Бајден е еден од ретките политичари чии војници биле ангажирани во странство а кој повлекувањето го направи консеквентно и со јасна политичка одлука. Немаше криење зад флоскули од типот „Америка прво“. Прашањето е дали сега тој може да стане нов Де Гол и да отвори нови перспективи за светот – по повлекувањето од Алжир високитои генерал ја отвори идејата за Европската унија.. На светот му требаат лидери кои ќе отвораат општ напредок на сметка на застарените методи
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во филмот „Човекот кој сакаше да стане крал“ постои една уметничка форма на реплика на мотивот на некогашниот антички војсководец Александар Велики да ја реализира својата политичко-воена љубопитност и да стигне до Хималаите. Неколку офицери од среден ранг, дел од подхималајската регимента на бриотанската империја ја бараат бибилиската земја на спокојот и изобилството, воедно и на безработицата и насладувањето (митот за Шанги Ла го обнови хипи движењето во втората половина на 60-тите) со тоа што некаде високо, под врвовите на покривот на светот, беа пречекани како потомци на Големиот Александар и веднаш (едне од нив) бешe востоличрн како крал. Но, филмот ја покажува и втората страна на таа ненадејна среќа – боговите не може само да владеатѕ, од нив се бара и за народот да донесат среѓа. Па дојденците ќе мора да се спасуваат пред разлутениот народ…
Суштината на сите воен иинтервенции секако се состои во тоа што кога со воена сила се влегува во една далечна земја (да ги оставиме за час споредбите со далечните ликови и војски) се јавуваат облигации. Впрочем, старите освојувања биле едноставно грабачки (Џингис Кан, на пример) кои се состоеле во привремено нхранување на сопствената глад со туѓата неволја а за она „потоа“ кому му било гајле: тешко на преживеаните.
Втрата фаза на освојувањата (колонијализмот) значел повеќевековно искористување на ресурсите на еден огромен простор. Британската нога влегла на индискиот потконтинтн на стартот на 17 век и не може едноставно да се толкува дека била поразена, ако се има во предвид добивката од тоа присuтсво таму. Факт е дека со актуелниот Авганистан работите стоеле малку полошо, но тоа било подрајче кое и тогаш и сега има скромни ресурси и голема дилема за секој освојувач е дали логиката на тој тип на освојување има смиосла, иако, факт е дека славниот Черчил користел дури и воени отрови во Авганистан, со цел да ги одбегне оние војувања кои би донес=ле големи жртви на страна на неговите армади.
Впрочем, последните 100 години главно се менува климата околу војувањето за територии и луѓе, бидејќи,некогашните империи имаат сосема други алатки со кои би ги преусмерувале ресурсите или би ги котролирале патиштата на профитите. Затоа војните и се водат или кон многу крупни цели како што нафтата (нафтените компании се денес наднационални) или клучните сообраќајници (Суец, Панама) или значат ослободување од стаеите обврски од време на колонијализмотм кои посебно и натежнаа на Франција (Индокина, Алжир), како и идеолошките војни (советската интервенција одново во Авганистан или американската „замена“ на Франција во виетнамскиот пекол).
Затоа и го имавме овој вовед? Затоа што треба да се констатира дека Франција го имаше Де Гол со Евијанскиот договор (1962) кој успеа да стави крај на тие исцрпувачки и тогаш веќе целосно бесмислени војувања. Цената можеше да ја плати самиот (неуспешен атентат!), државата и целиот политички систем (обиди за воен пуч на генералите кој се надмина со политичко решение – уставен простор за Петта република). Место старите колонии се отиде кон нова цел: обединување на Европа (ЕЕЗ а сега ЕУ), кон колосални промени чија цел, меѓу другото, беше избегнувања на било какви воени искушенија.. Дали може да се замисли сегашната Унија а да не беа „ножичките“ кон минатото од страна на Де Гол?
Во некоја слична позиција е сега и американскиот претседател Џозеф Бајден, бидеќи треба да затвори една „дебела“ книга на војувањата и интервенцијата со нови перспективи, а што да не и во светски рамки. Кооа веќе светот е поврзан со многу споени садови на интересите и потребите.
Да се потсетиме дека Бајден во говор на националната телевизија во понеделникот (16 август) од Белата куќа, кажа дека американската мисија во Авганистан „никогаш не требало да биде изградба на нација“ и рече дека заканата од тероризам што ја довела американската армија во државата се раширила далеку преку границите на Авганистан во други држави. Тој призна дека победите на Талибан низ Авганистан се случиле „побрзо отколку што антиципиравме“. Сепак, Бајден рече дека е погрешно да им се нареди на американските трупи да се ангажираат во натамошна борба кога авганистанските трупи немаат волја за тоа. „Ако ништо друго“, рече тој, „настаните од изминатава недела ја потврдуваат “ неговата одлука за повлекување од Авганистан.
Бајден се врати дома од Кемп Дејвид токму тој ден,откако 24 часа претходно претседателот Ашраф Гани го напушти Авганистан, кога борците на Талибанците влегоа во авганистанскиот главен град Кабул. При тоа, Бајден конзистентно ја бранеше неговата одлука да ги повлече сите американски трупи од државата до 31 август. „Уште една година, или пет години, на американско армиско присуство немаше да направи разлика доколку авганистанската армија не може или нема волја да ја одржи нивната сопствена држава“, рече при тоа Бајден.
Треба да се потсетиме дека американските сили беа во Авганистан речиси 20 години. Во таа интервенција поминаа мандатите на дури четворица американски претседатели. Факт е дека Бајден уште во април соопшти дека ќе ги донесе трупите дома до крајот на август. Ова тој го стори наспроти препораките од Пентагон САД да остават мал број трупи во државата.
Интензивирањето на нападите на Талибанците во Авганистан започнаа во мај, кога САД и сојузниците од НАТО започнаа со повлекувањето. Најновата офанзива на носителите на средновековната тгеологија кулминираше со колапс на авганистанската влада. Повторно имаме ситуција кога промената на вкласта не носи јасни и видливи мерки за самоодржување а кои, следствено на кажаното од Бајден, не носат кон „градење на нација“. Сиромашен народ, задавен во сопсствена неписменост и бесперспективност, корупцијата на до скоро актуелната властекономијата која се базира само на шверцот на дрогата остана актуелна опасност и за соседството и пошироко.
Лидерите како Бајден а порано и како споменатиот Де Гоил мораат да размислуваат на подобрувањето на општиот, планетарен пејсаж, додека енклавите на тиранијата и неслободата не започнат да паѓаат во нивната бесперспективност и не станат краткотрајни флешови во историјата.
Засилување на борбата против опојните дроги не се води како треба, на пример и ете го каналот кој треба да им се пресече на авганистанските талибани?!