Кога се говори за извештаите на ЕУ добро е да се сетиме како изгледаа тие во времето кога владееше ВМРО ДПМНЕ
Не така одамна, „заробена држава“ ни беше името во еден извештај на Европската комисија. Тогаш кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт, кога се шепотеше, кога се молчеше за платите, за пензиите, за сите неправди. Граѓаните со страв беа замолчани. Тоа важно е да не се заборави, зашто волкот не станува јагне. Во таа трансформација ни децата не веруваат, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица.
Таа додаде дека опозицијата заборава дека добар дел од негативните оценки во Извештајот на Европската комисија се однесуваат токму на нив, како сегашни или поранешни кочничари на реформите и креатори на политиката на одалечување од ЕУ.
„Уставните измени, со кои впишувањето и на Бугарите во Уставот е битен предуслов на нашиот европски пат, тие ги кочат зашто наводно го бранат идентитетот. А всушност со докажано лажен патриотизам ја кочат државата за повторно да ја заробат. Тоа важно е да не се заборава. Како што лажеа, па се свестија дека лажат дека ќе го укинат Преспанскиот договор ако пак ја дофателе власта. Ама нема да ја дофатат зашто во нивни раце зборот власт има друго значење. И тоа важно е да не се заборава“, истакна Лукаревска.
Заменик-претседателката на СДСМ рече дека со правичниот и искрен извештај на ЕК знаеме кои домашни работи треба да се завршат и дека како што напредуваме кон ЕУ, така извештаите ќе бидат поискрени.
„Ние сме во скрининг-процесот и низ преговарачкиот процес, низ поглавјата, секако дека реформите ќе мора да бидат спроведени и да се постигнат европските стандарди. Затоа е битно членството во ЕУ“ нагласи Лукаревска.