Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА ПО НЕОБРАБОТЕНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОВРШИНА ВО ЕВРОПА

October 30, 2018 Filed Under: Македонија

Загрижува фактот што во изминатите 27 години од осамостојувањето до денес перманентно се намалува обработливата површина и сега изнесува само 77,7 % од површината од 1991 година, кога сметаме дека македонското земјоделство било стабилно и високо консолидирано за тоа време

БОРИС АНАКИЕВ

АНАКИЕВ Се зголемува процентот на увоз на храна

Обработливата површина е дел од земјоделската површина и претставува дел на кој се одвива интензивниот дел на земјоделското производство.  Денес, односно во 2016 година, обработливата површина зафаќа само 40,73% од земјоделската површина (1,267 милиони ха земјоделски површини и 0,516 милиони ха обработлива површина.) Изразена по жител, обработливата површина во Македонија изнесува само 0,24 ха (сметано на 2,1 милиони жители) и е на второ место по  маломерност на обработливата површина по жител во Европа.

 

Таб.1  Движење на структурата на обработливата површина

во 000 ха

Показател 1991 средно

2002-2006

средно

2006-2010

средно

2011-2015

2016 1991=100

2016

Обработлива површина 664 557,8 521,2 510,2 516,0 77,7
Ораници и бавчи 552 460,2 425,8 413,4 417,0 75,5
Овошни градини 23 14,6 13,6 15,2 16,0 69,6
Лозја 35 26,4 22,4 22,4 24,0 60,6
Ливади 54 56,6 59,4 59,2 59,0 109,3

Загрижува фактот што во изминатите 27 години од осамостојувањето до денес перманентно се намалува обработливата површина и сега изнесува само 77,7 % од површината од 1991 година, кога сметаме дека македонското земјоделство било стабилно и високо консолидирано за тоа време.  Како што се гледа (Таб.1) сите делови од обработливите површини каде може да да се организира интензивно земјоделство исто така опаѓа во однос на 1991 година, па денес лозјата се намалени на 60,6%, а овоштарството на 69,6%. Обемот на обработливата површина покажува дека, македонското земјоделство мора да развива високопродуктивно производство од интензивни системи – градинарство, овоштарство, лозарството, индустриските култури и висок степен на корени на пасиштата ако сака да ја задоволи домашната побарувачка и повисок процент на увоз од досегашниот.

ОБРАБОТЕНА ПОВРШИНА Земјоделство мора да развива високопродуктивно производство од интензивни системи

Анализата на структурата на сеидбените површини која се однесува на дел од обработливите површини како и кај структурата на обработливите површини кај сите групи култури, како и вкупните засеани површини опаднати во споредба со 1991 година со перманентно опаѓање.

Како што се гледа (таб.2), вкупните посеани површини се помали денес во споредба со 1991 година, за 27,5%. Од ораници и бавчи од 522 илјади ха во 1991 година, 163 илјади ха биле угари и необработени, односно тие во период од 2002 година до 2016 година се намалувани па разликата помеѓу 1991 година и 2016 изнесува 28 илјади ха помалку.Меѓутоа, угарите  и необработените ораници имаат релативно повисоко учество во однос на посеаните површини (41,9% и 47,9%). Најголемо опаѓање (41,5%) имаат кај индустриските култури (инаку македонското подрачје се смета доста погодно за индустриски култури). Најмногу опаднале засеаните површини (по индустриските) ,градинарските, а фуражните во 2016 година биле посеани  на 8,3% поголема површина. Согласно условите во Македонија има оправдани причини, на сметка на житата  да се зголемуваат сеидбените површини под индустриски и градинарски култури.

ПРИМИТИВНО Некои култури се одгледуваат се уште примитивно

Таб.2  Движење на структурата на сеидбени површини

во 000 ха

Показател 1991 Средно

2002-2006

Средно

2006-2010

Средно

2010-2015

2016 1991=100

2016

Засеани површини вкупно 389 311,2 289,2 278,2 282,0 72,5
Од тоа

жита

237 195,4 179,4 163,8 168,0 70,9
Од тоа

индустриски

53 27,2 23,8 26,0 22,0 41,5
Од тоа

градинарски

61 52,6 51,0 51,8 52,0 85,2
Од тоа

фуражни

36 35,0 35,0 36,0 39,0 108,3
Од тоа

расадници

2 1,0 1,0 1,0 1,0 50,0
Угари и необра. ораници 163,0 149,0 135,6 135,4 135,0 82,8

(FAKTOR.MK)

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet