Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ГИ „ПОВРЗУВААТ“ РУСКИТЕ ШПИОНИ

September 26, 2023 Filed Under: Македонија

Што велат Пендаровски и Петков за дејствувањетоп на путиновите шпиони во двете земји. Дали македонските соработки со западните центри за безбедност се поефективни?

ПЕНДАРОВСКИ Извештаите за дејствувањето на протераните дипломати се јасни

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка, вели дека сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статусот што им бил доделен при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква. Иако биле со статус дипломати, тие се занимавале со шпионажа, а според Пендаровски тоа го докажале и македонските безбедносни служби и партнерските служби од НАТО.

„Односите меѓу нас и Руската Федерација се на најниско ниво во историјата од познати причини. Во изминатите две години протеравме, без последните тројца, вкупно 18 руски дипломати кои беа со статус на дипломати а се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај како и последните три, нашите служби со помош на партнерските служби од НАТО алијансата, докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи, тие не беа дипломати и затоа беа протерани“, вели Пендаровски.

Тој додава дека Македонија немала друг избор, освен да ги протера.

Сите служби надлежни за тие работи кај нас, и таа за надворешно разузнавање и таа за внатрешно разузнавање, имаат извештај во однос на активности на тие тројца дипломати и одлуката на државниот врв беше неминовна, немаше ниту избор, ниту опција. Премногу е јасно дека не се бавеле со дипломатски активности онака како што предвидуваат Виенските конвенции, посочи Пендаровски.

ПЕТКОВ Како е можно Македонија да има подобри разузнавачки информации од бугарските, се прашува бугарскиот политичар

Не престануваат реакциите по новот случај на шпионажа во Бугарија, во кој вчера беа протерани тројца руски свештеници со образложение дека биле закана за нацоналната безбедност.

Поранешниот премиер и копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков жестоко реагира на како што вели, фактот што уште еднаш Софија од странски служби морале да откријат шпион во Бугарија..

Вели како е можно Македонија да има подобри разузнавачки информации од бугарските, алудирајќи на тоа дека уште пред 10 дена Македонија го прогласи рускиот свештеник Васијан Змеев за персона нон – грата, а Бугарија го протера дури вчера. Истиот веќе пет години дејствувал во Софија. Најавено е затворање на руската црква во центарот на Софија.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet