Една од најсилните детерминанти за водење на политики во ВМРО ДПМНЕ е секако обезбедување на безбеден враќање на нивниот експретседател од егзикот во Унгарија. Оттаму се оди на секој потег на власта „на дур“, без никаква логика и со постојано боење на барањата и оценките во екстремна колористика. Локалните избори се гледаат како шанса преку победа да се обезбедат брзи парламентарни избори, иако од претходните одвај помина една година
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Телевизиските слики се вжештуваат од пораките на учесниците на овонеделните локални избори во земјава. Ги има толку што на емитерите им е се малку 24 часови да ги емитираат сите, дури и кога другите програмски содржини, оние нормалните, се редуцирани „на грамчиња“. То просто ја менува теоријата на политичката пропаганда, бидејќи огромнио мнозинство на гледачите го вртат каналот во барање на „новата нормалност“ или пак го исклучува само тонот за да го врати кога ќе им се вратат омилените серии, караоке шоуа (Гранд продукција) а да не заборавиме дека голем дел од електоратот поседува кабловска телевизија, со поинаква пограсма на екстериторијалните тв станици.
Само оваа ситуација говори колку пари се вложени во кампањата кога лакомоста на тв продуцентите ги навјаса сите елементарни чувства дека тие имат обврски и кон другите рекламери и нивните сатници! Оние од економската понуда!!
Впрочем, овие избори покажаа премногу андреналин кај актерите во нив, што тоа доведе до дрстилчен пад, да речеме на рамноправноста на половите (само 8 отсто од учесниците се жени), која ќе земе данок во натамошните извештаи на Унијата, на пример.
Ова се случува, внимавајте, при екстремно висок број на учесници во изборната трка! Државната изборна комисија (ДИК) објави дека се потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за членови на општинските совети.
Дури и во таквиот квантитет на понудата нема многу места за поубавиот пол? Но, и таму каде тие се јавуваат, како први на листата, нема големо вајде – потфрлува елементот на квалитет на понудата! ВМРО ДПМНЕ се најде во ситуација да плати висока цена на дефицитарноста на квалитетни кадри. Посебно откако голем дел од врвот му е до гуша во процесуирани постапки пред судовите а пак –за чудо – не се гледало „во влакно“ ниту во биографиите на постојните кандидати кои, посебно ако влезат во вториот круг, ќе паднат во стапиците на сопственото минато.
Во едни такви замки паѓаат и актулчните кандидати. Па и кандидатки. Ете т.н. независна кандидатка за градоначалник на Скопје а комплетно излезена од лабораторијата на ДПМНЕ, излезе дека како прв човек на т.н. мала Комора таму стигнала со изборни калкулации а згора без ниту ден работно искуство ама во ништо, па оттаму, ги одбива сите соочувања со противкандидати! Тоа се прави заради апсолутна инфериорност во постојната понуда и чувство дека на секое соочување би доживеала дебакл.
Пример за тоа е и нејзината приотивкандидатка, една од ретките жени во избоерните која е на врвот – Ана Петровска. Таа претходно била директорка на Државниот инспекторат за животна средина, како и државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање а сега е кандидат на Зелен хуман град. Една недела пред првиот круг на изборите таа веќе почуствува дека нејзсиното опстојување на државна плата на високи функции во областав на екологијата оставаат траги под шапката, во вид на „растопен путер“ на нејзината, претходно, навистина завидна рептација какј површните наблудувачи на настаните во земјава!
Да не говориме за кандидатите кои по копј знае кој пат се разболуваат од ковид, дури и вакцинирани и преболени, само за да не излезат да се бопрат јавно, или да не споменуваме дека многу често има денови, заради изобилното учество на шоумени, добиваме впечаток дека сме под некаков естраден шатор.
Специфичноста на локалните избори е дека, за првпат, на изборната листа има две меѓуетнички предизборни коалиции. На едната страна е коалицијата на владејачките партии, предводена од СДСМ и три албански партии – ДУИ, Беса и ДПА, додека на другата страна е коалицијата на опозициските партии, предводена од конзервативната десница – ВМРО-ДПМНЕ со албанскиот блок составен од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Ова е прв пат вакво соочпување секако да може да остави подолготрајни последици по присуството на „издајници“ и на македонска и албанска страна, особено на десницата, која опстојувала на сметка на национализмот како постојан жирант.
Она што го загрижува надворешниот фактор, но низ навистина ретките коментари е фактот дека нашата држава помина демократска трансформација и консолидација.Се додева дека државата успеа да се избори меѓу демократијата и авторитаризмот, односно меѓу граѓанскиот и етничкиот карактер на Северна Македонија. Сепак тешката наследена ситуација за време на владеењето на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) остави длабока трага и долгорочни последици.
Аналчизата на угледниот Институт од Љубљана ИФИМЕС тврди дека „режимот Груевски-Мијалков, се уште е капиларен во сите сегменти на македонската држава, односно уште не е целосно демонтиран. Остатоците од режимот на Груевски постојано ги опструираат процесите, што ги отежнува демократските промени и создавањето функционална држава… Демократските промени и постигнатите резултати во изминатите четири години покажаа дека промените се можни и остварливи и дека Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан имаат потенцијал да го сторат тоа. Ова испрати силна порака и охрабрување до другите земји во регионот. Исто така, важно е што официјален Брисел го призна текот на промените во Северна Македонија, но не реагираше на нив позитивно и конструктивно, иако вети дека ќе го стори тоа. Без демократски промени во Северна Македонија, немаше да има демократски промени во Црна Гора и Косово“.
Затоа и на локалните избори, пред се однадвор, се гледа попшироко, не само како на локални избори: не се гласа само за градоначалници и советници во општинските / градските совети, туку се гледа на силен рефлекс за натамошниот правецот на развој на земјава. За Република Северна Македонија е од особено значење сите оние што го попречуваат или не го признаваат Договорот од Преспа, кој донесе мир, стабилност и отвори шанса за просперитет на Северна Македонија, да бидат санкционирани и вклучени во „црната листа“ на американската администрација, на пример а не да бидат наградувани со добивање а чувствутелни места.
Да се потсетиме одново дека тригодишниот политички азил на Никола Груевски во Унгарија истекува во октомври 2021 година и тој веќе наводно преговара со Русија и Турција за можноста за добивање тамошен, продолжен политички азил. Нему му се допаѓа повеќе опцијата за враќање во Северна Македонија по локалните избори, на кои, според неговите проекции, би победила ВМРО-ДПМНЕ. Така, тие би се обиделе да го соборат Зоран Заев и неговата влада, а тоа сценарио го спроведуваат со серија акции зад сцената, кои во најголем дел беа спречени. Тоа, велат странските аналитичари, би било нова катастрофа за Северна Македонија и враќање во старите лоши времиња – прашањето е дали граѓаните на Северна Македонија навистина го сакаат тоа? – се заклучува во една од таквите анализи.