Колку за погача имаме ама недостасува сол, пред се кај опозицијата која се ободува да ги користи своте партиски активисти на село дасе обидуваат да протестираат и тогаш кога светот е пред масовна глад
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Не многу одамна на една плажа во Струга бев сведок на лекции од аграр што еден селанец им ја одржа на своите синови и нивните пријатели. Изнервиран од веста дека ден од синовите ќе замине да работи во Штудгарт, веројатно на слабо платено работно место, привлечен од светлините на велеградот, старецот посебно беше погоден од тоа што ова е веќе втор син кој решил да оди во Германија (првиот заминал за келн), користејќи ја мометната потреба за евтина работна сила во моќната индустриска земја.
„Гравот има цена од 500 денари по килограм. Тоа никогаш не било така. Имам многу грав на моите ниви, немам со кого да берам! Телешкото оди по 10 евра килото, нема кој да ми помага околу говедата. Доматире, денес бев на пазар дојдоа до 120 денари килограм а еве скока и цената на медот, оди до облаците,. А еве цената на бензинот почна да паѓа, што значи се намалува трошокот за земјоделецот. Па кога било вака? Никогаш, толку добро за оние кои сакаат да живеат на село – заклучува струшкиот Албанец кој има свое толкување за овој парадокс: младите да бегаат од имотите токму кога тие стануваат „златни рудници“, како што вели. Тој ги обвинува снаите, што е една друга тема, но факт е дека, ако погледнеме надвор од оваа плажа многу лица кои живеат од земјоделието и сточарството едноставно се навикнати да се жалат постојано. Главно на државата, небаре работат во некој колхоз или совхоз или во задругите кои се основаа во 50-тите а бргу потоа и се затворија како неуспешен експеримент.
Факт е дека светот влезе во две глобални кризи – енергетска и криза за храна. И кај двете области дисторзијата настана со нападот на Путин врз Украина. И едната и другата земја се едни од главните извозници на храна на планетата (патем, и двете во вереме на социјализмот увезуваат многу храна бидејќи не можеа да се прехранат, да не речеме дека народот гладуваше а пресвртот настана после нецели две децении од транзицијата!). И светот се обидува да се заврти кон потенцијалите во производство на храна а каков-таков одек се јавува и тука, измешан на навистина амбициозните обиди на нашето министерство да ги сервисира тие обиди за покренување на нашите потенцијали и овде-онде диригираните (партиски без сом нение) настиојувања да се обезбеди „селска револуција“ кога градот се покажа апшатилчен во рушењето на актуелната власт.
Патем читам на Фејсбук оценка на еден скопски млад политиколог кој има викендичка на Скопска Црна Гора кој вели дека освен кај доматите – заради експеримент со туѓински семиња) сето друго родило максимално. И количински и со добар квалитет. Ова лето имало и вода и добар пазар и како што вели „срамно е да се појвуваат жалби“, мислејќи на аграрот, но и алудирајќи на политиканството кај селските партиски активисти на една партија.
„Заедно со проектите со Светската банка, со Германската развојна банка за модернизација на земјоделството, доаѓа еден период на големи капитални инвестиции на реформа во секторот, но и на враќањето на довербата заради тоа што македонската економија треба и може да се потпре токму на производството на храна и на земјоделството“ – изјави неодамна на Телма министерот за земјоделие Николовски.
Оттаму тој заклучи дека криза за храна и основни прехранбени продукти нема да има.
Министерот кажа дека секој треба да мисли и да се однесува морално и етички затоа што со парите на граѓаните сега се поддржуваат мерки и политики и затоа, како што додаде, целта е прво да се задоволат домашните потреби.
Тој посочи дека смета оти различните мерки за ѓубриво, за зелена нафта, земја за поддршка на земјоделците – ќе дадат резултати.
„Со поддршката на земјоделците за отежнатите услови или зголемените трошоци кои што ги имаат, ќе бидат компензирани од државата преку различен тип на мерки за ѓубриво, за зелена нафта, земја, дополнителна мотивирачка субвенција за сите оние што ќе остварат принос од 5 760 денари и развојни мерки сметам дека ќе дадат резултат заедно со ИПАРД кој што го почнуваме сега од кој заради успешните политики добиваме 62 проценти зголемен буџет. Во ИПАРД 2 имаме 60 милиони европски пари, а сега ќе имаме 97 милиони евра. Добивме одлука од Европската комисија. На крајот на годината очекуваме првиот повик во износ од 35 милиони евра за сите мерки да биде распишан, вели,
рече Николовски.
Интересен беше и дијалогот кој одговорни чинители во оваа област ја одржаа на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија Да кажеме формално темата беше „Земјоделско – прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза“, во организација на Европското движење.
И тука имаше излагање министерот Љупчо Николовски.
„Предизвиците можат да бидат големи и далекусежни. Одиме стабилно и со план, во постапка на носење мерки кои ги бараат или предлагаат земјоделците. Подготвен е Национален план за производство на храна, чија цел е одржливо и зголемено производство на стратешките земјоделски култури. Во Планот е содржана Програмата за интервентниот фонд, со која засега се планирани 400 милиони денари за интервентни мерки за поддршка на земјоделците – за помали трошоци, одржливо производство и стабилен пазар на храна на основните земјоделско – прехранбени производи. Вкупно 210 милиони денари се за финансиска поддршка во полјоделското производство, односно за интервентна субвенција за покривање на трошоците за набавка на вештачко ѓубриво, односно 4.000 денари по хектар дополнителна субвенција за вештачко ѓубриво добиваат производителите на пченка и пченица и 2.500 денари по хектар производителите на јачмен и сончоглед. Вкупно 190 милиони денари преку интервентниот фонд се за финансиска поддршка во сточарското производство, а има и нови мерки за поддршка на сточарите. Обезбедена е интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми. Се воведува и нова интервентна субвенција во висина од 60 денари по несилка, која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на консумни јајца.
Според него, ниту една обработлива површина не смее и нема да остане незасадена, особено не во вакви кризни времиња. Храна и житни култури мора да има. Затоа, во владина постапка влегува објавата на нов јавен оглас за доделување државно земјоделско земјиште под закуп, односно наменски оглас за земјиште наменето за производство на пченица, пченка, јачмен, сончоглед и добиточна храна, информираше Николовски.
И шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин, смета дека пандемијата претходно, а сега и кризата што ја наметна руско-украинскиот конфликт покажаа дека системот за производство на храна мора да се трансформира во одржлив, но треба да се сменат и навиките на купување – храната да не се фрла и правилно да се складира.
„Добро е да видиме кои биле проблемите и пред кризата, која ја покажа ранливоста на нашите системи за храна. Во пандемијата, синџирот имаше проблем со работници, карантин на вработени, промени во побарувањата, навиките, транспортот, логистиката. Производителите мораа да ги приспособат своите навики кон санитарните и мерките за хигиена. Но, по завршувањето на пандемијата, сега се соочуваме со поголем предизвик – војната во Украина. Имаме големи скратувања, цените раснат зашто се купува храна од паника“, Худолин.
Тој посебно укажа на фрлањето храна во светски рамки, а на земјава и порача да се адаптира на скратените набавки што ги наметна кризата, како и да направи подобри системи – профитабилни за земјоделците и корисни за граѓаните.
Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, се осврна на т.н. економска дипломатија. Тој ја пофали земјава дека одлично го сфатила значењето на овој концепт.
„Концептот на економска дипломатија, воведен во последната декада, Северна Македонија многу добро го разбра и почна многу иницијативи и проекти во овој правец. Во време на криза оваа дисциплина добива ново ниво на значење. Економската дипломатија мора да го пренасочи фокусот и преку пренасочување на синџирите за набавка на храна да му помогне на земјоделскиот сектор да ја преживее кризата, земјоделците да продолжат со своите мисии и да обезбедуваат основни производи за живот, рече амбасадорот Маркуш.
Во контекст да се поттикне намалувањето на загубите на храна во целиот синџир беше и една од препораките на денешната дебата, како и да се активира локалната самоуправа, односно општините во системот на храна и да се дополни списокот на производи што се чуваат во стокови резерви како на пример ориз.
Професорот од Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски, пак, смета дека државата ќе треба посериозно да интервенира за да се замени сегашниот увоз кој е сериозен, со домашно производство.
„Руско-украинскиот конфликт нема да има некоја посериозна улога, но ќе влијае индиректно, врз порастот на цените на земјоделско-прехранбените производи. Во овој момент, нема простор за посериозна интервенција, освен да се нормализира увозот од Србија, како што е најавено, пред сè на пченицата и на сончогледовото масло за јадење. За на среден и подолг рок ќе треба да се направат сериозни анализи и стратегија за храна, како и програма за функционирање на целиот систем во услови на криза“, рече професорот Димитриевски.
Она што треба да се свати сериозно во однос на опсервациите на ЕУ на Македонија е фактот дека земјава мора да внимава на фактот дека тука се уште се фрлаат енормни количества на храна. Тоа, пред се во овиер услови, кога сакаме да обезбедиме доволно храна за населението треба да се сварти како преземање на мерки таа фрлена храна да заврши некаде, на нечија трпеза! И тоа е типична европска филозофија на која треба да се навикнуваме.
И пак да не заборавиме – ние ниви и пасишта имаме, немаме доволно луѓе што би ги ставиоле нив во функција.