Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНИЈА КАКО ЗЕМЈА НА МОНСТРУМИ!

May 6, 2026 Filed Under: Македонија

За шест години, над 600 деца биле силувани или полово нападнати – најмалата жртва била помала од три години – извештај на народниот првобранител

ГОСТИВАР Вработен во основно образование во подолг период принудувал и потоа силувал малолетничка шок во јавноста

Поразителни бројки за сексуална злоупотреба покажуваат наодите од анализата на Народниот правобранител за сексуална злоупотреба на деца. Над 600 деца, најмногу од нив под 15 години, биле силувани, полово нападнати или принудени да живеат во вонбрачна заедница со возрасни луѓе во период од шест години, односно од 2020 до 2025 година.

Жртви биле и деца под десет години, а најмалото сексулано злоставувано дете имало под три години.

– Во периодот од 2020 до 2024 година се евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца од кои 455 се девојчиња како и 53 момчиња. Најголем дел од случаите се однесуваат на тешки кривични дела како силување на дете под 15 години, 186 случаи, полов напад и силување се 99 случаи и вонбрачен живот со дете сe 96 случаи. Во 2025 година евидентирани се нови 96 деца – жртви на кривичното дело против половата слобода и половиот морал од кои 88 девојчиња, 8 момчиња. Повторно најчесто регистрирано кривично дело е силување на дете под 15 години со 48 жртви. Иако сексуалната злоупотреба на деца генерално ги засега девојчињата, податоците потврдуваат и дека жртви се и момчињата при што е можно реалниот број на машки жртви да е поголем со оглед на потешкотиите на пријавување поради срам, стигма и социјалните норми. Останати евидентирани дела се полово вознемирување коешто е пријавено 30 пати што е пораст од 2022 година, натаму прикажување на порнографски материјали, производство и дистрибуција на детска порнографија и родосквенравење – изјави Државниот советник во канцеларијата на Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа.

Најголем број на жртвите се деца на возраст од 11 до 15 години, околу 90 отсто се девојчиња, додека пак според етничката припадност, најмногу се од македонска и ромска националност.

Ваквите случаи најмногу ги пријавувале родителите, медицинските установи, а поретко образовните институции и Центрите за социјална работа.

Само о текот на претпослаениот викенд – како илустрација – имаше  два тешки случаи на сексуална злоупотреба на малолетни девојчиња што ја потресоа македонската јавност. Во првиот случај, 58-годишник од Скопје на 15 април силувал и фотографирал 13-годишна девојка. СВР Скопје поднесе кривична пријава против осомничениот за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”, казниво по Кривичниот законик на РСМ.

Вториот случај го открило Обвинителството и се однесува на 28-годишник вработен во основно училиште во Гостивар, кој манипулирал со 14-годишничка преку социјалните мрежи. Осомничениот го наговорил детето да му испрати сексуално експлицитни фотографии и видеа, а потоа ја уценувал со нивно објавување доколку одбие да излезе со него. Девојчето прифатила средба, по што осомничениот ја однел во куќа во гостиварско каде ја силувал. Кога овој месец таа го одбила новиот обид за уцена, тој ги објавил материјалите на социјална мрежа. За силувањето е предвидена затворска казна од најмалку 8 години, а за објавување на експлицитните содржини – од 3 до 10 години затвор соред законот воведен во февруари оваа година.

Родителите и стручната јавност алармираат за растечкиот тренд на сексуално вознемирување на малолетници преку интернет, нагласувајќи дека станува збор за сериозна форма на насилство која тешко се детектира. Се повикуваат вработените во образовните институции на поголема будност, навремено препознавање и пријавување на вакви случаи, како и на засилена превентивна улога.

 

Filed Under: Македонија

СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ОЧИТЕ НА БИ-БИ-СИ
КОЈ ГИ ДЕГРАДИРА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
УНГАРСКИ НОВИНАР: ВЕРОЈАТНО Е ОЛИГАРСКИТЕ БЛИСКИ ДО ОРБАН ДА ГОСЕЛАТ КАПИТАЛОТ
ЕДНОСТАВНОСТА НА УБАВИНАТА: НОВИОТ БРАН Е ВИНОВЕН ЗА СЕ”
ПРЕСВРТЕН МОМЕНТ ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО САД

Најново

  • СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ОЧИТЕ НА БИ-БИ-СИ
  • КОЈ ГИ ДЕГРАДИРА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА?
  • УНГАРСКИ НОВИНАР: ВЕРОЈАТНО Е ОЛИГАРСКИТЕ БЛИСКИ ДО ОРБАН ДА ГОСЕЛАТ КАПИТАЛОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet