Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛОШ ПОТЕГ НА ЗАЕВ

February 26, 2019 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ако сакаме да бидеме малку построги ќе кажеме дека тие решенија ќе им дадат на злосторниците убава основа за натамошна успешна дестабилизација на институциите на системот и на власта, на вакви и такви смени, преку најобични тепачки, одглумени или стварни труења, сексуални вознемирувања и ехехеј колкаво поле на злосторничката имагинација се отвара тука

Па, добро, од инсценирана, значи осмислена провокација за деградација на една институција и на целата власт, може да се направи национален проблем од највисока категорија, дури може и да се оди на опортунистичко држење на политичката рамнотежа со производство на вештачка стваност, но наша работа е да заклучиме дека реакцијата на Заев и оставката на Котевски, во таа смисла, не се в ред, сеедно дали затоа што се израз или можат да бидат израз на таквата свест или се со најблагородни мотиви, затоа што ќе имаат последици кои ќе бидат спротивни на декларираните. Ако сакаме да бидеме малку построги ќе кажеме дека тие решенија ќе им дадат на злосторниците убава основа за натамошна успешна дестабилизација на институциите на системот и на власта, на вакви и такви смени, преку најобични тепачки, одглумени или стварни труења, сексуални вознемирувања и ехехеј колкаво поле на злосторничката имагинација се отвара тука, а не за јакнење на правото воопшто и на заштита на интегритетот на притворениците. Инцидентот, односно тешкото и срамотно подјебавање од овој вид е работа на внатрешна истрага, никаков специјален статус не смее да има никој, најмалку пак да се оди на фаворизација на статусите на најголемите злосторници, апсолутна контрола не може да има ниту во Владата, а не ли пак во Шутка, а подобрувањето на состојбите мора да биде чин на свеста и реформските зафати на власта, а не на злосторнички провокации. Не знам како сега ќе се спаси, да речеме директорот на “Идризово”. Но, не само тој.

Во претставата “Мицко помагај”, режисерите и актерите заборавиле една многу важна работа: во затворите и притворите, од одма наебуваат најтешките злосторници, и тие што немаат да платат, меѓу затворениците и притворениците има кодекс, така што на јунаците и на нивниот лидер, им е подобро да го прикриваат ќутекот, ако навистина се случил, а не да го измислуваат, ако, како што сите знаеме, не се случил.
Во вториот случај, значи, без јака тепачка и ебачка, двајцата мускетари на Груевски, биле третирани како важни бандити, пљачкодери, пучисти, одработувачи од првата линија на капото од Будимпешта, со проценка на казната затвор од околу 10- 15 години, на кои треба да им се земе од опљачканите пари, но не како злосторници кои имаат шупаци што треба да се расцепат затоа што им се закануваат над три доживотни казни затвор.
Така што, м’чите, бе, м´чите и гледајте, не произведувајте филмови, не сте вие за таа работа!
Мислам, подобро за вас.
П.С
Хонорарот за овој совет, вмро-дпмне да го уплати за унапредување на стандардот во Шутка.

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet