Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛУКАРЕВСКА: ЕКСПРЕСНО ДО ПРЕЗАДОЛЖУВАЊЕ

September 17, 2024 Filed Under: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме голем долг а сега со ова ново задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот, далеку над дозволениот процент од 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент + на 24 Телевизија

ЛУКАРЕВСКА Со скусена постапка и надвор од соодветна институција со овој кредит се сака нешто да се сокрие

СДСМ јасно и транспарентно пред јавноста ги објасни забелешките за коруптивниот Закон за задолжување од Унгарија, но власта го турка по секоја цена, додаде таа.

– Прво се носи во скратена постапка, што значи дека нешто сака да се сокрие. Наместо преку пат на дебата, не само да дебатираат власта и опозицијата туку да биде поканета и експертската јавност.  Понатаму се зема кредит од Влада а не од финансиска институција. Овој закон ние го слушавме уште кога ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, што е спорно само по себе. Самиот Закон има повеќе недоречености и неодговорени прашања. Нема јасно дефинирана намена, нема да може да се следи трошењето на парите. Се криеше и потеклото на парите. Пред извесно време Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела 1 милијарда евра кинески пари, рече Лукаревска.

Ако зборуваме од политички аспект, премиерот Мицкоски пред само неколку дена излезе и рече дека има 10 принципи и подава рака на опозицијата, но еве не се подаде рака, напротив, се направи спротивното, додаде таа и сите предлози на опозицијата се одбиваат.

-И за време на ребалансот на Буџетот власта не прифати ниту еден амандман од опозицијата. Прашање е зошто откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт ништо не е во редовна процедура? Имаат двојни аршини. Една комисија се закажува а друга комисија, за закон поднесен од пратеник на СДСМ, не е закажана од претседателот на Собранието Африм Гаши, потенцираше пратеничката Сања Лукаревска.

Во меѓувреме Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела 1 милијарда евра кинески пари од Кинеската банка за развој. Податоците се јавно достапни на нивната интернет страница.

По пишувањето на реномирани светски медиуми ова е уште една, официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари.

Значи освен корупцијата, Мицкоски сака да го сокрие и потеклото на парите од Кина, затоа му се брза со итна постапка во Собрание и го бутка по секоја цена.

Последиците ќе бидат врз граѓаните и државата.

На овој начин Мицкоски ја става во заложништво земјата и под штетна политичка зависност од трети земји, спротивно на стратешките интереси.

 

 

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet