Во предметот на тужбите против Центарот за изучување на македонскиот јазик пресуди грчкиот правосудсен систем и ги изненади оние оформија оваа образовна форма
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/lerin.jpg)
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и официјално потврди дека локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик.
Според Стилијанос Самарцис, кој ја сподели веста на социјалните мрежи, „тоа беше пријатно изненадување од грчкиот правен систем“.
Тој изјави: „Во иднина чекаме да се отворат приватни македонски училишта и македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем во Егејска Македонија за новите генерации да го учат македонскиот јазик. Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа праведна одлука“.
ОМД претпазливо ја поздравува оваа судска одлука. Борбата за нашата еднаквост и човекови права во таканаречените демократии како Грција е далеку од завршена. Мора да продолжиме да го едуцираме светот за ефектите и влијанието врз Македонците како резултат на поделбата на географска Македонија во 1913 година од страна на западните сили.
Досега се реализирани три судења по поплаки од една политичка партија, втора од обвинителот на Лерин и третата од едно здружение. За никоја од постапките досега нема одлука и процедурите продолжуваа
Вкупно 10 постапки се водат во грчкиот суд против Центарот за македонски јазик во Грција, а тоа се жалби од трети страни кои бараат здружението да биде укинато. Во судските документи здружението е наведено со кирилично писмо и се именува со неговиот оригинален назив.
Досега се реализирани три судења по поплаки од една политичка партија, втора од обвинителот на Лерин и третата од едно здружение. За никоја од постапките досега нема одлука и процедурите продолжуваат, изјавиле од здружението за „Фокус“.
Центарот беше регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција лани во ноември.