Во таа насока често помагаат и некои НВО-а, чија заднина е лесно видлива, воскреснуваат веќе избламирани извори како Ла Верита а јклучните актери остануваат исти

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Темата на вакцините против ковид-19 не престанува да биде актуелна во земјава од причина истата едноставно сама по себе е податна за форсирање на поголема агилност кај здравствените власти. Како што рече во понеделникот еден од најодговорните луѓе за имунизација во врвот на здравството – Александар Петличковски, ако продолжиме да немаме вакцини за масовно имунизација на населението, тие и не мора да дојдат, бидејќи со вака зголемениот број на новозаразени, од над илјада на ден, бргу ќе се создаде онаа имунизација на стадото (добро не го употреби тој изразр, но на него се мислеше)
Официјално вакцина против Ковид-19 досега примиле 4.782 здравствени работници. За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, пак, досега се пријавиле 80.201 граѓани, а 56.821 преку матичен лекар.
Неофицијално и кај медицинските работници постои отпор кон вакцинирањето, па дојдените вакцини до сега и оние кои ќе дојдат од пристигнатите пакети (вкупно околу 15 илјади парчиња) не се трошат со очекуваната брзина! Нема засега никакви податоци за неповолни исходи кај вакцинираните медицински работници по првото вакцинирање, освен што две од вакцинираните паднале во несвест кога примале руска вакцина, но велат колегите дека тоа било од страв!
Ние сега не можеме да мислиме на тема „што ќе правиме со вакцините ако немаме доволно пациентити“, која е актуелна тема во Србија (каде има повеќе вакцини од кандидати за вакцинирање), бидејќи на дневна основа сме притиснати со прашањето – кога тие ќе стигнат. Но прашањето е одлична мета за опозицијата, пред се за ВМРО ДПМНЕ, кое држи по дузина пресови секој ден. Таа критика не треба да прекине, но треба да биде разумна и во корист на белким единствената цел: заштита на населението од новата чума! Впрочем, и во земјата со која оваа партија им а најголеми врски – Унгарија, владее паника, по сите основи. Да не говориме за тоа дека лидерот Мицковски, кој е актуелен пациент во Инфективна и го фали персоналот, не многу одаман тврдеше – во рамки на партиската пропахганда – дека ќе донесе поквалитетни доктори од Словенија! Сеедно, таа критика најчесто е непродуктивна и омаловажувачка и повеќе прави „замешателства“ во општата атмосфера во земјата, а далеку е од тоа дека води кон конструктивни разрешници, па помагања да минемеподобра во ваа општа неволја Тужбите кои ги најави министеротм Филипче викендов секако се еден сегмент од тој политички пејсаж.

Да појдеме по ред.
Основно прашање е дали ние како одговорна држава сме знаеле на која врата да чукнеме? ВМРО ДПМНЕ и дел од невладиниот сектор (Тасева од Транспарентност Македонија) тѕврдат дека сме требале да одиме по дипломатско-државнички пат и така би ги добиле потребните количества на вакцини и би се одбегнал сомнежот дека некој би ставал пари во својот џеб при овие трговии. Дали е тоа точно? Да видиме штов кажуваат некои очевидни примери.
Кога неодамна јавноста во Србија беше известена дека претседателот Вучиќ во набавката на вакцини од „братска Кина“ ги набавил во ЗЏаливот, посочениот збесна и едноставно ја стопира кампањата што би одела против тезата „јас и претседателот Си Џинпинг“, како доказ дека неговите лични врски со Пекинг не донеле толку многу имунитетска муниција, туку работата ја завршиле посредници Вучиќ помина на посигурниот аргумент – не е важно како дошле вакцините тука, важно ги имаме. Додаде дека ако треба ќе оди со торба полна пари под мишка низ светот за да обезбеди здравје за својот народ. Инаку, Абу Даби е адресата преку која во Србија ќе прави нова фабрика за вакцини во Србија. Зошто нема договор со Пекинг, директно! Нека користи директна дипломатија, што би рекла Тасева?! Вакцините се кинески, како и „авторското право“. Кој сака нека го заклучи она што може од овој факт.
Да ја потсетам јавноста дека многу фалениот израелски добар пример во вакцинација на населението (најдобри на светот) се должи, како што истакна премиерот Нетанјаху, на неговите лични врски со шефовите на Модерна и Фајзер. Јавно кажа дека ги корумпирал (со јазикот на овдешните НВО-а) истите, иако се пријатели со тоа што им понудил да им плати по еден долар повеќе по вакцина во однос на она што тие го добиваат за својот производ. И ја завршуил работата.
Никому не му текнува да го обвини за корупција, сите го фалат што го заштитил граѓаните (овој месец треба да има избори во оваа земја) .
Еден лекар деновиве (тоа беше Пауновски) рече дека поважно е при набавка на вакцини ако некој игра голф со производителот, што јасно кажува дека преписката по дипломатски пат (Тасева) е вистинскиот начин.
Деновив е министерот Филипче ја корегираше изјавата на претседателот (не било Фајзер, туку Модерна) кога кажа дека Пендаровски користел личен контакт со произведувачот за да добие вакцини ама добил одговор дека фирмата не контактира со ниту една држава јкоја има два милиони жители. Дали е ова доволна поука?

За да се анализира овој случај по антикорупциска метода треба да се знае следното, меѓу другото:
- Во светот има 130 земјио во кои не е почната вакцинација. Зошто тоа се случило? Им доцни дипломатската пошта?
- Цените во овој бизнис, кога има огромен кусок на вакцини во однос на побарувачка, едноставно се кријат како змијата нозете. И тоа е разбирливо. Ова не води кон корупција на целиот систем а истиот едноставно може да го наречете и пазарен. Со сите парадокси – Кина да го произведе вирусот или да го изнедри а денес да ве уценува и да прави паzар во кој има идеологија. И ние ќе се правиме слепи при очи и ќе тврдиме дека Хонг Конг не е Кина (Милошоски) ако нечија адреса е во овој град. Значи ако некој мисли дека без утвврдување на тоа што е фер цена ќе утврди што е натплатено прекумерно во оваа ситуација е многу ииотски! Впрочем, кинеските градежници кај нас, видовме, не бегаат од корупција од највисок вид (Груевски – Јанакиевски) а во нивната земја има случаи на стрелање на поединци за корупција со далеку помали суми.Тие си имаат двојни аршини по ова прашање и за тоа е глупаво да не се води сметка за целиот контекст
- Да се одлучиме што е неуспех – кога немаме вакцини, бидејќи одевме согласно на меѓународни договори и процедури (го изедовме тој стап) или кога се обидуваме по секоја цена да добиеме вакцини (тука не чекаат на ќошето невладините и опозиционерите). Пазете – мора да се бирa со која постапка правиме поголема штета, здравјето е во прашање а тоа велиме нема цена… Да се одлучиме, не можеме да ги користиме двата методи на оценување на успехот. Би било лицемерно!!
- Дајца диектори од двете кинески фабрики за вакцини против Ковид-19 пред Нова година јавно изјавија (ги пренесе Ројтерс)ц дека две држави се согласиле нивните осигуреници д абидат еден вид на експериментални „глувчиња“ со цел да се испробува ефикасноста на нивните прозиводи, кои тогаш беа во трета фаза на испитување и само што добија времена дзовола од властие во Пекинг! Тие две држави се – Србија и Пакистан.
„Ројтерс се повикува на информација на кинеската национална групација Биотек (ЦНБГ) и Синовак Биотек ДОО дека нашле ’уште две земји да извршат клинички тестови во доцните фази на нивните кандидати за вакцини за коронавирус, бидејќи Кина ги засилува своите напори во глобалната трка. Србија и Пакистан се согласија да учествуваат во фазата 3 на испитувањата на кандидатите за вакцини на ЦНБГ, додека Синовак, втората фирма, доби одобрение од Турција и Бангладеш“.
Да, тука има условување (како и да го наречете тоа) и факт е дека таа услуга практично и нема цена. Што би рекле НВО-ата и ВМРО ДПМНЕ ако нашата влада се согласеше на таков услов? Лесно можеме да замислиме.
Сигуерно дека кај нас има многу проблеми, главно кадровски и информациони кога говориме на таа тема Има тука ммногу случаи на „наше дете, стручен неопходен кадар“ и слично… Да го земе пак кинескиот пример.
Кој не претставува во Кина и зошто е тоа важно?
Гостинот во емисијата „Три тачке“ што оди на N1 телевизијата –
Слободан Тркуља говореше за тактиката на преговарање на Кинезите. Тој имено живее и работи таму долго време. Вели ако Кинез во преговори ви рече „јес“ тој мисли „да“. Ама ако рече „хм,јес“ соговорникот мисли – не. Кинез никогаш не вели – не во преговори. Ама нашите никогаш немаа вистински човек во оваа земја (Шамбевски беше најдолго време таму) за да го научи тоа! Преклани Телма јави дека за амбасадор во оваа земја беше именуван извесен Чупи (Беса) кој претходно бил имам во Германија… Е толку и се е јасно. Разните кадровски понуди во компликуван коалиционен „пазл“ просто ја голта ефинаноста на секое ниво.- од локално се до интернационално.

Впрочем, обновата на италијанскиот медиум „Ла Верита“ како давател на „аргументи“ одново стана извор на измислени факти за земјава. Тие факти потоа се преземаат од страна на ВМРО ДПМНЕ и нивните медиуми (а тие се во апсолутно мнозинство), па се прават сериозни проблеми и таму каде ги нема.
Викендов од Министерството за здравство објавија дека е објавен лажен документ кој не е поврзан со набавката на вакцини. Од ова Министерството ги демантираат и осудуваат пласирањата на лажните документи кои опозицијата и медиумите блиски до нив ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид 19. Притоа се истакнува дека партијата ВМРО ДПМНЕ „свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои единствено од за нив разбирливи причини објавија таканаречен документ, кој е лажен, на ниту еден начин не е поврзан со процесот за набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста.“
Во тој нивни „доказ” се спомнува сума која е лажна, иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид 19. И ВМРО ДПМНЕ и медиуми блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините. Тоа е глобална политика на сите производители, но и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини, потенцираме дека станува збор за лажен податок.“
Знаеме како заврши онаа сторија дека од ВМРО ДПМНЕ донеле донирана опрема од Словенија – се покажа дека тоа не е опрема која ни ја дава Јанша, туку дека се работи за транша помош која ја дава Унијата! Тоа е суровата вистина во обидот да се стенат поени на сметка на сопствениот рејтинг. А знаеме кој е севкупниот губитник во целата таа капшканица што се прави секој ден од леарницата на лажни вести.