Само мерките кои ги пропишуваат насекаде во светот, ако се дел од секојдневието на граѓаните можат да бидат заштита од ковидот. Сето друго а пред се масовните собирања по било кој повод значат туркање во болест и секако кон смртт на населкението. Во ова Струга е добар пример
„Во Охрид кафулињата се полни, кај нас никој не седнува во нив. Но затоа кај нас си имаme свадби и тие се одвиваат без никој да ги сопре. Излегува дека и кај соседите и кај нас има многу причини за заболени од ковид-19“ – ни вели еден трговец од маалска продавница во градот на Миладиновци. Крај Дримот е ова лето пријатно, но барем за гостите има некаква атмосфера на хазард кога се движат низ улиците на градот, на пазарот посебно, бидејќи, постои мнерние дека селските средини се познначаен ивор на болеста со која е преокупиран светот.
Дилемата даки да се пијде на одмор во Охрид или Струга само ова лето се врати во својата некогашна сериозност, како дилема од рано социјалистичкиот период кога насекаде царуваа работничките кампови а за речиси сите грасѓани прашањето каде ќе се оди на одмор беше дилема од типот каде да се постави казанот, чиј пазар е поквалитетен, зошто струшкиот милет е пољубезен од охридскиот, на пример и се така… Деновиве Струга е таа која со месеци е на дневниот црн биланс на заболени и починати од подмолната болест а многу ретко меѓу билансите за оздравени пациенти. Резервите на потенцијлните туристи доаѓаат од таа страна – од зад аголот на здраветсвениот ризик!
Струга е всушност едно подмолно жариште, а такви има по пет-шест низ земјава, кои даваат една лоша слика за тоа колку сме навистина загрозрни. Селото Лабуниште, кое е по број на жители поголемо од половина општини во земјава кои се третираат како градови, уште во последните денови на март, кога беше прогласена епидемија, беше посетувана од новинарски екипи. Нивните камери јасно покажаа дека селаните тасму не носат маски, говорат јавно дека не им треба живот во рестрикции а неофицијално се говореше дека тммошните ѕидари се уште работата по разни места каде ќе ги повикаат, иако големмдел од населението веќе одбра да се затвори дома и само да тркне во некоја продавница наутро. Селаните слободни „се скикаа за телевизија“ со пораката – што ќе ми е живот ако не можам слободно да одам на гости“! Согласно со препораките кои требаа да го продолжат животот и да ја спасат земјава од неволјата дојдена однадвор и кај нас влезена главно преку гастарбајтерите, оние од Лавбуништа наеднаш зсе почуувствуаа дека се – како што вели онаа српска песна, омилена кај еден скопски политичар – „послни од судбината“ се токму со тој социјален профил: тие се враќаат дома од гурбет – кпј да го дочека Велигден, кој заради Рамзан Бајрам а најчесто притеснети од сгравот дека болеста може да ги фати за врат јабанџијата во туѓа земја која, како и да се завртат не е нивна и меѓу луѓе кои веројатно нема да се грижат како нивните. Навистина, во оваа општина – се покажа подоцна – многу лкекари се осмелубвале да ги лечат заболените од ковид-19 во домашни услови, со инфузии и зслично а потоа истите пациенти стигнуваа во скопските клинки во крајно тешка состојба, главно за да завршат на вештачка вентилчација и обичлно – да починат!
Струга конечно е град во кој се случија литиите кои очевидно не го спассија градот од неволјите, туку со првото „пркосење“ на правилата за опстојување во доба на пандемија и водеа кон групирање , неносење на заштитна маска и згора отсликуваа најгрубо газење на разумните препораки, што значеше една „педагошка мерка“ која повикуваше на следење на такви постапки и на други места! Сигурно е дека има и такви мештани кои ќе ви речат дека пандемијата удрила токму по оние кои не веруваат во чудесијата на оваа ретка верска церемонија на другите локации. Ама, зарем аурата на таа церемонија, во која учествуваше братството од манастирот Бигорски (!), не би требало да биде дел од пошироката заштита од загрозата, да им овозможи на стружани слободно да се движат, работат и пазарат во својот град, независно од „неверојушчите“!? Градоначалникот Мерко во еден миг ја затвори вратата од даночното одделение, граѓаните годинава често и не добиле писмо од општината за да ги платат своите обврски.
Бројките се неминовни – оние од 19 август укажуваат дека Струга имала активни заболени 175 граѓани. Речиси нема ден да нема двоцифрен бројј на нозаболени, чест е случајот тој ден да има некој починат од ковид-19 од оваа општина.. Во такви случаи ретки се оние кои биле подлго на болничко лекување…
И покрај сето ова Струга не е град каде луѓето ќе носат маски. Што се вели – некој носи, некој не носи, главно е половина-половиха, на прв поглед. Се уште се верува во моѓта на литиите или на бајрамските молитви. (Љ.К.)