БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Прво, таа инсталација (Скопје 2014) е една срамно анахрона појава која со своето присуство ја легитимира целата нација како заостаната категорија и, второ, по линија на таа анахроност искомбинирана со нивната амбициозност, ја вовлекуваат Македонија во актуелни конфликти на теми какви што се идентитетот и националните интереси при што колку повеќе ги бранат, толку повеќе се топи македонската супстанца
Во која смисла и во кој правец може да се промени оној на кој сите смисли и правци му одлетале?
Нема таков правец.
Нема таква смисла.
Какви реформи!?
Тие еднолично се повторуваат како мандало на собен часовник.
Својата постојаност и постојаноста на своите историски извори и принципи ги сметаат за доблест што ја мерат со нивото на деформацијата и разорувањето на стварноста.
Како краен критериум.
Новото кај нив е старо.
Или го градат како карикатура со ограничен рок на траење.
Скопје 2014, на пример.
Тие објекти беа изградени за да го дисквалификуваат историскиот и државотворен капацитет на македонскиот народ, а сега како говна на дожд, значи во тој општ распаѓачки процес, точно така како што беше предвидено кога тоа срање го истурија врз лицето на Македонија, ја потврдуваат македонската нација како историски инцидент од кој историјата треба да се санира.
Да се исчисти од македонството.
Тие се венишот што ѝ се нуди на историјата.
И на Македонците!
Да, да!
Како тоа не е јасно?
Нивниот сегашен статус и односот на Македонците кон нив и кон нивото злодело покажуваат дека вмро-дпмне биле во право.
Тоа е причина поради која тие и кога се сосема загубени, функционираат како ништо да не било.
Дури и кога изгледаат упрпани поради стравот дека на крајот на краиштата хистеријата на луѓето ќе помине и тие ќе бидат откриени како пирински говњари кои се прикажувале како еделвајси.
Преваранти!
Вмро-дпмне е по дефиниција таква структура. По своето име и по својот акроним. И по своето идеолошко наследство кое ги тера луѓето да носат решенија кои по својата глупавост и штетност ги надминуваат нивните ментални, карактерни, морални и интелектуални капацитети.
Можеби и намери кај некои од нив.
Две работи се особено важни:
Прво, таа инсталација е една срамно анахрона појава која со своето присуство ја легитимира целата нација како заостаната категорија и, второ, по линија на таа анахроност искомбинирана со нивната амбициозност, ја вовлекуваат Македонија во актуелни конфликти на теми какви што се идентитетот и националните интереси при што колку повеќе ги бранат, толку повеќе се топи македонската супстанца.
Замислете каков ксмет ќе беше историјата да го абортираше вмро-дпмне?
Вмро-дпмне е рингла на која Македонија исчезнува како грутка снег или пластика.
Така е изгорена шансата за Европа.
И нашата културна основа.
Нашиот естетски критериум.
И општествената пристојност.
Не малку Македонци уживаа во температурата на ринглата.
Дури ги слекуваа сукњите, панталоните и гаќите за да можат преку голиот гас да ја примат антиевропската причест од вмро.
Речиси секаде – па дури и за проблемите од техничка природа – работата на одлучувањето, заземањето ставови за или против, ја замени обврската да се мисли. Не сосема, затоа што луѓето мислат само за тоа како да ѝ напакостат на другата страна. Таа чума потекнува од политичките средини и не е никаква специфика на Македонија, туку е расширена по целиот свет.
Припадноста е пред паметта. И тоа им е привлечно на луѓето. Тоа дека не мораат да мислат. И најглупавото решение на партијата ќе се спроведе и тогаш кога е во судир не само со високата памет, туку со елементарниот разум. Уште повеќе, постојат генерални решенија дека сѐ што доаѓа или ќе дојде од другата страна да се прогласува за предавство и пљачка.
Така седум години беше напаѓана власта, а се разоруваше општеството.
Комитите тоа убаво го беа смислиле.
Додека Македонците беа сомови кои ја лапаа таа пченка.
Разликата меѓу вмро-дпмне и сдсм и дуи е во тоа што вмро настапува како држава да немаме, како да имаме привид од држава што ја узурпирале предавници и ненародни елементи, како државата да е нешто што тие допрва ќе го направат, макар што јас мислам дека нема да направат ништо и по тоа тие се де факто надвор и од уставот и од правниот и демократски поредок и од историјата. Сдсм и дуи, односно власта, имаат милион дефекти, лоши решенија, криминали и сл., но тие не ја доведуваат во прашање државата или уставниот и демократски систем. Тие се за Европа на која се спремни преку прифаќање на правното наследство, да ѝ отстапат дел од своите национални, државни и партиски моќи.
Тие се тема со која можеме да се расправаме и да ги менуваме.
Вмро по својата дефиниција и историска мисија ги брише тие можности.
Во нивниот светоглед не постои друг фактор кој има право да се занимава со македонските работи.
Затоа политичката концептуализација на митот за вмро е смрт за Македонија, а не преродба.
Според тоа, на претстојните избори, нема да бираме меѓу вмро и сдсм и дуи, ниту меѓу интеграција и изолација, туку ќе бираме дали ќе се распаднеме, при што повеќе ме мачи срамот од начинот на кој тоа ќе се случи, отколку самиот распад, или ќе опстанеме. И ќе одиме напред затоа што ги имаме сите ресурси. Ни фалат само луѓето кои во меѓувреме побудалеа и оглупавеа и некои што се иселија. Но, првите ќе ги опаметиме, има методи за тоа, а иселените, ако решат да се вратат добро, ако не, нека им е со среќа таму кај што се иселиле.
И нека праќаат по некое евро или долар.
Ако немаат некои свои, можат парите да ги праќаат директно на моја сметка.
Ме радува фактот дека процесот на будење од вморонското бунило е почнат и ми се чини несопирлив за критичната маса со која ќе ги исшутираме од историската сцена.
Сами си направија убав музеј.
Мислам дека таму можеме да ги набутаме не сите 300.000 души, доволно ќе бидат десетина, Мицко, Лигњата, Хер Флик, Женскиот оркестар на уким и ману и Кикифрики.
Другите ќе ги амнестираме.
Никој нема да биде стрелан или ебан.
(frontline.mk)