Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ПРОИЗВОДСТВО НА ДРОНОВИ

December 5, 2023 Filed Under: Македонија

Во Самоков ќе се произведуваат четири видови на дронови, дел за воени, дел за цивилни потреби

САМОКОВ Се активира старата фабрика замуниција

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа, истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска на заедничката прес-конференција од фабриката за производство на муниција во Самоков.

– Република Македонија под капа на Алијансата се чувствува безбедно, заедно со останатите земји-членки се грижиме за регионалниот и светскиот мир и безбедност, а активно придонесуваме во колективниот систем за одбрана. Буџетот на министерството за одбрана расте, од 1.75% за ова година, извесно е дека следната година ќе го достигнеме минимумот од 2% од БДП за одбрана кој беше договорен на НАТО самитот во Вилнус. За модернизација и опремување одвоивме над 30% од Буџетот за одбрана и со тоа го надминавме минималниот праг на НАТО (20%).

Во овие тешки времиња од пресудно значење е домашното производство на стоки и услуги и во одбранбени цели. РМ е високо ценет сојузник во НАТО, ова е порака добиена лично од Столтенберг, истакна Ковачевски кој откри ексклузивна вест, Македонија наскоро ќе почне со сериско производство на дронови.

– Многу скоро АТС АМО ќе започне со сериско производство на четири видови на дронови кои ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, кои ќе имаат висок дострел, ќе имаат соодветна носивост да можат да бидат опремени со соодветна опрема и кои ќе можат да бидат целосно произведени во РМ согласно сите НАТО-стандарди и ќе можеме да ги гледаме во воените арсенали на НАТО земјите, нагласи Ковачевски.

Министерката Петровска нагласи дека дроновите ќе бидат мултинаменски и дека Македонија ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа.

– Оваа компанија во моментов произведува 120 милиони парчиња муниција, а следната година ќе го зголеми производството и ќе достигне 250 милиони парчиња муниција, со што ќе имаме една од најголемите, ако не и најголема фабрика за муниција во југоисточна Европа, истакна министерката.

– Не би ги објавила техничките спецификации бидејќи дел од тоа се класифицирани информации, но дронот ќе биде мултинаменски, така што тие ќе имаат способност за испраќање во извиничко-разузнавачки мисии, но и оспособени за борбени дејствија и за употреба во цивилни цели, истакна Петровска.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet