Според речникот на Колинс, дефиницијата за целосно затворање е „воведување на ограничувачки мерки за патувања, социјална интеракција и пристап до јавни места“.
На 11 ноември годинава познатиот речник на британскиот Колинс го прогласи англискиот збор lockdown (локдаун) или целосно затворање за збор на годината. Во изминативе години тоа беа главно термини врзани за лажните вести, да се потсеѕиме ама сега, окупацијата на планетата со вирусот ковид -19 произведе некои нови термини кои станаа многу фрекфентни а кои порано секако не биле тоа. Затоа традиционалниот избор – поради популарноста што ја стекна од почетокот на пандемијата.
е исфлен од Колинсовиот речник. Зборот „го одразува искуството на милијарди луѓе“, велат авторите на речникот.
ЛЕКСИКОГРАФСКИ СТАТИСТИКИ Во текот на 2020 година, лексикографи запишале повеќе од 250.000 примери на употреба на овој збор на англиски јазик, во споредба со само 4.000 примери во текот на 2019 година, пренесува Би-Би-Си.
Списокот на 10-те најкористени зборови и изрази на темата на пандемијата исто така вклучува физичко дистанцирање, самоизолација и коронавирус.
Според речникот на Колинс, дефиницијата за целосно затворање е „воведување на ограничувачки мерки за патувања, социјална интеракција и пристап до јавни места“.
Зборот заклучување (целосно затворање, карантин, изолација) и слично веќе влегоа во секојдневниот говор околу планетата, а властите на многу земји воведоа мерки за спречување на ширење на коронавирус.
Останатите зборови од потесниот избор се однесуваат на овогодинешните социо-политички турбуленции.
Според смртта на невооружениот афро-американец Џорџ Флојд, употребата на англиската кратенка од името на движењето „Black Lives Matter“ (BLM) се зголеми за 581 процент, покажува студијата на речникот на Колинс.
Зборот Мегзит исто така беше вклучен во топ листата, што го опишува повлекувањето од кралските должности на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл. Тука личнотом име е врзано за зборот Брегзит, кој многу се користеше во претходните години, и ја опишува кратенката за излез на Велика Британија од Европската унија.
Тука е и зборот ТикТокер – некој што споделува содржина на социјалната мрежа ТикТок, како и јужнокорејскиот збор мукбенг – личност која јаде големи количини храна пред камерата.
Експертот за содржина на Колинс, Хелен Њустед вели дека „јазикот е огледало на светот околу нас и оваа година беше обележан со пандемија“.
„Карантинот влијаеше на начинот на кој работиме, одиме на училиште, одиме на шопинг, како се дружиме“, вели таа. „Бидејќи многу земји се затворени по втор пат, овој збор има повеќе мрачен отколку свечен тон, но тој ја сумира 2020 година во повеќето делови на светот.
Зборот на Колинс во 2019 година беше „климатски штрајк“.
Минатата година беше обележана со глобална кампања за климатски промени предводена од активистката Грета Турнберг.
„Треба да се надеваме дека барем следната година збор на годината ќе биде вакцината против ковид-19 или онаа која ќе биде најфрекфентна во спасувањето на човештвото од злото кое не снајде. Како се ближиме кон крајот на годината неколку фимри се охрабрија да ни доенсат оптимизам, иако не го ветија успехот со она абрзина со која сите се надеваме. Ама сепак – „вакцината против ковид е голем успех од кој сите земји мора да имаат корист. Никогаш во историјата истражувањето на вакцините не напредувало толку брзо“, вли началникот Тедрос Аданом Гебреизус
ПОЛЗА ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ? Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) во петокот ја пофали невидената брзина со која се водеше трката за вакцина против новиот коронавирус, но истовремено тој побара секое „научно достигнување“ да биде во полза на сите земји.
„Несомнено е дека вакцината ќе биде важна алатка за контрола на пандемијата и првите резултати од клиничките испитувања (Pfizer и BioNTech) објавени оваа недела ни даваат надеж“, рече Тедрос Аданом Гебреизус на крајот од годишната сесија на СЗО.
Помалку од една година откако канцеларијата на СЗО во Кина ја објави епидемијата кон крајот на декември 2019 година, американската лабораторија „Фајзер“ и германскиот „БиоНТех“ објавија во понеделникот дека произвеле вакцина „ефикасна во 90 проценти од случаите“ против ковид-19, според првиот резултатите од тестот сè уште не се завршени.
„Никогаш во историјата истражувањето на вакцините не напредувало толку брзо“, истакна генералниот директор на СЗО. „Треба да ја искористиме истата брзина и иновација за сите земји да имаат корист од ова научно достигнување“, додаде тој.
Нова пандемија на коронавируси уби до сега најмалку 1,28 милиони луѓе, а над 52 милиони заразени се официјално потврдени од епидемијата, од кои најмалку 33,5 милиони се сметаат за излечени денес. Сепак, овој број на дијагностицирани случаи одразува само дел од реалниот број на заразени лица. Некои земји тестираат само тешки случаи, други главно користат тестови за откривање контакт, а многу сиромашни земји имаат само ограничен капацитет за тестирање.
Тедрос во петокот рече дека пандемијата покажа дека мора да се воспостави „глобален систем за размена на патогени и клинички примероци“ што е можно поскоро за да се олесни брзото производство на лекови, вакцини и други терапии што ќе станат „глобално јавно добро“.
ЗАБЕЛЕШКИ НА СЗО Лидерот на СЗО истакна дека таквиот „систем не може да се заснова на билатерални договори и не може да се преговара со години“.
„Предлагаме нов пристап што ќе вклучува складиште на„ патогени агенси што СЗО ќе ги „чува во заштитен објект во Швајцарија“, истакна тој.
Тој додаде дека размената на патогени и други клинички примероци – во кои СЗО може да помогне – сепак ќе се организира на „доброволна“ основа и според критериумите што допрва треба да се утврдат.
Минатата недела од БиоНТек, што ја развива вакцината заедно со „Фајзер“, изјавија дека прелиминарната анализа покажа оти нивната вакцина може да спречи повеќе од 90% од луѓето да добијат ковид-19. Вакцината е тестирана на околу 43.000 луѓе.
Во интервју за „Би-Би-Си“, професорот Сахин изјави дека е убеден оти вакцината ќе го намали пренесувањето на вирусот меѓу луѓето и дека ќе го запре развивањето симптоми кај оној што ја примил. Можно е, рече тој, вакцината да го преполови пренесувањето на вирусот, што ќе има големо влијание.
Влијанието на новата вакцина за ковид-19 значително ќе се почувстува во текот на летото и животот треба да се врати во нормала до следната зима, рече еден од научниците што ја создаде вакцината, проф. Угур Сахин. Сахин, коосновач на БиоНТек, рече дека оваа зима сепак ќе биде тешка бидејќи вакцината нема да има големо влијание врз бројот на инфекции.
НОВ ИМПУЛС Трката по вакцина против коронавирусот доби нов импулс откако американската биотехнолошка компанија „Модерна“ ги објави последните ветувачки резултати од третата фаза на тестирањето на нивната вакцина.
Анализата која понеделников јавно ја соопштија покажала ефикасност на нивната вакцина од 94,5 проценти. Компанијата вели дека сега планираат да побараат итно одобрување дозвола од регулаторното тело на САД во следниве недели.
Во тестирањето биле вклучени 30.000 луѓе од САД, од кои на половината им биле дадени две дози од вакцината по четири недели, додека другата половина добила плацебо. Првичната анализа е базирана на 95 лица кои биле позитивни на Ковид-19.
Само пет од овие лица ја имале примено вакцината од „Модерна“, додека другите 90 инфицирани лица биле од оние што примиле плацебо доза. Според тоа, заклучокот на „Модерна“ е дека нивната вакцина има ефикасност од 94,5 проценти.
Податоците покажале и 11 сериозни случаи на лица заразени со Ковид-19 од оние кои биле дел од тестирањето, но ниту еден од овие случаи не бил кај лицата кои биле имунизирани со вистинска вакцина.
„Целосната ефикасност е извонредна… Ова е сјаен ден“, изјавил Тал Закс, водечкиот истражувач од „Модерна“ за Би-Би-Си.
Овие резултати доаѓаат само една недела откако слични резултати споделија и од фармацевтскиот гигант „Фајзер“ кои заедно со „Бионтек“ развиваат своја верзија на вакцина против Ковид-19. Нивните првични резултати од тестирањата покажаа 90% ефикасност.
Имаме ли право на некаков, брем слаб оптимизам?