Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛУСТРАЦИЈАТА БЕШЕ ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ

January 14, 2020 Filed Under: Македонија

Калевска-Ванчева: На ниту еден начин ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се дистанцираат од злоделата на Никола Груевски, напротив, ги штитат и бранат

РАБОТНИ МЕСТА Оние кои ја спроведуваа лустрацијата без сомнение беа партиски послушници

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира поништувањето на лустрацијата е доказ дека во партијата ништо не е сменето, реагира пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева по најавата на опозициската партија дека ќе поднесе низа амандмани и на сите начини ќе го блокира укинувањето на лустрацијата.

„На ниту еден начин ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се дистанцираат од злоделата на Никола Груевски, напротив, ги штитат и бранат. Ова е доказ дека Груевски му е шеф на Мицкоски. Лустрацијата беше за партиски цели. Тоа го слушнавме и во прислушуваните разговори во кои партиски функционери меѓу кои Милошоски, Јанкулоска и Груевски си нарачуваа лустрација“, рече Калеска-Ванчева.

Таа истакна дека целта на законот е исправање на нанесената неправда,а со законското решение се намалува штетата врз оштетените лица, за кои е предвиден надомест и на штетата. Пратеничката додаде дека на овој начин се заокржува рамката на правосудните реформи.

„ВМРО-ДПМНЕ е на страната на неправдата, а СДСМ се бори за правда. Ние како политичка опција секогаш сме биле и ќе бидеме на страната на правдата и ќе се трудиме да ги преземеме сите законски мерки за исправање на неправдата. Факт е дека транзицијата донесе многу видови на неправда и дека сите се согласивме за потребата на Закон за лустрација, но најстрашно е што тој беше целосно злоупотребен. Видовме што се случи со лустрацијата, без докази, аргументи и факти, надвор од она што значи закон и постапка, со оневозможување на лицата инволвирани да докажат невиност беа осудувани. Се лустрираа и починати луѓе. Јасна е потребата на ваквото законско решение, треба да кажеме дека грешки се прават, но треба да бидат исправени. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја признае грешката со целосната злоупотреба“, истакан Калеска-Ванчева.

КАЛЕВКА ВАНЧЕВА Лустрацијата беше за партиски цели. Тоа го слушнавме и во прислушуваните разговори меѓу партиски функционери

Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за  оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

Со овој Предлог закон, кој ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на Северна Македонија се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација, соопшти владата.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet