Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ЛА ВЕРИТА“ ТЕНДЕНЦИОЗНО ГО ВМЕША И ЗАЕВ ВО „РЕКЕТ“

October 21, 2019 Filed Under: Македонија

Симптоматичен е тајмингот во кој италијанскиот весник излезе со вакво „спектакуларно откритие“, само еден ден еден откако премиерот Заев на прес-конференција во Владата најави брзи предвремени парламентарни избори

ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА

ЗАЕВ ВО ЛА ВЕРИТА Медиум за ширење на лажни и тененциозни вести

Италијанскиот весник „ Ла верита“, кој ги пушти снимките за скандалот „Рекет“, во неделата (20.10.2019)  објави тенденциозен и маниупативен текст во кој тврди дека „премиерот Зоран Заев  ургирал кај обвинителката Вилма Рускоска да се одблокираат 750.000 евра  кои бизнисменот Силјан Мицевски  ги уплатил на сметка на пензионерката Лидија Тодоровска за изградба на домови за стари лица“.

Во написот на весникот се споменува обвинителот Наум Пановски и неговото наводно сведочење пред Републичкото јавно обвинителство.

Според нашите информации, а и од сведочењето на обвинителот Наум Пановски пред републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите. „Русковска, не случајно фаворитка на Заев за замена на Катица Јанева, специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев. Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите, 750.000 евра, биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа – пишува „Ла Верита“

ДЕМАНТ Написите во Ла Верита ги демантираше и републичкиот јавен пбвинител Љубомир Јовески

Но, набрзо по ваквата објава обвинителот Пановски во изјава за повеќе медиуми ( „Дојче Веле“,  МКД. А1 ОН)  ги демантираше наводите на италијанскиот весник:

„Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Рускоска била шеф на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив беа блокирани неколку месеци“.

Споменатите тврдења на „Ла Верита“, исто така, ги отфрли и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во изјава за МИА.

„Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ниту, пак, има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал“ изјави Јовески.

ИЗМИСЛИЦИ и Обвинителот Наум Пановски јасно го демантира написот во Ла Верита

Вреди да се каже и дека е симптоматичен тајмингот во кој италијанскиот весник излезе со вакво „спектакуларно откритие“, само еден ден еден откако премиерот Заев на прес-конференција во Владата најави брзи предвремени парламентарни избори.

И овој текст на „Ла верита“ први и веднаш по неговото објавување го пренесоа медиумите кои важат за блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

(vistinomer.mk)

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet