Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛАРС ВИЛКС: ГО СТИГНА ЛИ ФСТВАТА НА АЛ КАЕДА?

October 5, 2021 Filed Under: Ревија

Трагичен крај на карикатуристот од Шведска – објави илјадници цртежи а заради еден беше ставен под полициска заштита. Почина во засега необјаснета сообраќајка. Дали тоа беше трет обид да сбиде убиен?

МЕТА Карикатуристот претходно преживеа два обиди да биде убиен – еден пожар во домот и пукање во кафуле

Една единствен цртеж го промени неговиот живот – Ларс Вилкс живееше под полициска заштита откако објави карикатура на пророкот Мухамед. Швеѓанецот загина во сообраќајна несреќа. Таа се случила во недела приквечер, во местото Марканд, на југот на Шведска, додека карикатуристот се возел со двајца полициски службеници кои биле негови чувари. Сите од полииското возило погинале, додека возачот на каминот кој удрил во нив е само повреден!

Ларс Вилкс лебдеше во постојана животна опасност. Откако во 2007 година беше  објавена карикатура на пророкот Мухамед, нацртана од Вилкс, за фанатичните муслимани тоа беше причина да му се закануваат со смрт. Вилкс, кој имаше 75 години, поради смртните закани од страна на исламистите, беше под постојана полициска заштита од 2010. година.

Карикатурите на Вилкс на кои беше претставен пророкот Мухамед, но и на други карикатуристи, како Данецот Курт Вестегард, предизвикаа бран протести на муслиманите во светот. Вилкс стана објект на омраза кај фанатичните исламски верници, Ал Каида дури распиша и награда за негово убиство во висина од 100 илјади долари. Тогашниот шведски премиер Фредрик Рејнфелд повика на разговор 22 амбасадори од исламските земји со цел да ја смири ситуацијата, но разговорот не вроди со плод. Не само што се даде лик на пророкот Мухамед, што не е дозволиво по исламските канони, туку пророкот доби кучешка глава.

МЕСТОТО НА СООБРАЌАЈКАТА Полицијата не дава никакви корисни детали за објаснување на настанот

Во 2010 година две лица извршија обид за атентат со подметнување пожар во неговата куќа. Во 2015. година беше пукано во кафуле во Копенхаген, во кое се наоѓал Вилкс, тој самиот остана неповреден, а едно лице притоа загина. Инаку карикатуристот, чија примарна професија е – скулпторството, пред се поставувањето на инсталации, тогаш допатувал во Копенхаген да зборува за слобофдата на творештвото. На него било пукано иод пиштол а починатиот бил режисер, исто така учесник на дебатат а со кого во мигот пиел кафе.

Целта на Вилкс, како што изјави еднаш самиот, не била да ги провоцира муслиманите, туку да ја стави на проба политичката коректност во уметничкиот свет.

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet