Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЛУЃЕТО ПОСЛЕ ПОПЛАВИТЕ СЕ ВО ЗНАЧИТЕЛНО ПОГОЛЕМО ОПАСНОСТ ОД УМИРАЊЕ

October 10, 2023 Filed Under: Ревија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Зголемениот ризик од смртност трае до два месеци по поплавата, според студијата на над 700 поплавени заедници од 2000 до 2019 година.

ПОПЛАВИ Њујорк се почесто и пожестоко е изложен на поплави – невремиња со влага која секој пат е за 20 отсто поголема од претходната

Во петокот пред две недели Њујорк прогласи вонредна состојба поради поројните поплави предизвикани од рекордните врнежи. Некои делови од овој американски град за само неколку часа наврнаа повеќе дожд отколку во текот на цел септември во претходните години, а се проценува дека бурата била и до 20 отсто повлажна поради климатските промени.

Сепак, заканата од такви временски настани се интензивира речиси насекаде на планетата која се затоплува, а новата студија нуди алармантни наоди: поплавите продолжуваат да убиваат неколку недели откако животот ќе се врати во „нормалност“.

Имено, како што открија научниците предводени од Универзитетот Монаш од Австралија, луѓето се изложени на значително поголем ризик од смрт по поплави, вклучително и смртни случаи предизвикани од проблеми со срцето и белите дробови.

Зголемениот ризик од смрт го достигнува својот врв околу 25 дена по денот на самата поплава, но трае до 60 дена. Тој е за 2,1 отсто поголем за сите видови смртни случаи, за 2,6 отсто за кардиоваскуларни и за 4,9 отсто за респираторни смртни случаи, се вели во научниот труд објавен во медицинското списание BMЏ.

Сепак, заканата од такви временски настани се интензивира речиси насекаде на планетата која се затоплува, а новата студија нуди алармантни наоди: поплавите продолжуваат да убиваат неколку недели откако животот ќе се врати во „нормалност“.

И како дојдоа до овие заклучоци?

Авторите на студијата анализирале дневни смртни случаи од вкупно 761 заедница во 34 земји кои претрпеле најмалку една поплава помеѓу 2000 и 2019 година. Од таа обемна база на податоци, која вклучува дури 47,6 милиони смртни случаи, тие го пресметале процентот на смртни случаи што може да да се припишат на поплави.

Поплавите претставуваат речиси половина (43%) од сите природни катастрофи и во светлината на климатските промени, тие стануваат посилни, почести и подолготрајни.

Смртноста варира во зависност од локалната клима и била повисока кај популациите со низок социо-економски статус или со висок процент на стари лица, велат тие.

„Сега знаеме дека одговорот на прашањето „дали ризикот од смрт по поплавите се менува кај општата популација“ е „да“, рече професорот Јуминг Гуо од Универзитетот Монаш. „Ова треба да се земе предвид при политичките одговори на поплавите.

НЕ Е ЛЕСНО Во просек секој човек на планетата годфишно останува во вода барем во висина од 0,16 метри

По поплавите, природна смрт може да настане како резултат на контаминација на храна и вода, изложеност на патогени (на пр. бактерии и вируси), намален пристап до здравствени услуги или траума.

Според професорот Гуо, затоа здравствените системи треба да бидат свесни за зголемените ризици по поплавите, особено кај ранливите групи и во областите каде што поплавите се чести бидејќи има кумулативно влијание.

„Овие наоди треба да се вклучат во пракса и да се подготват за ненадејните зголемени барања за здравствена заштита со цел да се избегнат природните смртни случаи“, рече Гуо.

Неговата главна порака до носителите на одлуки е да се даде приоритет на сеопфатната подготвеност, системите за рано предупредување и ефективниот одговор при катастрофи, вклучително и мерките за адаптација на климатските промени.

И сите сме загрижени како да се спречат смртни случаи по поплави.

Дополнително загрижувачки се резултатите од претходните истражувања дека речиси четвртина од човештвото (23%, т.е. 1,81 милијарди жители) е директно изложено на длабочина на поплава од 0,15 метри секоја деценија.

Летото зад нас, кое беше најжешко во досегашната историја на мерењата, беше одбележано и со поплави. Меѓу нив се оние во Либија, кои однесоа повеќе од 11 илјади животи. Билансот би можел да биде уште поразорен ако се вклучат и смртните случаи како резултат на оваа временска катастрофа.

 

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Ревија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet