За дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, за проруските наративи и сајбер напади, ЦИВИЛ Медиа разговараше со проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозовски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Во интервјуто се отворија прашањата за тоа кои се клучните елементи во борбата против овие појави, дали државата и институциите имаат доволно капацитети да се справат со овие штетни појави и по општеството, и по државата, и за препораките за системско решение.
Кои се предизвиците со вештачката интелегенција, на социјалните медиуми, инфлуенсер(к)ите… Како и за „учеството“ на изборите (во туѓи земји) на групата од Велес…
– Тешко е да се зборува за борба против дезинформациите во ера на вештачка интелегенција, особено по пандемијата, за развојот на дигиталните технологии и медиуми. Одамна зборуваме дека мора да има некаква законска регулатива бидејќи дел од тие портали и ботови кои што ги шират лашните вести тие се надвор од законот, за разлика од професионалните медиуми кои се регистрирани.
Во светото се јавува дилема, во Америка, по изборите во 2016 година, се мисли доколку се регулираат овие медиуми би се ограничил слободата на говорот. Речиси во 78 земји од 2011 до 2023 година веќе се воведени законски регулативи ширум светот за ширење на лажни вести, од Индонезија која што има владино тело кој ги проверува информациите, во Грција се воведе закон за време на пандемијата дека може да се добие до 5 години затвор за ширење лажни вести во врска со болеста и лекувањето од пандемијата, но во медиумскиот простор се поставува прашањето дали со тоа се воведува цензура? И што би преставувала лажна вест, кој тоа ќе го оквалификува? И како правниот систем би постапил во еден ваков случај?
Сметам дека најважно е професионалното истажувачко новинарство. Популизмот на политичките партии го гушат медимскиот простор и сметам дека секоја држава треба постојано да го поткрепува, да инвестира во истражувачкото новинарство бидејќи на тој начин ќе добиваме вистински вести и ќе се врати довербата кај гледачите/слушателите и на тој начин можеби ќе се намали процентот на лажни вести.
Образованието е столбот на решавање на сите проблеми, без образование нема иднина. Ние зборуиваме за резултатите и проблемите, но никој не истрашува како дошло до тоа, како стигнало да дојдеме до еден ваков проблем, на масовно ширење на лажни вести? Ние како факултет (Филозофски факултет при УКИМ), уште во 2018 година во студиската програма Педагогија воведовме медиумска писменост, и потоа со проектните активности во новата акредитација од 2023 година како изборен предмет во шести семестар имаме медиумска писменост и медиумска култура. Но, тоа е само за одреден број на студенти, сметам дека овие предмети заради опасноста што ги предизвикуваат лажните вести, треба да се воведе медиумска писменост од основно и средно образование, за од најмала возраст да се запознаат што е лажна вест, што е дезинформација, кои се опасностите итн.
Во светот има неколку сајтови за проверка на информациите, меѓутоа ако вие проверувате информации за 5 минути тогаш немате време да ги проверите информациите на овие портали или платформи.
Исто така сметам дека треба да се воведе едно посебно тело за борба против дезинформациите, да биде невладино, каде што професионални новинари, експерти од областа ќе работат на тоа, што треба државата како стратегија да преземе. Дали да има дигитална платформа каде што медиумите ќе ги ставаат сите лажни вести, дали ќе има платформа каде што ќе се видат сите оние ирл адреси на порталите, лажни ботови, каде што граѓанинот ќе може да провери дали е лажна вест.
Некои земји воведоа казни затвор, а Германија воведува парична казна од 57 милиони евра доколку било кој портал или дигитален медиум, во рок од 24 часа не го отстрани натписот кој содржи симболи од нацизмот, холокаустот, расизам или омраза. Иако тоа тешко може да се регулира од едно море на (дез)информации кои ги имаме.
Младите следат одредени инфлуенсер(к)и или гледаат подкаст на некои јутјубери кои не може да се контролираат, третираат и одговараат пред законот како медиуми. Меѓутоа, кои се и колкави се капацитетите на нашата држава за справување со дезинформациите?
– Освен проектите за медиумска писменост, нашите капацитети се многу ограничени. Зошто? Оние проблеми што некогаш ги имавме со сајбер криминалот, забележавме и дека вработените во оделот за компјутерски криминал во МВР не може да обезбеди професионалци заради платите кои што се даваат, кои што навистина ќе може да се соочат и ќе може да бидат од корист на граѓаните.
Околу 60 проценти од граѓаните се проруски настроени и кога ме прашуваат пријателите и колегите за ова, јас им велам дека ова не е преку ден. За еден сајбер напад, сите мислиме дека се случува наеднаш како што беше упадот во УЈП, ДИК, меѓутоа за сајбер напад потребни се од 120 до 160 денови сметаат стручњаците, тоа не се случува преку ноќ. Тоа постепено го снима системот, се поставува на клучни точки во мрежата и почнува да ги контролира предавателите/рутерите и кога тој ќе одлучи тогаш го прави нападот. Некои сајбер напади се од криминални мотиви заради уцена што се случува во компаниите, а другите се оние хибридни закани што се нов начин на војување да се внесе паника, хаос кај населението, еве видовме со дојавата за бомби во училиштата што беше во целиот регион, не само во Македонија, ние сме постојано на удар на такви напади, затоа ние мора да ги зајакнеме нашите капацитети.
Во Индија доведе до смрт на стотици лица поради ширењето на лажни вести за циклони или за лажно ширење вести за киднапирање на деца. Значи додека дојде проверката, додека реагираат институциите може да настане хаос, безредие и насилство.
Тоа не се наивни работи, проруското влијание уште пред 15 години беше тука, ние имавме платени спонзорирани содржини на социјалните медиуми каде што имаше содржини од некакви изјави од Путин дека рекол нешто, пратејќи ја состојбата на јавното мислење во земјава и регионот, јас забележав дека мислата е од Черчил или Ганди, и многу мои пријатели ми велеа – види што рекол Путин, им велам на пријателите и на моите студенти, ама таа изјава не е од Путин. Но, тоа се специјални изјави дури со точка РС, значи тоа е подготвувано со години, само што ние мислевме дека тоа е за да се јакне личноста на Путин, но со војната во Украина се виде дека тоа не е случајно, дека тој напад во Украина е подготвуван со години и подготвувана е светската јавност како и домашната јавност која е полесно да се цензурира, за на некој начин да најде оправдување за неговата агресија.
Каде треба да се подобри функционирањето на системот, односно институциите, во борбата против дезинформациите и странското малигно дејствување во земјата? Кои се Вашите препораки?
– Дел од решенијата не зависи само од нас, глобалните коорпорации како Фејсбук, Гугл, Х (поранешен Твитер) тоа се огромни заработувачки, и поради профитот на некој начин им помагаат на овие ширачи на дезинформации, затоа што нив ги интересира профитот. Затоа во светот се разговара дека овие коорпорации мора да бидат општествено одговорни и веќе да не дозволуваат анонимни регистрации. Порталите мора да имаат физичко лице, да има некој одговорен за вестите што се објавуваат. Потоа, да нема веќе лажни профили или ботови, секој да има личен профил со пристап до податоците од лична карта, за на некој начин да се спречи ова море од лажни податоци.
Кои домашни ентитети можете да ги издвоите како креатори, односно носители на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани против демократијата, безбедноста и стабилноста на нашата земја? Што треба да се направи?
– Голем дел од тие ентитети се скриени, она што се случи во Велес, станавме светски познати, дури во САД се направија безброј дебати и всушност со тоа се отвори овој проблем околу Фејсбук и Твитер (Х) дури цензурата што се случи во последните избори беше обвинувана дека се нарушува првиот амандман кој што е главен во американскиот устав, а тоа е слобода на говорот…
Ако постои една таква мрежа во вашата држава кој што може да учествува на избори во туѓи земји, тогаш ако сето тоа се финансии, може и како бумеранг да ви се врати и на вас. Што се случи со нашите политички партии, тие на почетокот кога се отвараа социјалните мрежи кои беа за запознавање, за култура, буквално за социјален живот, одеднаш кога политиката сфати дека може да ги користи за подобри изборни резултати и дека со ширење на лажни вести или промоција на своите активности можат да обезбедат повеќе гласови, тие фактички ја отворија пандорината кутија. Одеднаш тој простор остана празен и сега многу е лесно иако остана дилемата дали овие дигитални медиуми да влезат во заканодавството, на крај со последните измени повторно не влегоа, и тоа верувам дека беа податни на нашите политички партии за токму ова што го зборам, но со тоа ја оставија земјата ранлива.
Како што реков, самиот податок дека во Македонија 60 проценти од населениото е проруско покажува дека тој празен простор утре може да биде наменет не само во овој случај против вас, туку во многу други случаи да биде злоупотребен за рушење на демократијата и рушење на институциите во државата.
Дали тоа значи дека проруските центри на моќ добро си ја завршија работата, наспроти проевропските и демократски настроени?
– Клучна е довербата, а нашите граѓани немаат веќе доверба во институциите, но тоа не е преку ноќ, тоа е работено со време и систематски да дојдеме ние до тоа да имаме недоверба во медиумите, во јавноста, во институциите, да имаме мешање што е институција што е личност, што е демократија. Имаме портали кои шират пропаганда, пример Курир.рс, тоа се руски портали на српски јазик, тие се обраќаат на таретирана публика бидејќи нашите повозрасни граѓани не знаат англиски јазик.
Ние ги цензуриравме одредени руски медиуми, меѓутоа не ги цензуриравме српските портали/медиуми од каде доаѓа руската пропаганда.
– Мене ме загрижуваат професорите кои веруваат во тоа што го пишува таму. Јас постојано доаѓам во судир со нив, и им велам чекајте, дали ги проверивте овие наоди, земете прочитајте ББС, СНН, Гардијан, земете споредете дали веста е точна или не.
Меѓутоа, денес е лесно да се шири лажна вест, бидејќи статистика покажува дека 5-6 минути пребаруваме на социјалните медиуми за да се информираме и обично читаме само наслови, а ретко кој се продлабочува. Целта е да имате бомбастични наслови заради кликање и финасиите што ги добиваат од тоа, а насловот често знае да нема никаква врска со содржината.