Само по основ на борчови создадени од екипите на ВМРО ДОПМНЕ оваа власт годинава треба да врати 440 милиони евра. Дел од оние кои ги создале борчовите денес постојано ни даваат „совети“. Како да дел од некаква реклама за зачин за храна! При тоа ни нудат „спојувања“ на двата фонда кај пензиските системи, иако ДУИ и ВМРО ДПМНЕ тоа го правеа со години а кога ексминистерката за труд Царовска тоа јавно го покажа, по што доживеа пропагандно цунами, се виде дека тоа не се некои пари кои многу помагаат, згора и тие мораа да се враќаат. Јасно, од оние кои го открија криминалот
ЕКИПА НА ГЛОБУС
Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, за кои се очекува најверојатно да стигнат во тек на месецов, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“ минатата недела и дополни дека ќе се користат средства и од Светска банка, од Европската унија, како и од од обврзницата за премостување. Таа посочи дека овие средства ќе се користат повеќе месеци, согласно потребите за вбризгување средства во стопанството, а дека согласно потребите ќе се носат и нови мерки.
– Зборуваме со Светска банка, знаете и дека вицепремиерот за европски прашања соопшти дека и од Европската унија добиваме одредена помош, онаа награда од 50 милиони евра, потоа заем до еврообврзница. Најбрзи средства кои ги очекуваме се од Меѓународниот монетарен фонд и потоа од сите останати до почеток на месец мај или крај на април. Овие средства не се само за еден месец, овие средства се доволни за да функционираме следните месеци зависно од колку ќе биде потребно пари за вбризгување на ликвидност во економијата. Ова се првите мерки кои се презентирани, понатаму ќе ја следиме состојбата, ќе видиме како ќе биде искористувањето и одвивањето на настаните, за да повлекуваме и други чекори кои ќе бидат потребни – вели Ангеловска.
На некоја следните владина седница треба да помине писмото за намери кон ММФ, кое е потпишано и од дополнителната заменик министерка, посочи Ангеловска.
Таа посочи дека годинава по основ на надворешен долг доспеваат за исплата 440 милиони евра, додека план на домашниот пазар на хартии од вредност е да се издадат хартии од вредност во износ од 450 милиони евра, од кои дел се презапишуваат за враќање на стари обврски, а нето задолжувањето е планирано на нето од 200 милиони евра. Дел од тие стари долгови од 440 милиони се веќе вратени – поголемиот дел во јануари, додека другиот дел доспева во декември, на крајот на годината, што е на некој начин поволно бидејќи немаме дополнително потреба за враќање на стари долгови во следните два квартали, рече Ангеловска.
Значи ние – што би екол владика Агатангел – сме ги запалиле свеќите на олтарот на светските банки, ги прскаме нашите надежи со мирта и темјан па што ќе биде. Па има ли надежи?
Според изјавата на шефицата на ММФ Кристалина Георгиева за Ал Џазира ние не сме единствените кои се крстат во странските банкари.
Повеќе од 90 земји барало од ММФ вонедна финансиска помош заради пандемијата. „Никогаш во историјата на ММФ не сме сведочеле за вакво стопирање на светската економија. Сега сме во ецесија и оа е многу полошо од економската криза која имавме пред 10 години“ – рекла таа, додавајќи дека економиите на земјите во развој изгубиле до сега 90 милијарди долари а особено е загрижена за Африка.
Па, ни има ли спас? Што уште велат во Министерството за финансии?
Па дека има дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, покрај намалувањето на платите на функционерите и укинувањето на надоместоците за членовите на управни и надзорни одбори кои имаат приходи од друго место, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Таа информираше дека заштедата во Буџетот од намалувањето на платите на функционерите на минимален износ од 14.500 денари за април и мај, мерка што беше најавена вчера, ќе изнесува околу 250 милиони денари. Со мерката за укинување надоместоци за членови на надзорни и управни одбори за оние лица кои се во работен однос, односно добиваат приход и од друго место, заштедата е 250 илјади до 300 илјади евра на месечно ниво.
Како што најави Ангеловска, има и дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, а ќе бидат разгледани денеска на седница на Владата.
„Дополнително беше разговарано и во информацијата на Владата имаше предлог во вчерашниот пакет мерки да се намалат за 50 проценти авторските договори што ги имаат склучено институциите за вработените лица со приходи и од други места. Имаше и други предлози, во однос на исплата на прекувремени, дополнитени надоместоци и хонорари. Сето ова колку ќе чини во вкупен износ е потешко да се каже како груба бројка затоа што сите овие исплати од различни институции одат и од различни ставки, не значи дека одат само од ставката плати, туку и од договорни услуги и од други ставки. Во тој дел ќе биде предложено, сите овие да бидат ефектуирани во предлогот за кратење на расходната страна, односно реалоцирање на тие средства за реализација на дел од мерките, а дел за дополнително обезбедување и трошење средства во здравствениот сектор“, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.
Таа на прес-конференцијата објави дека расходната страна на Буџетот ќе остане 3,9 милијарди евра и покрај предвидените зголемени потреби за здравствениот сектор, како и економските мерки кои ќе се преземаат со цел амортизирање на ударот врз економијата, но оти ќе се промени нејзината структура со реалокации на буџетските ставки.
Во нејзините изјави се споменуваат три сценарија за буџетот
Три сценарија кои би можеле да се очекуваат како последица од борбата против коронавирусот презентираше Ангеловска.
„Во Министерството за финансии беа изготвени неколку сценарија за справување со кризата. Имаме три основни сценарија кои ги нарекуваме поволно, неповолно и најнеповолно сценарио. Кај сите сценарија најголем пад на даноците се очекува во вториот квартал, и тоа од 40 до околу 65 отсто во споредба со претходната година“, истакна министерката.
Таа ги сподели проекциите за трите сценарија.
„Првото поповолно сценарио, предвидува вкупен пад од околу 20 отсто на вкупните приходи на буџетот во однос на планот. Или намалување на приходите за околу 700 милиони евра, за колку што би се зголемил дефицитот кој беше проектиран на 300 милиони евра и дополнително за овие 700 милиони евра. Во второто сценарио ако падот изнесува 30 отсто и потребите би се зголемиле за една милијарда евра. Кај третото, најнеповолно сценарио, доколку приходите паднат за 40 отсто дополнителните потреби би биле за 1,3 милијарди евра“, порача Ангеловска.
Конкретние мрки во стопанството се релативно познати а накусо тие значат:
Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање на аконтации, со цел задржување на поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од коронакризата. Оние кои ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање на месечни аконтации за март, април и мај 2020.
Користење на оваа мерка можат да побараат даночните обврзници согласно Националната класификација на дејности од угостителската дејност (шифра 56- дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79-туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-копнен транспорт. Шифра 50-воден транспорт и шифра 51-воздухопловен транспорт).
Исто така, оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење заради здравствените мерки за спречување на ширење на Covid-19, доколку исполнуваат еден од следните услови:
-вкупните проходи им се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40% во однос на истиот период лани;
-бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во екномската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25% од вкупниот број на вработени во месец февруари
-даночниот обврзник затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува профитот.
Даночните обврзници – правни лица за да ја користат оваа мерка треба да ги исполнуваат следните услови:
– – Да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност- освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
– Да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето
Даночните обврзници- физички лица кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност за да ја користат оваа мерка треба да го исполнат следниот услов:
– Да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност- освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
Доставувањето на барањата ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.
Да каажеме нешто за предложените мерки на ВМРО ДПМНЕ.
Само по основ на борчови создадени од екипите на ВМРО ДОПМНЕ оваа власт годинава треба да врати 440 милиони евра. Дел од оние кои ги создале борчовите денес постојано ни даваат „совети“. Како да дел од некаква реклама за зачин за храна! При тоа ни нудат „спојувања“ на двата фонда кај пензиските системи, иако ДУИ и ВМРО ДПМНЕ тоа го правеа со години а кога ексминистерката за труд Царовска тоа јавно го покажа, по што доживеа пропагандно цунами, се виде дека тоа не се некои пари кои многу помагаат, згора и тие мораа да се враќат. Јасно, од оние кои го открија криминалот.
Па што да прави Владата денес? Да ги враќа борчовите што ги наследи или да зема нови? Самиот факт дека под притисок ги остави платите на јавната администрација, веќе значи товар од 20-ина милиони евра! Колку е тешко да се добие кредиг во тој изно! Згора како што вели Кире Наумов, самио чекор на прифаќање на уцени среде воена состојба ќе ни ги намали шансите кај потенцијалните кредитори, кои гледаат се.