Амбасадорката на САД во НАТО за перспективата на Северна Македонија, како дел од Алијансата. Гласањето во макеоднскиот Парламент ги ослабува критизерските позиции на ВМРО ДПМНЕ

„Македонија се наоѓа во важна географска област, и го заокружува кругот во долниот дел на НАТО. Сакаме да соработуваме со Македонија во делот на реформи, и задоволни сме од досегашниот степен на демократски стандарди, но и во делот на владеење на правото во земјата“, изјави амбасадорката на САД во НАТО, при што ја истакна храброста на македонските лидери да најдат решение со Грција и земјата да стане членка во НАТО, откако и последната пречка, шпанската влада, ќе го ратификува Протоколот. Вели, ангажманот на САД на Балканот ќе продолжи.
„Особено поради руското непријателско влијание кога требаше да се гласа за членство на Македонија во НАТО, но македонскиот народ беше храбар и избра иднина во Алијансата. Ние се справуваме со кибернетски напади од Русија, но Северна Македонија наскоро ќе биде 30-та членка на НАТО, а САД се едни од најголемите поддржувачи на земјата“, изјави Хачисон.
Според амбасадорката, европските партнери се повеќе се наметнуваат во НАТО, и го зголемуваат придонесот во заедничкиот одбранбен буџет покрај заложбите од претседателот Трамп. „Алијансата сега е уште посилна. Сега сме 30-членки, со еден глас, за демократија, човекови права, владеење на правото. Безбедносниот чадор ќе овозможи поголеми економски можности за сите членки, изјави Хачисон.
„Најголеми закани за НАТО денес се тероризмот и руската агресија. Сакаме да ја одвратиме Русија да не зазема суверени територии, како што го сторија тоа во Украина и во Грузија. Сакаме Русија да биде партнер, но не може да заземаат други територии и да велат дека почитуваат норми на цивилизирано општество“, истакна амбасадорката на САД во НАТО.

Поранешната сенаторка од Тексас рече дека САД и сојузниците во НАТО секогаш ќе стојат зад демократијата и со нетрпение го очекуваат влезот на 30-та членка – Северна Македонија.
Пендаровски ја потпиша ратификацијата за членство во НАТО
Ова го чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше, нека ни е со среќа, рече шефот на државата кој денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
„Ова го чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше, нека ни е со среќа. Повели (пенкалото) за спомен од овој важен чин, да се собираме само за убави работи“, рече Пендаровски.
Откако законот ќе биде објавен во Службен весник тој стапува на сила. Но, тоа не значи дека Северна Македонија и официјално станува 30-та членка на НАТО. За процесот да се заокружи треба уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол, што може да се случи на почетокот од март.
Од минатиот вторник знамето на Алијансата се вее пред парламентот каде со 114 гласа „за“ парламентот го ратификуваше Северноатлантскиот договор.
„Се уверивме дека во Парламентот гласаа сите, вклучително и колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Се прашувам кој утре или задутре, повторно ќе заговара рушење на Преспанскиот договор и поништување на нашето членство во НАТО. Баш би сакала да го видам јунакот, кој после таков консензус, да ги поништи вчера дадените гласови во парламентот и оној кој ќе се дрзне да го поништи најголемиот успех од независноста до денес“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во февруари минатата година во Брисел беше потпишан протоколот за прием на С. Македонија во НАТО. За 12 месеци тој протокол го ратификуваа 28 земји-членки. Недостасува уште Шпанија.
Според него, светот денес се соочува со најголема поделба досега, меѓу оние што веруваат во демократија, и оние што сметаат дека диктатурата е ефикасна формула за владеење со модерните општества
На само неколку недели кога се очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО Алијансата, заменик – генералниот секретар на НАТО Мирча Џоана, од Вашингтон порача дека организацијата се соочува со глобални предизвици, особено од Русија и од Кина.
„Акциите на Русија се предизвик за нашите демократии, преку обиди да не` поделат, да го потценат нашиот начин на живот, и да предизвикаат недоверба во нашите вредности“, рече тој, потенцијарајќи дека се зголемува и заканата од Кина.
Според него, Кина станува потенцијален пазар за сите држави, во кои полека го наметнува и нејзиното политичко влијание.
„Кина бележи брз напредок. Таа е втора најголема економска сила во светот, и меѓу најголемите безбедносни сили. Кина неодамна промвираше континенетален проектилен систем што може да достигне до САД и Европа“, објаснува тој.
Нагласи дека овие предизвици се доволно комплексни државите да сфатат дека НАТО продолжува да биде апсолутно неопходна и мултилатерална институција.
Според него, светот денес се соочува со најголема поделба досега, меѓу оние што веруваат во демократија, слободен пазар и отворено општество, како и оние што сметаат дека диктатура и авторитарен режим се поефикасна формула за владеење со модерните општества.
„Ако останеме обединети, ако сфатиме дека заедно сме посилни, НАТО ќе опстане уште 70 години, и многу повеќе“. вели заменик – генерален секретар на НАТО.
А оваа Алијанса, рече тој, ќе им помогне на државите да изградат воени институции, одбрана и безбедносни организации.