Обвинителството никако да донсе одлука дали ќе покрене обвинение против некогашната раковителка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмуз+“. Во меѓувреме таа тужи во Уставниот суд, во Управниот ….
Обвинителството и по подолго време, не покрена судска постапка против Лидија Димова, нејзините поранешни колеги и грантираниот Зоран Златковски, но затоа екс директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја гони институцијата со која раководеше, открива портало „А1он“.
Предметот против неа е обемен а во истрагата обвинителот прибира уште докази кои може да докажат дополнителни злоупотреби при нејзиното работење. Истовремено Димова водела постапка со тврдење дека била незаконски разрешена, дознава „А1он”.
Неофицијално Уставниот суд ја отфрлил тужбата поради технички причини. По ова, Димова се жалела до Виш управен суд, кој досега нема донесено одлука, пишува порталот.
За тоа време, обвинителството смета дека треба да добие уште документи од повеќе институции, за да може да донесе одлука. Бидејќи Димова, сопственикот на фирмата В.Е.З Трејд Зоран Златковски и надворешниот соработник Александар Гочев се гонат за злоупотреба на европски пари, во истрагата е вклучена и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Истрагата ќе треба да покаже и дали пензионираната благајничка Ана Павлиду сторила несовесно работење во службата, за што обвинителството ја сомничи.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмуз+“, Лидија Димова, и три други лица, осомничени за злоупотреба на милиони денари од европски фондови.
Да се потсетиме – и Глобус пишуваше дека наведената четворка се товари дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари.
„Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот законик, првоосомничената сторила и продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 5 и став 3 во врска со став 1, а четвртото лице е осомничено дека сторило кривично дело несовесно работење во службата предвидено и казниво во член 353 -а став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.
Заради обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка, Обвинителството своевремено му предложи на судот на осомничените да им определи мерки на претпазливост со обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело
По предметот активно се постапува во насока на обезбедување на дополнителен доказен материјал од надлежните институции. Предметниот обвинител очекува да биде реализирана средбата со претставници на ОЛАФ која е од клучно значење во предметот – рекоа тогаш од Обвинителството за медиумите.
Димова беше разрешена и против нејзе беше отворена истрага откако беше обелоденето дека во изминативе три години Националната агенција доделила грантови од програмата „Еразмус 2“ во износ од 270 илјади евра на фризерница. Сопственикот истовремено бил и надворешен експерт во Националната агенција, а беше објавено и дека во благајната на Агенцијата недостасуваат 15 илјади евра.