Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛИДИЈА ГРАБУЛ: СОПСТВЕНИЧКАТА НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ЗА СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНИУМОТЅ

July 30, 2026 Filed Under: Македонија

Запрепастена сум, прават кокошарник од споменик од прва категорија, вели таа за Рацин.мк а наделуежнигте велат дека се работи за привремено решение

МАКЕДОНИУМОТ СЕГА Велат дека сето ова е приврмено ама сега се менува и пристапот до ова национално кулгурно богатство што говори и за еден поинаков сшпменички третман

Лира Грабул, ќерка на Јордан и Искра Грабул, автори на споменикот Македониум во Крушево, во чија сопственост се авторските права на ова уметничко дело, во изјава за Рацин.мк вели: „Запрепастена сум од кокошарников на галериите… многу креативно! Среќа што авторите не се со нас. Не сум за ништо известена, запрепастена сум“, вели револтирано Лира Грабул, наша врвна уметница и професорка по уметност.

Таа доддава дека авторските права се на семејството Грабул.

Автентичноста на фотографијата што ја објавуваме ја потврди и поранешниот градоначалник на Крушево Томе Христоски. Во разговорот со него вели „Вистина е, за жал, во живо изгледа уште полошо“. Тој додава дека за прв пред платото на Гумење е поставенм синџир и се наплаќа влезница.

За работите на Македониумот извести МИА на 21 јули во текст во кој посочува дека „со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност.

– Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат големи оштетувања, како и стаклените галерии, на лице место се монтира челичната конструкција која веќе е изработена. А е изработена од кутиести профили со различни димензии. Ќе биде поиставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво од Споменикот. Над конструкцијата се поставува лексан со дебелина од 16 милиметри. Со ова ќе постигнеме да не протекува повеќе вода во споменикот – изјави Сузана Грибовска, советник конзерватор, архитект во Заводот и музеј -Прилеп.

Инвестицијата која треба да заврши пред 2 Август, чини 5,5, милиона денари. Годинава ќе почнат истражувањата и се изготвува основен проект за целосна конзервација на Македониумот изграден 1974 година, пишува во текстот на МИА.

Македониумот е дел од споменичниот комплекс Илинден, дело на архитектите Искра и Јордан Грабул.

Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација,  реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на културното наследство, соопшти денеска директорката на прилепскиот „Завод и музеј“, Мимоза Христоска. Нејзиниот став следува по  реакциите во јавноста за поставените заштитни елементи на куполата од објектот Македониум.

Христоска нагласува дека станува збор исклучиво за преземање на превентивни мерки за заштита, кои се само преодна фаза кон целосна конзервација на објектот.

-Македониумот, како споменик на културата од исклучително значење, во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност, затоа што повеќе од четириесет години се соочува со сериозни оштетувања предизвикани од долготрајната изложеност на климатско-атмосферските влијанија: навлегување на вода, појава на влага, протекување и биодетериозација, што ја влошуваат состојбата на Споменикот и претставуваат непосредна закана, особено за металната конструкција на која се носат стаклените галерии на првото ниво и витражите од второто ниво, со што е загрозен и ентериерот и автентичните архитектонско-уметнички елементи во него, авторски дела на уметниците Петар Мазев и Борко Лазески. Согласно конзерваторската методологија се наметна итна и неопходна мерка -превентивна заштита. Преземените превентивни активности, содржани во предлогот за превентивна заштита имаат за цел да се отстрани  влијанието на надворешнте фактори и да се спречи понатамошната деградација на културното добро. Според тоа, дури по реализација на непосредната заштита на конзерваторскиот проект, ќе може да се коментира за успешноста на неговата реализација, се вели во соопштението на прилепскиот „Завод и музеј“.

Filed Under: Македонија

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА
„ДОБРИ ЛУЃЕ“ ВО ТРКА ЗА „СРЦЕТО НА САРАЕВО“
ШТО СЕ КРИВИ ДЕЦАТА – BO ПОСЕТА НА ИРАНСКОТО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ЗАГИНАА 120 ДЕЦА

Најново

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
  • ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
  • КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet