Имаме интересни современи писатели, сликари, одличен етно-џез … За жал, големите компании даваат повеќе за естрадата, отколку за културата, вели Лилјана, во едно од последние интервјуа
СИНИША КЕКЕЗ
Македонската поетеса, уредник и новинар Лилјана Дирјан почина по долга болест на средината на декември. Го пренесуваме дно од веројатно последните инервјуа кои ги даде за „Слободна Далмација“, за време на својот претстој во Сплит, како дел од програмата „Writers in Residence”. Весникот ја петставува како авторка на неколку поетски книги, одличен раскажувач, искусен уредник на весници и новинар со нејзината изведба и работи на задоволство на нејзините колеги и публиката во Сплит.
Вие пишувате поезија за 30 години, а на почетокот на 90-тите сте имале осумгодишна пауза за повторно да се вратите триумфално. Како гледате на вашата поетска патека?
– Тоа е начин на размислување и живеење. За првите записи, дури и не знаев дека се поезија. Јас само слушав, чувствував и почнав да цртам зборови од себе. Во 1985 година, за втората збирка поезија „Жива мерка”, ја добив најважната македонска награда „Браќа Миладинови” како прва поетеса во тогашниот машки македонски поетски свет. Потоа поезијата го имаше своето место во училиштата, весниците, на фестивали, дури и во списанија, кои плаѓаа по стих. Денес е времето на романот а поетот е само анонимна енклава. Јас двапати го прекинав пишувањето поради работата во новинарството. Денес не можам да поверувам дека поминав 12 години со уредување на најстарото македонско месечно списание „Жена”. Дури и мислев дека ме остави поезијата. Неколку месеци откако магазинот беше затворен, почнав да се враќам кон она што го запоставив долго време, поради многу работа, и малку време за себе. Кога изгубив едно списание и работа, објавеив една голема книга колони и патеписи, и по неколку месеци надвор е книга на поетска проза „Приватни светови”, што ја напишав во тишина, за време на 15 дена минати во манастир. Во 2008 година бев номинирана за наградата „Балканика”. Поезија, за среќа, никогаш не ја оставив, и таа изгледа не ме остави мене.
Имате се повеќе и повеќе прозни текстови. Дали е тоа начин на големиот наратор од романот?
– Не знам точно дали би ја нарекла проза. Моите последни две книги се жанровски микс на поезија, приказна, есеистички премин. Сите заедно се скршени, фрагментирани, со рабови, дупки, плетени и отплетувани… Како што го имаме тоа во нашиот живот. Понекогаш се восхитувам кога гледам луѓе кои пишуваат големи романи, па можам секој ден да седам и да пишувам. За сега, јас сум се уште краткорочна, можеби сум мрзелива. Не можам да имам сè за еден ден и да ја зачувам куќата, да одам на работа од 8 до 16 часа, да се грижам за постарите во семејството и да пишувам секој ден. Дури и ако ми се отвори повеќе време, веројатно ќе напишам слична фрагментирана проза повторно. Значи, го чувствувам светот. Мене романот не ме интересира само ако е нарација, јас сум повеќе заинтересирана ако таму има поезија..
Како им е на писателите во Македонија денес?
– Претежно катастрофално. Имаме мал јазик, изданијата никогаш не биле големи, има многу приватни издавачи чии книги се важни само кога не се печатени. Само неколку издавачи имаат вистински уредник кој може професионално да го чита вашиот ракопис. Сегашната влада дава пари за објавување, но, мислам, без некои критериуми. Книгите се со лош квалитет, не се одржуваат дури и промоции а во весниците критичарите се во пензија и на нивни места работат луѓе кои дури и не слушнале за Орхан Памук … Не ги читам најгрозните бестселери, и секогаш сум изненаден од тоа колку од нив има кај нас и кај вас. Постојат и млади автори кои се занимаваат со себеси како со претпријатие. Кога читам, сакам да почувствувам човек, писател, да ме допре и возбуди она што тој го пишува, а јас не го чувствувам тоа со овие новите писатели. Кафка, Бродски, Цветаева се литература од која секогаш црпам сила.
Како преживуваат писателите? Дали им помагаат некакви стипендии?
– Сите ние се бавиме со други работи. Никој не може да живее со пишување, дури ниту најдобрите. За жал, нема стипендии. Пишуваме за време на викенд, наместо да одиме некаде во природата. Албанските и македонските писатели не соработуваат, а и оваа поделба влијае. Нема соработка со соседите. Освен Борислав Павловски, никој во Хрватска не ги преведува македонските писатели.
Дали има култура на телевизија?
– Многу малку, нема дури ни како „Пола уре културе“ („Половина час од културата”) на националната програма, туку во дневник понекогаш се појавува само нкој наградуван уметник. Не е македонската култура само Тоше Проески или Калиопи, има интересни модерни писатели, сликари, имаме одличен етно-џез … За жал, големите компании се повеќе даваат за естрадата отколку за културата.
Вие сте еден од уредниците и активистите на познатото списание „Сараевски тетратки” („Сараевске свеске“) во кое сте биле од почеток, веќе десет години. Што е со „Тетратките”?
– „Тетратките“ ни се милки во било која форма. По војната нашата генерација беше на некој начин изгубена. Се сретнувавме на Горановата пролет, Млада Струга, но војната ги прекина врските. Уредникот На „Тетратките“ Војка Ѓикиќ, ме покани да соработувам. На просторот на раскараните се сретнавме со добра идеја, навистина имаше одлични автори и текстови, добри колумни. Секој број на „Тетратките“ го зчувам како златна плочка. Досега Скандинавците даваа многу за издабијата ама сега нашите министерства треба да го препознаат овој добронамерен проект. Но, за жал, тие се равнодушни. Во Македонија минатата година (2016) добивме помалку од 1.500 евра поддршка за „Тетратките“. Тоа не е доволно. Оваа година немавме пари. Еден човек, по десет години, едноставно е уморен од ентузијазам.
Вашиот сопруг е познатиот поет Богомил Ѓузел. Како изгледа поетското коегзистирање?
– Предноста е во тоа што сме соединиле љубов и две големи библиотеки во една, така што не мора да одиме во градската. Понекогаш со двајца поети, куќите страдаат малку, а често ни треба и електричар. Но, мажот ми е пред се слободен човек кој не ја попречува мојата слобода. И така повеќе од 30 заеднички години читање, пишување, патување, разбирање. И богми и тишината, која ја хранеме за да се слушнеме себе си. Го имаме „нашето” правило дека никој не чита текстови од другиот додека книгата не е речиси завршена. Ниту нашиот син, магистер по политички науки, не се мачи со „нашите светови”. Ако имам потреба да му покажам некој текст, претпочитам тоа да биде мојата пријателка Елизабета Шелев. Но, дури и кога мојот сопруг ме чита, јас не сум негова сопруга, ниту тој мој маж.