истражувачка мисија во мај, во обид на своите колеги од градот-побратим да им помогне.
Таа вели дека Скопје и Бордо се слични, пред се по тоа што имаат приближно сличен број на население и што имаат долго минато како градови, значи имаат одрази на повеќе историски етапи и различни етапи кои се одразуваат во огледалото на минатото. Бордо има 1.700 хектари на површина на кои се наоѓаат објекти од светското културно наследство, официјално признаени од УНЕСКО.
Во еден миг Бордо бил во голема криза – економска, популациона, сообраќајна, урбанистичка … Градот за брзо време изгубил 100 илјади жители, имало празни куќи и станови и насекаде се гледале последиците на неговата стагнација. Бил повеќе познат по тоа што има авио база отколку по било што друго.
Тогаш на чело на градот е избран Ален Жипе, кој подоцна ќе стане политичар на врвот на француските влади. Во Бордо инаку градоначалниците не се менуваат често – постојниот е на таа функција 20 години и во неговиот избор се гледа само смислата за менаџирање а не политичката обоеност, вели гостинката.
„Комитетот за спас“ се обидел да ја анализира состојбата и да види од каде треба да почне „средувањето на градот“. Се тргнало од сообраќајот – определбата била дека најдобро е да се определат за трамвајот, бидејќи градот е е низински поставен, полесно се покрива на овој начин а згора трамвајот не загадува. Изградени се 70.000 километри пруги а поврзани се сите точки кои се определени како клучни за покривање на сите потреби на граѓаните: одење и враќање од работа, трговија, култура, спорт и разонода… Следната цел била изградбата на кеј кој ја димензионирал реката и ја направил вистинска артерија за граѓаните. Ова било многу значајно бидејќи создало нова визура а го вратила Бордо меѓу омилените места за Французите. Еспшресниот и чист превоз ги исфрлил автомобилите а пак овие ги направиле непотребни паркинзите, со што тие простори денес се едни од најубавите.
Не можете да очекувате многу за една година, како што тоа се прави сега- искоментира гостинката, коментирајќи ги многубројните забелешки на актуелната градска власт која е на таа позиција од неодамна.
Лари-Шарлиз вели дека планирањето и трпеливоста се клучни во развојот на еден град како Скопје, при што секогаш мора да се води сметка за тоа не што денес, туку што утре ќе му треба на градот! Во Бордо во мигот работи биле предвидени однапред, како на пример, економската криза од половината на
Минатото десетлетие. Сега тим на аналитичари работи за тоа што ќе му треба на Бордо во 2050 година. Се користат многу атрактивни методи на испитување на јавното мислење кај најмладите, оние кои ќе бидат зрели луѓе после 30 години, што нам ни изгледа како утопија.
– Да, никој пред 20 години не знаеше дека ќе постојат умни телефони а денес тие ни се клучна „врска“ со граѓаните! Но, ние знаевме дека кризата ќе се случи на почетокот на овој век и затоа не одевме кон ширење на станбените комплекси, кога веќе имавме толку многу стари напуштени станови. Денес немаме празни станови бидејќи средната класа осиромаше нагло, таа сега ги напушта своите куќи, вили, кои ги изгради во поубавите години. Одеднаш се соочи со тоа дека не може да ги издржи тие трошоци, од сообраќајни, се до непотребното губење на време во патувањето таму-ваму секој работен ден. Кога градот стана од еколошки гледна точка привлечен, се изгуби и главниот мотив да се живее далеку од адското јадро! Денес имаме 200 илјади нови жители, дел од нив поранешни сограѓани, кои се вратија – вели гостинката.