Генерално земено, поскокот е дневен вид, но некогаш може да биде и ноќен, во потоплите делови од неговиот ареал. Тој е спора и речиси флегматична змија, која не е многу раздразлива, иако кога ќе се вознемири гласно шишти. Поскокот е најопасна змија, од било која друга европска отровница од која страдаат шетачите
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Момче од Македoнија, на возраст од 14 години, кое било на семеен одмор во Ниш, Србија било каснато од опасната змија поскок пред помалку од два месеци. Тоа било пренесено во Универзитетскиот клинички центар, каде добил осерум против отров за змија. Малолетениот пациент со повреда од каснување од змија имал оток на левиот образ, кој бил саниран. Добил антивиперинум и нема никакви компликации, добро реагирал – рекле од Клиничкиот центар во Ниш. Така, во време на ковидот-19, кога заедничка грижа е чувањето од пандемиските контакти, одеднаш се вративме на локални и традиционални опасности. Змиите се секако една од нив.
Во печатот од летните вести за блиски средби меѓу влекачите и туристите ја најдовме и веста од Словенија, каде туристка од северните делови на Европа, била касната од змија – таа едноставно и не знаела дека постојат отровници. Била наулчена дека кај неа нема отровници! Сакала да ја фати змијата со која имала средба во планините. Со хеликоптер била итно пренесена во Клиничкиот центар во Љубљана.Според информациите од болницата, животот на пациентката не е во опасност и таа веќе се чувствува подобро. Од почетокот на годината четири лица се пријавиле во болница во Љубљана поради каснувања од отровни змии, а тројца примиле антисерум.
Ретко се случува змија да касне некого, но ако ви се случи тоа, лекарите советуваат дека е важно да го забележите изгледот на змијата, по можност дури и да ја фотографирате, да ја исчистите раната и веднаш да побарате лекарска помош.
За волја на вистината на Балканот, каде има отровници, средбите со поскокот (или камењарката) не се ретки, но можностите да бидете каснати не се толку чести. Оваа змија – Vipera ammodytes – е од семејството на отровниците (Viperidae) која живее само во јужна Европа, на Балканот и иво делови од Блискиот Исток. Важи за најопасна змија во Македонија па и цела Европа поради големината, долгите заби (до 13 мм) и јачината на отровот. Постојат пет подвида
Оваа змија достигнува вкупна должина (тело и опашка) од највеќе 95 см, иако повообичаено е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Единките што живеат во северните краишта се забележително поголеми од оние во јужните.[3] Главата е прекриена со мали неправилни лушпи со мазна или само малку засртена површина, со исклучок на пар големи надочни лушпи што го го надминуваат задниот раб на окото. Околу самото око има 10-13 мали лушпи во два реда кои ги делат од надуснените лушпи. Носната лушпа е голема, единечна (ретко поделена) и одвоена од клунената лушпа со една носноклунена лушпа. Клунената лушпа е поширока, а покуса.
Јасна особеност на поскокот е рокчето (острица) на муцката, веднаш над клунената лушпа. Составено е од 9-17 лушпи распоредени во 2 (ретко 2 или 4) напречни редови.[3] Достигнува 5 мм е меко и свитливо. Кај јужните подвидови рокчето е исправено, а кај западниот подвид е накосено нанапред.[5]
Телото е прекриено со силно засртени грбни лушпи во 21 или 23 редови (ретко 25). Лушпите кои се граничат со стомачните лушпи се мазни или слабо засртени. Мажјаците имаат 133-161 стомачни лушпи и 27-46 подопашни лушпи во парови. Женките имаат 135-164 стомачни и 24-38 подопашни лушпи. Чмарната лушпа е единечна.[3]
Шарите се разликуваат кај половите. Мажјаците имаат неправилни темнокафеави, темносиви или црни белези. Од зад окото до задниот дел на вилицата се протега широка црна пруга. Јазикот е црн, а очната шареница има златесто-бакарна боја. Мажјаците на тилот имаат темна дамка или белег во облик на буквата V кој често преоѓа во кривулестата шара на грбот. Долната страна на телото има различна боја кај различни единки, и тоа во разни нијанси на сиво, понекогаш жолтеникаво или розеникаво сива или пак жолтеникаво кафеава. Грбната кривулеста линија е темносива или црна, понекогаш со уште потемен раб. Од обете страни има ред темни (понекогаш жолтеникави) точки, понекаде поврзани со брановидна лента.[3]
Женките имаат слични шари, но се помалку впечатливи. Обично немаат белег на тилот, а долната страна тежнее кон кафеави и бронзени нијанси сивкаво кафеава, црвенкасто кафеава, бакарна, темна драп или циглеста црвена. Грбната кривулеста линија е нијанса на кафеава.
Двата пола имаат кривулеста шара на грбот која јасно се распознава од посветлата заднина и често е прекршена. Самиот стомак може да биде сивкав, жолтокафеав или розеникав со мноштво црни точки. Понекогаш е црн или синосив со бели дамки и бел пораб. Делот под вилицата е посветол од стомакот. Долната страна на врвот на опашката може да е жолта, портокалова, портокаловоцрвена, црвена или зелена. Младите имаат исти шари како возрасните.
Јужна Австрија, североисточна Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија[6], Грција (вкл. Кикладите), РоманиПоскокот живее претежно на суви каменести падини (поради што е наречен и „камењарка“) со проретчено зеленило и понекогаш на рабовите од шумовити предели. Се среќава и меѓу луѓето: на железнички насипи, на обработливо земјиште и особено во лозја, во шут и на камени ѕидови. Во релативно топли краишта се среќава и на височина до 2.000 метри.
Генерално земено, поскокот е дневен вид, но некогаш може да биде и ноќен, во потоплите делови од неговиот ареал. Тој е спора и речиси флегматична змија, која не е многу раздразлива, иако кога ќе се вознемири гласно шишти. Поскокот е најопасна змија, од било која друга европска отровница од која страдаат луѓето, посебно пред да биде достапен современиот третман. Пролетта и летото во текот на 2008 година, кога беа реализирани теренските истражувања, беа многу суви и топли, што е причина за редуцирана активност на видот. Оттаму, теренските наоди за овој вид не коренспондираат со реалната фреквентност на видот во НП Галичица. Во рамките на нашите теренски истражувања, поскокот беше регистриран само на пет локалитети: островот Голем Град, клифовите во близина на Стење, Стењското блато, карпестиот рид над село Лескоец, Два Јавора и во близина на Црвена локвја, Бугарија, Турција, Грузија и Сирија.
Поскокот е активен во текот на целиот ден. На поголема надморска височина е поактивен на дневна светлина. Во пониските предели се среќава во секое време од денот и уште почесто ноќе со зголемувањето на дневната температура.[3]
И покрај општите сфаќања, поскокот е мрзоволен и воопшто не е агресивен — не каса доколку не е значително предизвикан. Кога се на препад, некои поскоци с’скаат и потоа бегаат, додека пак други веднаш одат во напад.[3] Спијат зимски сон 2 до 6 месеци во годината, зависно од условите.
Оваа змија претежно се храни со мали цицачи и птици. Младите претпочитаат гуштери. Ловното поведение зависи од големината на пленот. Поголемиот плен се каснува, се ослободува, се следи, па се голта, а пак малиот плен просто се голта. Повремено јадат и други змии. Забележан е и канибализам
Отровот може да биде прилично токсичен (според на испитувања врз глувци), но се разликува од временскиот период и кај разни жртви. Има протеолитични и невротоксични делови и содржи хемотоксини што ја засируваат крвта, со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките. Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш. Може да се јават вртоглавица и отрпнатост.
Луѓето, глувците и птиците веднаш реагираат на каснувањето, додека пак гуштерите се помалку засегнати, а водоземците дури можат и да преживеат. Европските змии како планинскиот смок и барските змии може да се имуни.
Отровот на поскокот се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.
Видот прв го опишал истакнатиот шведски биолог Карл Лине во неговото дело „Систем на природата“ во 1758 г. Подоцна, подвидовите ги опишал Ж.А. Буланже на почетокот на XX век. Според европските документи видот е заштитен согласно: Директивата за живеалишта
Законот ја штити камењарката а таа самата најдобро го прави тоа. Добро е секако кога и чќовекот би бил внимателен. Оосбено лете, кога се движи почесто.