Само во 2013 година, пред избори ВМРО ДПМНЕ легализираше по банална цена 13.000 диви објекти. Изборите ги дои ама нека проба сега некој да пробие улица или да изгради легален објект на местата на тие „урбани чиреви“
ГЛОБУС МАГАЗИН
Дивоградбите да не се легализираат по едно евро за квадрат, туку оние кои граделе бесправно да плаќаат комуналии според цените на општината и плус пенали оти не го почитувале законот. Ова е ставот на ЗЕЛС по однос на новиот нацрт-закон кој го предлага Владата за легализирање на објектите изградени до 2018 година.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов по завршување на седницата на Управниот одбор рече дека сите градоначалници едногласно одлучиле дека легализацијата мора да престане на начин но кој се одвиваше досега, односно по едно евро за квадрат. Според градоначалниците нацрт-текстот не ги задоволува потребите на општините ниту биле предвидени сите ситуации, па затоа ќе се работи на негови измени и доработка.
Посебна работна група од пет градоначалници заедно со Министерството за транспорт и врски ќе работи на изнаоѓање на законско решение како бесправно изградените објекти да бидат внесени во правниот систем. Нашиот став е дека покрај комуналиите кои законски си ги плаќаат граѓани, оние кои граделе диво да платат плус и пенали и тоа најмалку 50 отсто од цената на комуналии. За нас е важно да нема легализација за едно евро, ниту да ставаме временска рамка до која година ќе може да се легализираат дивоградби. Така стимулираме на определен начин незаконско градење – рече Шилегов.
Како што кажа Шилегов можност за легализација ќе имаат оние градби кои можат да бидат вклопени во Деталниот урбанистички план, односно не се наоѓаат во забранети и заштитени зони за градба. Ако не влегува градбата во ДУП-от, ќе се урива.
Во државата штрчат над 70 илјади дивоградби, од балкони, надворшени тоалети, до станбени повеќекатници. Формулата е едонаставна ако се прифати моделот којшто се заговара во ЗЕЛС. Сегашната пресметка за куќа од 120 квадрати со поткрвје, балкони и гаража по различни основи за премстка чини 438 илајди денари, тогаш оние кои граделе без дозвола за истиот објект ќе треба да платат над 700, 000 денари за легалзација плус дополнителни административни трошоци.
Порталот Apla.mk пренесува дека во Општина Битола, на поример, за ист случај за легализација на дивоградба, во изминатите години една општинска служба го завршувала процесот и се чекал уште потписот на градоначалникот, а друга констатирала дека објектот бил бесправно изграден подоцна од законскиот термин, поточно по 2011 година.
Вака општинските власти одговорија на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Наташа Петровска откако станала градоначалничка немала издадено ни едно решение за легализација. Петровска возврати дека процесот не е закочен, туку дека сите случаи се разгледуваат внимателно зашто забележале нерегуларности во одлучувањето по предметите за легализација на бесправно изградени објекти.
„Открив неколку такви случаи на преклопување на два спротивставени документа од една иста администрација. Веќе завршен процес на легализација до издавање на решение да го потпиши градоначалник од една страна и од друга издадено решение за воочена дивоградба на бесправбно изграден објект после март 2011 година. Кога ги открив овие неусогласувања решив дека на тоа треба да се пријде сериозно и да се добијат од други инстанци инструкции како да се постапува во таков случај, а притоа да се заштити и правото и интересите на општината и на државата“, рече Петровска.
Таа побара од градежната инспекција да и достави список на сите граѓани за кои е издадено решение за воочена дивоградба после 2011 година. Секое решение за легализација кое ќе дојди на потпис кај неа ќе биде споредено со тој список, ако нема преклопување постапката ќе заврши и решението ќе се издаде.
Со спроведената легализација во одредени делови од градот се направи таков хаос, што сега за да се донесат нови сообраќајни решенија, Општината ќе треба да плаќа големи суми за експропријација на легализирани, а бесправно изградени објекти..
Не е тајна дека легализацијата на диувоградбите беше многу можен начин да се купуваат гласови од оние кои изградиле такви објекти. Даја земеме изборната 2013 година, како пример, кога кандидатот за градначалник на Центар Владимир Тодоровиќ, само во еден ден додели 50 дозволи за легализација во Маџир маало. Тогаш тој, во придружба на сега судениот по многу предмети Миле Јанакиески истакна дека „процесот на легализација се одвива според планираната динамика. Веќе имаме околу 50-тина илјади легализирани објекти на територијата на Република Македонија. Очекувам по завршувањето на изборите дека уште повеќе ќе се забрза легализацијата. Владата како што вети пред граѓаните го донесе Законот“ – изјави тогаш Јанакиески.
Пред извесно време, потсети тој, донесовме измени на подзаконски акти со што овозможивме земјиштето под куќите кои се легализирани, а е на Република Македонија, граѓаните да можат да го откупат за едно евро по метар кавадратен. Според него, „Маџир маало е препознатливо место во Скопје каде има голем број нелегално изградени објекти кои со промена на ГУП-от и на ДУП-овите кои следат, ќе бидат легализирани. „Сакаме да упатиме порака до граѓаните на Маџир маало, Ново маало и Крњево дека службите во општина Центар максимално се посветени на решавање на проблемите со легализација. Имаме постојани средби и има дел од решенијата кои се ставени во мирување бидејќи во урбанистичкиот план имаме сообраќајници на нив. Заедно со овие граѓаните се прават напори за измена и дополнување на планот за тоа како не би влегувале овие сообраќајници во нивните дворови“ -изјави Тодоровиќ.
Да, тоа упали тогаш – да се лчегализира нешто за по 1 евро по квадрат е лесно ама потоа доаѓаат маките…